Откријте го Мариово

Кинисала Неда
долу по реката,
гope по лаката,
киски да набере,
киски зелен здравец
и жолта јагличка.

Таму нагазила
до три самовили,
до три самосутки.
Прва самовила
веле и говоре:
-Ваја ми е Неда
Мојата брачеда!
Друга самовила
веле и говоре:
-Ај да и земеме
нејни тенки гласје!
Треќа самовила
веле и говоре:
-Ваја ми е Неда
Верна посестрима
Ништо не и права
Назат ќе ја врата,
До мојата мајка
Нејзе да и каже
Да ме знае мајка
Да не су од бога,
А од самовили!
 .
 Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Доќа Марчевска, родена 1908 година во с. Груниште, омажена во селото;а 1954 имаше 46 години.
Вид на песна: самовилска

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu