Откријте го Мариово

Кинисала руса Доќа
приквечер на вода;
кинисало лудо младо
потскокум по неа:

-Постој, постој, русо Доќе,
нешто да те прашам,
дали имаш, русо Доќе,
чевли за Велигден?
-Имам немам, лудо младо,
што ти гајле имаш,
татко ми е пазарџија,
татко ќе ми купи!
-Дали имаш, русо Доќе,
колан за Велигден?
Имам немам, лудо младо,
што ти гајле имаш,
имам брате пазарџија
оно ќе ми купи!
-Дали имаш, русо Доќе,
грибни за Велигден?
Имам немам, лудо младо,
што ти гајле имаш,
мајка ми е на пазарот
она ќе ми купи!
-Дали имаш, русо Доќе,
либе за љубење?
Имам немам, лудо младо,
што ти гајле имаш!
-Имам, имам, русо Доќе,
сакам да те земам!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Неда Здравевска, родена 1910 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1953 година имаше 43 години.
Вид на песна: љубовна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu