Откријте го Мариово

Киниса моме на вода;
темни ми магли паднаја;
моме патишта загреши,
фатило моме планина,
кај Димковото бачило.

Димко си стадо молзеше;
Димко си вели говори:
-Што е ова добро до мене,
дал да го речам за либе,
дал да го речам за сестра!
Кога ми рече за либе,
тешки камења паднаја,
крвава роса зароси;
кога ми рече за сестра,
ситна ми роса зароси,
летно ми сонце угреа!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Менка Таневска, родена 1907 година во с. Брник, а омажена во с. Долно Ореово Битолско; кога ги запишував песните (1959) Менка имаше 52 години.
Вид на песна: овчарска

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu