Киниса Стојан, киниса,
со руди овни кановни,
во Солун да ги продава,
поскапа цена да сака.
На пат си најде градина
со нови колје градена,
петлови перја сплетена,
секакво цвеќе во неа
и негде годе каранфил,
каранфил црвен трендафил.
Што го догледа девојка
од високите дивани,
од широките пармаци:
-Стојане, луда делијо,
немој ми бери цвеќето,
немој ми грди градина!
-Девојко, мори девојко,
ела поблизу до мене,
ти цвеќе да ми набереш.
Што се излага девојка
та што отиде в градина,
па што накина цвеќина,
киската му ја подаде;
тој не се фати за киска,
ами ја фати за рака
и дома си ја однесе.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач: БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Неда Здравевска, родена 1910 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1953 година имаше 43 години.
Вид на песна: овчарска