Откријте го Мариово

Кинисав дода на гости
кај мојата љубовница,
самичка била заспала,
как да ја боже разбуда?

Сос вино да ја потура
страв ми е дан се опие;
седнал сум да се помисла,
как да ја боже разбуда,
с ракија да ја потура
страв ми е дан се јуплаше;
седнал сум да се помисла
как да ја боже разбуда,
со вода да ја потура
страв ми е да не измрзне;
седнал сум да се подумам
как да ја боже разбуда
сос рака да ја потргна,
страв ми е да не извикне;
седнал сум да се подумам
как да ја боже разбуда,
кроце сум легнал до неа,
слатко сум заспал до неа.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Менка Таневска, родена 1907 година во с. Брник, а омажена во с. Долно Ореово Битолско; кога ги запишував песните (1959) Менка имаше 52 години.
Вид на песна: љубовна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu