КИНИСАЛА МОМА ЖЕЛКА – лирска песна

Booking.com

Кинисала мома желка
во сабота на работа,
при орачо, при копачо.

Ми кренала зелен зелник,
зелен зелник коприварник.
На пат срете лоша среќа,
лоша среќа момче еже,
што потскокна па ја бакна,
што подрипна и ја штипна.
Ми тргнала на судија,
на судија, при кадија:
-Слушај ваму ти судија,
ти судија, ти кадија,
криво седи, право суди,
си кинисав на работа,
на работа во сабота,
при орачо при копачо,
што ме срете момче еже,
што потскокна та ме бакна,
што подрипна та ме штипна!
-Ај од тука, мома желко,
така прават ергените!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Ристе Ристевски, роден 1903 година во с. Старавина. Беше оженет и живееше во с. Груниште; тогаш (1953) имаше 50 години.
Вид на песна: хумористична

Booking.com