КИСЕЛИЦА – RUMEX ACETOSA (ШТАВЕЉ – RUMEX PATENTIA, КИСЕЛЕЦ)

Booking.com

Киселицата е повеќегодишна зељеста билка, која има разгранет ризом и стебло, високо до 50 см.

Лисјата во основата се со долги лисни дршки, долгунести и прави. Цветовите за зелени по боја и се собрани во соцветија на врвот на билката. Плодот е лушпеста чушка.
Киселицата расте на влажни места до 2000 метри надморска висина.

kiselica

УПОТРЕБА:
За лек се користат пресни или исушени лисја и надземниот дел од билката.
Киселицата се користи како додаток на разни јадења, за подобрување на вкусот, а е богата со витамин Ц, добра e за слабокрвност и за зголемување на апетитот.
киселицата се употребува против хиповитаминоза Ц и авитаминоза Ц, ја подобрува работата на цревата, жолчката и црниот дроб, против пролив, запек, цисти, чиреви во уста, ждрело и желудник, запирање крварење при преобилна менструација.
Се употребува како зеленчук, како и за кожни заболувања и јадежи. За истите цели се користи и штавето. киселица и штавељ да не се употребува во големи дози, а болни од бубрези воопшто да не земаат.

 

Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски

Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com

lekoviti-rastenija-kniga

Booking.com