КЛЕНЅА – Игра за деца од Мариово

Booking.com

Учесници: Две деца или младинци.

Материјал: За секој учесник по едпо стапче од околу 50 см и едма клепѕа (стапче од 10-15 см на краевите искосена од спротивните страни).

Опис на текот па играта: На едно обележано место се копа дупка со димензии 30 х 30 х 10 см) – наречена огниште. Играта почнува па тој начин што (по договор) едниот учесник стои на “огништето” и брани со своето стапче да не влезе “кленѕата” во огништето, додека другиот играч ја уфрлува од определеното место. Ако успее тој ја презема играта, а ако не успее ја уфрлува кленѕата другиот играч. Тоа е така додека еден од учесниците не успее да ја уфрли кленѕата вo “огништето”. Штом кленѕата влегла во “огништето” тогаш тој што ја уфрлил го става своето стапче на “огништето”, а другиог играч на растојание од 3-5 м го гаѓа стапчето. Ако го погоди се менуваат улогите, но ако не го погоди стапчето, тогаш оној што “лежел” ја удира кленѕата до 3 пати настојувајќи што подалеку да стигне. Потоа со стапчето мери колкаво е растојанието до “огништето”. Притоа секои 10 стапа се сметаат за 1 крија. Потоа ги менуваат улогите. Победник е оној којшто има повеќе крии.

Играта има натпреварувачки карактер. Поради тоа секој учесник пастојува да биде победник.

Co оваа игра се стимулира брзото сензомоторно реагирање и прецизното перцепирање.

 

Преземено од:

„ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ ИГРИ НА ДЕЦАТА ВО МАРИОВО“

Автори: Стојан Ѓуровски, Прилеп

Стојан Дарковски, Скопје

Ристо Сукаровски, Битола

„Фолклорот и етнологијата во Мариово и Меглен“ – Зборник на трудови издаден 1994г

Booking.com