Книга му дојде на Тодор,
од негов милни побратим,
од тој Мицета Касапов:
-Как знаеш Тодор да дојдеш
на добер ден на Велигден;
ќе јајме јагне печено,
со ситен шеќер солено,
со суво грозје качено!
Тодор се спрема да оди,
јавна си коња киниса.
Жена му вели говори:
-Тодоре седи не оди,
три села ти ги осами,
три мајки плачат од тебе,
три жени има вдовици,
три деца има сираци!
Тодор си жена не слуша,
отиде града Солуна,
кај негов милни побратим,
кај тој си Мицко Касапов.
Седнале јагне да јадат,
јагне да јадат печено,
со ситен шеќер солено,
со суво грозје качено.
Солунци итри дабоки,
со лага ми го презеа,
на чингил ми го врлија;
Тодор од чингил говори:
-Олајки мајки и сестри,
дајте ми вода студена
устата да си оладам,
срцето да си угасам!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач: БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: арамиска