Откријте го Мариово

Девојко, бела Марије,
Што сношти много седовте,
Што мили гости имавте:
Али ви беја роднина?
Али ви беја стројници? —

 

Деј, ѓиди, лудо и младо,
На мајка беја 6paќa ји,
На татка беја шуреји,
Мене и тебе вујчеви! —

Девојко, бела Марије,
Лажи го кого да лажиш,
Мене не можеш да лажиш:
Са ноќ сум седил на баџа,
Са ноќ сум гледал сејири!

Кога ти прстен даваја,
Тргнав да удрам мајка ти, —
Па жал ми падна за тебе!
Кога ти чејли даваја,
Реков да удрам татка ти, —
Па жал ми падна за тебе,
Ќе си посмрсиш лицето!

Са ноќ ме стреји капале,
Са нoќ ме пците лајале!
Кога ти венец клаваја,
Тога сум стојал на врата,
Реков да удрам брата ти, —
Па жал ми падна за тебе,
Ќе си посмрсиш лицето!

Извадок од:
Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu