Извориштето на Коњарска Река се наоѓа под Кајмакчалан, до границата со соседна Грција на надморска височина од 2.260 м.
Коритото е насочено кон запад, а целиот слив е формиран во шумско подрачје. Во Црна Река се влива под ридот Врх на надморска височина до 550 м. Долга е 15 км, зафаќа сливна површина од 63 км2 и има релативен пад од 114‰, кој се вбројува меѓу најголемите во Македонија.
Текст:
Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство на Република Македонија