Откријте го Мариово

Коња вода по студена вода,
коњ ме носе низ момини двори.
Во дворјето ништо ми немаше,
угу една, завал, стара баба.

Она веле на нејната ќерка:
-Варај Недо мори мила ќерко,
што е лудо низ двор поминало,
да су мома би го заљубила,
да су млада јас би си го зела!
-М’лчи мајко уста да ти капне,
ка го љуба време три години
никој мене не ме опикаса,
угу мојта, завал, милна стрина
и на неја плату и наплату,
на Велигден едно рало чели,
на Ѓурѓовден едно рудо јагне.
 .
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Доќа Марчевска, родена 1908 година во с. Груниште, омажена во селото;а 1954 имаше 46 години.
Вид на песна: љубовна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu