Копа, копа Пена до пладнина,
од пладнина Пена се разболе,
си го крена Пена мотичето,
мотичето, Пена, преку рамо
си отиде Пена дури дома.
-Јас не можам мајко да ти копам,
јас ќе одам мајко на сколија!
И си тргна Пена на сколија.
-Добро утро црн даскале!
-Дал бог добро мрзла Пено!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач: БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Марчевски, роден 1930 година во с. Груниште, тогаш (1953) имаше 23 години.
Вид на песна: хумористична