Копарот е едногодишно растение, високо до 1 метар со сино-зелени перјести листови.
Цветот е жолт во форма на штит, плодовите се со јајчеста форма и ребрести.
Билката се култивира, но ја има и како дива.
УПОТРЕБА:
Копарот има ароматичен мирис и вкус и се користи како зачин и здрав зеленчук, a има слични својства како ананасот и кимот.
Копарот се употребува за лекување на дишните органи, против кашлица, бронхитис, болки во желудникот и цревата, против икање и повраќање, против несоница и смирување, за подобрување на млекото кај доилките и друго.
Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски
Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com