КОПРИВА – UTRICA DIOICA

Booking.com

Копривата е повеќегодишно зељесто растение, со право неразгореното стебло во висина до 1,5 метар.

Лисјата и се наспротни, со долги дршки, назабени и на врвот остри. Цветовите се ситни, зеленкасти и собрани во соцветија, на изглед на реси. Билката е обрасната со остри, цврсти влакна што боцкаат.

 

УПОТРЕБА:
За лек се собира надземниот дел, листот, семето и коренот.

kopriva

 

СОСТАВ:
Копривата содржи: витамин к, Ц , Б, фолна киселина, провитамин а, железо, магнезиум, калиум и многу други витамини, минерали и корисни материи. во народната медицина, копривата е една од најценетите билки. Таа се користи како здрава храна, а и за лекување на голем број заболувања.
Се употребува како средство за запирање на крварења од внатрешни органи, матка и хемороиди. воспаление на јајници (анексите), егзем, главоболки, лекување на бубрези, камен и песок во бубрези и мочни патишта. Болести на жолчка и црн дроб, воспаление на бели дробови, слабокрвност. Болести предизвикани од вируси и бактерии, поленска грозница и сл.
Копривата, исто така, се користи за лекување на реуматски болести, гихт, ишијас, артритис. Замор, исцрпеност, анемија, бледило и тешки болести на крвта. За циркулација на крвта и за срце, прочистување на организмот, против сите видови на алергија и шеќерна болест.
“ Kога би знаеле луѓето, колку е корисна копривата, во нивите не би одгледувале ништо друго, освен коприва ” – народна поговорка.

 

Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски

Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com

lekoviti-rastenija-kniga

Booking.com