Откријте го Мариово

Слуга служи Крале Марко,
Слуга служи Свети Ѓорѓија;

Си покани гости, пријатели,
Как’ ја кани, така му дојдоа;
Ји нареди две чесни трпези,
Стред трпеза Марковата мајка.
Гости пијат и разговарајат:
„Блазе си му на Крале Марка,
„Блазе си му што богатство има,
„Што си има вело домаќинство;
,,Уш’ да има риба од Орида,
„Како него никој ќе немаше!
Ји дочула Марковата мајка;
Как’ легнале гости да си спијат,
My кажува Марковата мајка,
My кажува на Крале Марко:
„Марко, сине, многу те валија,
„Те валија гости со богаство,
„Со богаство ем со домаќинство;
„Уш’ да беше риба од Орида,
„Како тебе никој ќе немаше!”
Как’ ја дочул Крале Марко,
Вјана јунак коња пеливана,
Ќе ми оди во Орида града,
Ќе ми земи риба од Орида,
Ќе ми земи утре за на ручок.
Што киниса од Вароша града,
Што киниса по поле широко,
Ми угреја једна јасна дзвезда,
јасна дзвезда од каде Крушово.
Изговори Крале Марко:
„Оди, коњо, волко да те јади,
„Ми угреја дзвездана Деница!”
Изговори Марковата коња:
„Дејди, море, Крале Марко,
„Од опако дзвезда не угрева;
„Таја дзвезда нешто нишанлија!”
Уште малко Марко ми пооди,
 Го причека незнајна делија:
„Бог помага, незнајна делијо!” —
„Дај Бог добро тебе како мене!
„Каде одиш ноќе на пол ноќа?”
Изговори незнајна делија:
,Јаз ќе идам во Вароша града;
„Марко служи Свети Ѓорѓија,
„Ми поканил свите пријатељи,
„Ама мене Марко не ме кани;
„Јаз сум Дино, Дино Арнауче,
„Ќе м’ расипем чесните трпези!”
И помина, малко ми замина,
Ами Марко не му се кажува,
Оти ми се завал уплашило.
Изговори Марковата коња:
„Дејди, море, Крале Марко,
„Кажуј му се, Марко, не го пуштај,
„Ќе т’ расипе чесните трпези!
My извика Крале Марко:
„Ајде, Дино, Дино Арнауче,
,Јаз сум Марко од Вароша града,
„Јела овде да се обидиме!”
Ми се врати Дино Арнауче;
Се удрија со добрите коње,
Марков коњо бели пејни врла,
Динов коњо силен огањ гори;
Се удрија со острите сабји,
Се сорани Марковата сабја;
Се ватија со јуначки раци,
Ами Дино појунак ми беше!
Што ми падна Крале Марко,
Ми извади Дино остра сабја,
Да на Марка руса глава сечи.
Изговори Крале Марко:
„Дејди, море, Дино Арнауче,
„Кој ќе види, кој ќе те завиди,
„Оти и ти јунак си погубил,
„Си погубил јунак над јунака?
„Однеси ме во Илино Село,
„Кај онаја крчмарица Мара;
„Три години вино там’ сум пило,
„Баре пара ич не сум ја дало!”
Се излага Дино Арнауче,
My заклучи Марковите раци,
Го поткова под добрата коња,
Го занесе во Илино Село,
Кај онаја крчмарица Мара.
Изговори крчмарица Мара:
„Дели Дино, дели побратиме,
„Три години кај го чекам Марка,
„Да ми плати вино што попило,
„Што попило три години време;
„Дај го ‘вамо, да му се наплатам!”
Го довати Крале Марка,
Го заклучи во земни земници;
Ми отиде во горни одаји,
Да на Дино каве да му вари,
И му тури од билки коренки;
Како пило, тако ми заспало,
Ми заспало Дино Арнауче.
Брго стани крчмарица Мара,
My обиде свилени џепови,
И му бара клучеви отвори,
Да отклучи Марковите раци.
Ма не најде кај Дино отвори,
И отиде во земни земиици,
И отиде, Марка му кажува:
„Ово куче проклето је било,
„Не му најдо свилени отвори!”
Изговори Крале Марко:
„Посестримо, крчмарице Маро,
„Иди, барај во коњова грива!”
Па се врати крчмарица Мара
И ми слезе темна коњушница,
My посегна во коњова грива,
Там’ ји најде свилени отвори;
My отклучи Марковите раци,
Бели раци, бели ем пребели.
Што излезе Крале Марко,
My допадна Дино кај што спило,
“My заклучи нему бели раци,
My заклучи и раци и нози,
И му вика Дино да го буди:
„Стани, Дино, стани, Арнауче!”
Дино поче, ама не станује,
И му текна оти је заспало:
Марко било стара маѓесница!
Изговори Дино да зборува,
Изговори, Марка му кажува:
„Побратиме, Крале Марко,
„Побратиме, мој Свети Јоване,
„Однеси ме во Дебера града,
„Там’ си имам големи завмети.” —
„Ич не збори, Дино Арнауче,
„Јаз од место не те поместујем.”
My посегна Диновата сабја,
 Мавна Марко со острата сабја,
My пресечи црномурна глава.
„Здраво-живо, крчмарице Маро,
„Здраво-живо, мила посестримо! —
„Дај Бог добро, Крале Марко,
„Дај Бог добро, мили побратиме!”
Марко вјана коња пеливана,
Тамо-амо низ гора зелена,
Ми отиде во Орида града
И ми зеде риба од Орида.
Тамо-амо по бели друмови,
Кога стаса во Вароша града
И донесе риба од Орида,
Уште солнце не ми је болцнало,
Уште гости не му станувало,
Уште спијат гости, пријатељи!

Извадок од:
Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ

 

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu