Краље Марко владејал по Земја со Божја сила, дури немаше једно време, кога се сторило дупено железо. Једен ден се прошетал Марко во гората.
Најде тамо једен овчар. Тој носеше пиштол. Го видел Марко и му рече: „Заошто ти је тој дупено железо?” — „Овоа дупено железо може да го убије човек!” — „Ќе ја дигнам рака јаз“ Марко рекол, „да ли ќe ми ја продупи?” Марко дигнал рака, овчаро тргнал, згрмел и му продупнал раката! Кога видел таја сила, Марко му рекол на овчарот: „Слушај, синко, до сеа имаше јунаци, а од сега ќе нема веќе јуначка сила да шета по Земја!”
И Марко си отиде дома. Направил тупаните да буваја на ветер. Си го ковал коња наопако. И једна ноќ, со силните ветрови, со темните облаци, со Божјата сила, се вознесол од Земја на оној свет како светија дуф! Колко јуначка сила имал, три години Турците не влегле во Прилепа, во негови куќи! Марко је потегнал право на оној свет. Има нишан, на некоји мраморен камен, каде је слегол во Чепиговско Поље на оној свет. Тамо имало нишан кај што слегол,а отуа Бог знаје кај отишол: се сторил светија дуф, светец, божествени човек, и си о’шол жив кам Бога да живеје со Божја сила!
Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)