Откријте го Мариово

Краље Марко требе да је змео со Божја сила. Змеови, тије се свеци; прописни луѓе, ами со Божја сила. И за тоа се примнати од Бога. Много се лични.

Грд али грдомасен змео не мож’ да биди. Сите се лични, убави, како сам Господ! И Марко је бил личен, убав, та не можеше повеќе да биди!
И тије старите змеови, од преди Марковото време, и тије се од мајка родени; не се од земја. И во нашето место, во Маријово, има родено змео. Маријовски змео је роден во Пештани, дамно време, уште кога Марко одеше со Господ по Земја. Ќe го виделе, кога се родил, и он о’шол во езеро да живеје.
Змео ‘вака се раѓа. Некоја чупа да остане тешка, ами да је праведна, како Богородица, со Божја сила, и ќe се роди змео. Ако пак некоја жена од змео остане тешка, змео ќe се роди, ако је машко; а ако је женско, самовила ќe биди. Змео светец ќe биди, а самовила светица; ќe имат Божја сила и ќe идат кам Бога. Уште кога ќe се роди, змео крилја има; инако човек како сите луѓе. Ами за шес недели човек да не го види; ни од куќа никој домашен да не го види. Угу мајка му да го знаје детето, друг никој.
Мајка му да го гледа, да го капи и да го рани, и на шеста недела тоа ќe лет ва веќе. Ако го види човек до четиријесе дена, тој змејче ќe умри. А после нема да умри никогош, довек ќe живеје, оти Божја сила има; за тоа и Краље Марко неје умрен, се вознесол кам Бога! Кога летва змео, право во јоблаци ќe оди, а во езеро ќe живеје; ќe помага на јоблаци дож да врни, таласи да креват; ќe се капи во езеро и сила ќe тера. На змеови помагат самовили; тије се побратими и посестрими.
Змеови имаја голема јуначка сила, Божја сила, и за тоа Бог ји примнал кај него. И Краље Марко, јунак над јунака, вистина је змео! Тој умрен не се поменува! Он сам је зел Божја сила: пил бесмртна вода, орлова вода, таја вода што нема умор. Бесмртна вода има некаде, до некој крај на самовилски рид, каде се бијет два кам’на, два рида кај што се састават. Од тој извор, од бесмртна вода, човек вода да се напије, тој нема да умри: ќe има Божја сила, ќe биди змео! Бесмртна вода угу орлите ја знајат, орлите ја пијат; друг никој не мож’ да ја најди. И орел умор нема.
Од бесмртна вода, од неја, Краље Марко вода се напил, и денеска уште је жив во Божјата сила! Краље Марко, много силен, со јуначка сила је прошол до бесмртна вода, ја нашол таја вода и ја пил; за тоа Божја сила си има, бил јунак над јунака, и за тоа уште је жив, нема да умри!
Краље Марко је примнат од Бога со сила. Марко и Свети Илија, угу тије двајица свеци, се ошле живи на Бога! Некој пат си шетал Краље Марко со Господ по Земја, a сеа си седи кај Бога на оној свет. Коа ќe дојде времето, Краље Марко јопет ќe си дојди кај нас, на Земја, да си види есапо!

 

Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu