Кравица – месност во Мариово

Booking.com

Кравица е вулканска карпа дел од мариовско-кајмакчаланската вулканска област, која била активна на територијата на Република Македонија пред повеќе од 2 милиони години.

Според легендата, некогаш во минатото на врвот на карпата се отелила некоја крава, па оттаму доаѓа и името на една од најзабележителните локации во Мариово – Кравица.

Со наморска висина од 1160 м, Кравица лесно може да се забележи скоро од поголемиот дел на Мариово. Лоцирана околу 400 метри во Грција, истата е тешко достапна од македонска страна.

kravica mariovo

До месноста Кравица води запуштен и тесен планински пат тешко прооден дури и со теренско возило, и тоа единствено во летните месеци од годината.

Некои делови од стариот пат се непроодни поради големиот број на попаднати дрва, па така доколку посетителите не го познаваат добро теренот може лесно да се загубат или пак да заглават во дивите терени на Мариово, во кои нема ни телефонски сигнал.

Благодарение на погодните природни услови и денес на ова место од Грчка страна постои активен сточарски живот, како контраст на потполно запуштениот терен од македонска страна.

Самата локација била важно стратешко место во текот на Првата светска војна, а во близина  се наоѓа и месноста Добро Поле, каде во септември  1918 г е пробиен Македонскиот фронт.

Здружението ОFF ROAD Macedonia (линк…), е едно од ретките кои организираат џип екскурзии во овој дел на македонија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Booking.com