КРПЕН ЖИВОТ – СТАЛЕ ПОПОВ – ЦЕЛА КНИГА – ДЕЛ 3/4

Booking.com

Доста рожденката веќе не криеше оти на „друг ред е”. Co првите есенски дни си легна на зимната работа. Волната си ја попари навреме, ноќе ја исчепка, завлачи, за да може дење да преди. Оти, не за бадијала мариовките велат „разбој — разбола”, а „вурка прошетка”. Разбојот и влачењето сакаат седење на едно место, а со фурката може и на вода и в комшии да се прошета и да не губи од работата. Таа си напреде предена што и беа потребни за идниот „нов човек”, нешто даде на откуп да и се испреде, каде за сирење, каде за сланина, и така, уште божиќни пости си ги иска пелените. И, остана најглавната грижа — долни крај да помине со здравје. И тоа дојде. Десет дена по св. Атанас се издутна уште едно дете со половина маки од оние кога и се стигна Нешка, оти веќе имаше едно искуство пред ова, и кога стрина Маловица, со радосен глас извика — „машала, машала, ерген невесто Доста!” — на Доста и навреа солзи радосници. Стисна заби од болките и ја развлече устата да се насмее.
— Сполај ми ти, бре боженце, оти толку милост си имал спрема мене! — и се испружи да здивне од тешката напрегнатост.
По некој пол саат, полекаполека си отиде горни крај, помагана од стрина Маловица, и се спружи крај оган, надолу со главата, како полани кога и се роди Нешка.
Баба Маловица ја „бабуа” Доста до трите дена, го капа малиот ерген, нарачува на трите вечери и на сповојницата главната работа по дома таа и ја сврши, бидејќи Митра беше одамна и јавно оладена од Доста.
Се собраа пак на крштење роднини и пријатели, a нунката Милошка не го погреши и ова име. На поп Трајка во црквата му каже име „Стојан”. Татко му на Илка се викал Стојан и секој син треба да го поднови неговото име. На Доста и се бендиса името и покрај Нешка, сега си имаше и Толе. Токму како другачка и Бојана што си имаше покрај Вилка и Толе.
И продолжи да си ги гледа како секоја мајка рожбите.
Арно ама, мислата, зародена уште на чардакот на вториот ден на Велигден, дека ќе треба Нешка да си ја оддели од неа, почна секоја ноќ да ја мачи. „Требе да се бара чаре, Нешка да си остане крај мене! — си велеше таа со умот — и како инаку, aкo не да си го прибериме ние со Илка браче Трајка, та едно дете на едниот мал, другото на другиот, да ни бидат покрај нас”. — И почна „да разгазува пат”.
Кога беше нејзина неделата, не пропушташе да не му прати на Трајка на колибата повеќе сирење, сланина, пресен лебец, а барем дватрипати ќе му месеше ја зелник, ја витканик, ја киснато.
Трајко отпрвин се позачуди на оваа Достина постапка, ама во својата простота си извади заклучок, дека жената е добра и радосна што и даде господ „мешана киска” и си ја продолжи работата.
Митра пак, ја намириса работата, та и таа почна како Доста и така „браче Трајко” стана предмет за освојување. И, додека Митра му ги даваше крпените алишта на Трајко за преслекување, Доста извади нови „од конец” и му ги даде со милни зборови:
— Земи, браче Трајко, промени се во виа, јас ќе ти и закрпа твоите, да не те виде некоа вдовица вака парталав, ослепаго! И така на Илка му се куси и тесни.
На Трајка оваа и други вакви постапки од Достина страна почнаа да му се бендисуваат и немаше случај да не ја искаже својата наклонетост кон помладата снаа.
Ако правеше фурки за децата, Нешкината со особено внимание ќе ја направеше; ако носеше дренови кукутки, Толевото беше пошарено, поправо без чклање, убаво измазнето; ако излегуваше в село, носеше залажачки од анот, половината ги даваше на Нешка, а другата половина на сите Стојови деца.
На сето ова Митра се лутеше, ако не отворено, оно потајно се ладеше спрема него, а тој почна тоа инстинктивно да го чувствува.
Една неделина, кога Трајко си дојде од пазар, каде што беше пратен од браќа си да продаде јагниња и направи арч за вршење, се собраа сите петина да видат што донесол пазарџијата. И кога Трајко го извади од торбите заирето, меѓу другото светна сребрен крст со гровчиња и две прости бакарни грибнички неподресени ни со стари пари. И Трајко им ги даде грибните на Стојовите девојчиња, a ја зеде на колено Нешка и и го закачи крстот на фустанчето на сред градниче.
— Ете такааа! — испушти Трајко еден оптегнат збор, а во очите му навреа солзи; го бакна малото чупале и се заврте кон четворицата.
— Бацко Стојо, и ти бацко Илко; и вие невести! Од денеска јас сакам да имам челад, и еве а ве — на скутот си а имам. Ако милуате сете четворица, јас су решил да си а посина Нешка и дури су жив да ми биде моа и да ме испрати кај татка, мајка и кај моа Велика. Шо велите вие на вој збор?
Сите четворица запреа да дишат, само Нешка ги тропкаше гровчињата на крстот и весело пискаше, смеејќи се и вртејќи се на сите страни, небарем сакаше да се пофали: што подарок и донесе чичко и Трајко!
Митра си ја чу пресудата. Озелене како мувлија и не можеше да најде збор да проговори, додека на Достиното лице се покажа црвенило до уши и длабока воздишка, и се симна еден голем товар од душата, но не испушти воодушевен извик.
Тишината траја неколку секунди. Никој не се решаваше да ја прекине, бидејќи не наоѓаше збор.
— Шо велите, де? — праша Трајко со треперлив глас и опули во Илка и Доста, мислејќи дека на Стоја и Митра ова не им е толку важно.
Доста беше го запознала Илка со овој план, но плашејќи се да не ја расипи сета работа, се истрча пред него и му одповори на Трајка, милувајќи си го Толета по главчето, кое мирно цицаше на левата града
— Mope ами . .. шо да велиме ние, браче Трајко? Ете ве вас тројцата, шо ќе направите — направено нека биде! Токо, оти пак Нешта наша да а посинуаш? Ете, братче Стојовите се повеќе, поголеми, земи си а Гуца. Ете, она веќе е момичка, порасната, убаво ќе ти прави измет. Нашите се двечки, малечки, оти да си и даваме! — Се опули во Митра и си рече: „Та м’сна м’ња, песјачко една! Ти со мене ќе ѓаволуаш, а?” — и се загледа во главчето на детенцето, небарем бара нешто во ретката суграва коса.
— Ќe растиме, невесто Досто, ќе работиме ние со Нешка и ќе се гледаме. Токо, де речите „аирлиа да е саатот”, и чините ми а алав. Мене господ не ме израдуа од срце, баре со неа да се радуам, — одговори Трајко на Достините забелешки.
Стојо се понамршти, ама сакајќи го Трајко како и Илка, како браќа што се вели, промрмори caмо едно:
— Таа е ваша работа, браќа. Ние сме браќа итака, итака! Глејте да си поминиме, да го протутниме вој бел век, та кој кај кого ќе умре — не се знае Господ од луѓе скали прави, — и си замолча докрај.
Митра се направи дека не ја засега постапкава и таа остави татко и и мајка и на Нешка да се мислат и да се изјаснат, па проговори:
— Ами земи си а, браче, земи си а Нешка. Оти да не си а земиш? Ете јас и така су претоварена со виа глувците, баре ќе бидеш порает со невестата Доста Ете, нејните се помалку, ќе може поарен измет да ти прави, кога веќе, братко, неќиш да се удомиш и ти како браче Илка. — На Митра и излезе пред очи малата Нешка кога падна од мајка и и кога беше во нејзините раце, издивна длабоко и си рече во себе: „Ах, мори Митро, ах мори будала! Види, види шо змиа те клукна! Наместо сет Сукалов мал да го лапниш, ти остана и без Трајковиот. Крши си а сега тиквата од ѕидот, ама го пушчи заекот меѓу нози, оди сега ваќај му а пашката!” — и стана од столот да го суредува заирјето што го донесе Трајко од пазар, оти нејзина беше таа недела.
Доста му намигна на Илка да се согласи и овој рече дватри збора:
— Mope, ами нека ти е жива, брату, лели си кандисал да си земаш беља на глава. Токо, ете, пак нека каже Доста! Она е мајка, она сака да ви меси леб, да ве пере, крпе, шо се вели лавот, она сака да ве гледа. Јас колку ти. Влези — излези од дома — и се обрна кон Доста:
— Шо велиш ти, мори жено? Ќе а испечете ли вие со ќерка ти ваа работа или да не се лажиме со стрика ви Трајка?
Доста тоа и чекаше.
— Mope, ами кога вие велите, јас шо има да реча! — изусти таа и го погледа Трајка. — Токо . . кој знае дали ќе му погодиме на браче Трајка. После . . . он ете ошче е млад, ако му излезе к’амет може да си се удоми, може, ете вака како нам, на старост да му даде господ челад, та којзнае како ќе излезе докрај ваа работа? — и пак ја наведе главата.
Трајко ја поткрена Нешка, ја избакна со сета родителска љубов и почна да и зборува:
— Ете така!! Сега си моа. Само ако те гибне мајка ти, ќе виде она како чичо ќе а натепа!
Девојчето како да разбра што стана со него, го прегрна Трајка со малите рачички и почна да се гушка во него; небарем му велеше на татка си и мајка си оти од денеска си има нов родител, кој ќе ја штити и храни.
И така, од таа недела Нешка Илкова стана поќерчена кај стрика си Трајка и под негова заштита, но затоа пак и Трајко помина на „измет” кај Доста.
Во душата на Митра се вудвои онаа стара омраза кон Нешето. Сега веќе ни маѓијата од баба Мишгачица не можеше да помогне. И да умре Нешка — имотот ќе остане на Толета, та затоа Митра веќе дигна раце од овој план Се изнамагариса сама што и дојде в уста. „Ете те, Мишооо! кој копа дупка на друг, сам ќе падне во неа. Токо гледам да не ми се стори, господ да чуа, оноа шо и го мисле на Доста и Нешка”. — И почна усрдно да се крсти и да се моли за Гуца и сите други деца. „Тоа беше шо беше!” — си рече Митра — „ами да гледам сега да се омира со Доста, та да поседиме ошче некоа подина заедно дури да ми потпркнат дечињата, па кога ќе втасаат веќе за работа, да си се оддела и да си а гледам работичката. Та ме изеде змиа што ме изеде!”
И Митра пак почна да се вртка околу Доста со целото нејзино притворство. Арно ама, едно мисли Митра, друго мисли Доста:
„Браче Трајка го трна од Митра. Ceгa треба неа да а одалеча од него да не го соблазнуа, та еден ден да му се накриви самарот, да помини во нејзин табур. Требе да и натерам браќата да се делат.
Доколку Митра излегуваше пред неа со љубезна насмевка, дотолку Доста ја пречекуваше со намуртено лице и очевидна надуеност. Митра сето тоа го забележуваше, како што го забележуваше и Доста нејзиното притворство. И не помина многу време скриената борба излезе на мегдан.
Еден ден Доста ги остави децата дома и и рече на Митра да ги поварди дури да црпне вода од бунарот на стрико — Малови. Кога се врати со котелот, позастана на вратата и слушна дека нејзиното Толе плаче та „папокот ќе му извресне”, и место да го крене стрина му Митра, Доста чу со своите уши како Митра му нададе триста и триста клетви полоши и пострашни од оние што ги мислеше во себе кога и нарачуваа нарачниците на Нешка. Последната што ја чу Доста беше:
— Пукнало да пукниш, копиле ниедно, душата ми а попарите, некоа сипаница златна да ве вати, да рече господ златен! Во еден гроб да ве закопа ваа песјачка шо ве накучи!
На Доста крвта и зовре во мозокот, и уште сред куќи го бапна котолот од глава и и се загна на Митра, која, како кабаетлија се здрви, просто не можеше да мрдне.
— Оти, мори песјачко, ми и к’ниш децата, чавките да те к’ват и орлите коските да ти и носат? — и во таа безумна состојба ја грабна за коса. „Затоа ли јас ода, капа, страдам и животот си го врлам, за ти да ми и к’чиш?” Ја турна на кај огништето и уште малку за големо чудо ќе ја фрлеше во оганот; ја бапна во пепелта и се загна да си го милува Толето, кое веќе врескаше до зајдување.
Митра стана, се истресе, си ја заврти косата и почна да тажи на глас и да колни. Колни Митра, одговара Доста:
— Амин, амин на твојте, песјачко. Амин, амин на твоата глава! Амин, амин, амин шо ми сакаш мене господ нека ти умножи тебе.
Уште со идењето на Стоја, Митра му истури еден грст солзи. Тврдеше дека Доста ја кладе на жарот да се пече како риба, но благодарејќи на гламните, не се запали. За доказ му покажа една топка коса искубана од Доста и напна да го кандисува да се дели од браќа си.
Доста истото го направи со Илка. Таа притури: како ја затекла Митра да му ја затиња устата на Толета да го задуши, а Нешка да ја попари со врела вода.
— He се живее со ваа кучка, — беше заклучокот од целата таа поплака. Или се делиш од брата ти, или барај си чаре на децата. Јас су си учена сама. Ќе си преврла еден ден преку ридот, шо, знајш — прави си!
— Бре аман, жени, шо ве вати бесот? — се бранеше и едниот и другиот брат.
„Брат брата не рани, тешко кој го нема”, — вели народната пословица. Така и Сукаловци. Проживеаја четириесет години, тек лав не си рекоа настрана, a сега одеднаш треба да земат секирите, да се исколат. Кој ќе чуе шо ќе рече?
— Влезе тој натемаго во ниј, ќе а пустат куќата, — рече Стојо еден ден кога пак се повторија кавгите меѓу Митра и Доста и се обиде некако со притисок да ја замазни кавгата. Советите и карањата не помогнаа, та Стојо ја употреби и својата власт и сила над Митра како маж над жена. После една втора или трета кавга заигра дури и „дрвен господ”. Ја натепа, стопански што се вели, но тоа само ја зголеми омразата, бидејќи Илко не го стори тоа со Доста. И кога Митра, и после ќотекот нарипуваше на Доста, оваа уште повеќе ја дразнеше со Стојовата груба постапка и и се фалеше со него:
— Е, арно де, арно. Лај, лај колку сакаш, ама тебе ќе ти гние грбот како на магарицата наша, јас пет пари не давам. Вечер ќе си дојде браче Стојо и ќе ми ти го потираве самарчето.
Митра не можеше да се помири со оваа положба и му се плачеше сега пак на Илка, гледајќи да го раздразни и него како Доста што го дразни Стоја, та да го предизвика и тој неа да ја натепа, но не можеше да успее, бидејќи Доста му даде да разбере со два збора:
— Јас ти реку тебе кога ме бараше за жена, оти не су кобила да се продавам за пари. А сега пак ти вела оти не су магарица да ме тепаш со ластегарката. Тоа да го знајш! Дигна ли рака на мене, само една шлаканица да ми удриш, знај оти таа декика си ода кај браќа ми, а ти т’чи си а главата со децата како знајш, — му рече Доста на Илка кога навистина еден ден по една голема Митрина тужба Илко и подвикна и нарипа и тој да го последува брата си Стоја — да ја удри Доста. Но нејзините остри зборови го задржаа и не ја удри, плашејќи се дека навистина може да го остави со две деца, ни вдовец, ни оженет.
Митра, бесна од Илковата блага постапка спрема Доста, секој ден почна да ја дразни и предизвикува. A кога Доста и се фалеше со Стоја оти ќе и го „потполни самарчето”, одговараше:
— Mope бре, со шо ќе ме плашиш! Кој маж не си а натепал жената та и мене Стојо? Ако ме тепа, мажот ми ме тепа, а не јабанџиите како тебе по Солун кога беше измеќарка!
И навистина. Што толку страшно или срамно имаше во тоа Стојо што ја тепаше Митра? Та, ене го и даскалот Бино ја протепа жена му, што е даскал, та веќе оти секој втор селанец в село ја има тепано жена си барем по два три пати во животот, тоа си е редно. Ретки се тие мажи, како Илка овдека, што не ги натепале жените и такви жени не знаат оти се мажени, ако не јале барем еднаш ќотек од него за да „презимеат” полесно.
Најпосле и ќотекот не помогна, та еден ден сам Стојо излезе пред браќа си со предлог за делење:
— Mope браќа, ваа не а бива што не а бива. Лели до овде дојде работата, да се бара некое чаре. Ете, Митровден е близу, да собереме шо дал господ, па имаме и три куќи, сакате излезете вие, сакате да излеза јас, да не не носат светот отпазар — напазар, — рече Стојо со тага на душата и длабоко се издиши.
И така, нашите јатрви, толку „мили”, толку „драги” во почетокот, не проживеаја ни три години заедно, ги натераа браќата да се разделат.
И се разделија. Само благодарејќи на големата братска љубов делбата стана со „арно — со мирно” без кавга и гурунтија, барем меѓу браќата.
Излезе Стојо од старата куќа, а Трајко остана со Доста, со Илка, за да и го остави својот имот на Нешка.

 

* * *

Времето си врвеше, децата на Рожденката и Илка Сукалов растеа и напредуваа како никои други во селото. Доста ја вложуваше сета сила и умеење што поарно да ги „исправи на нозе” и со голема нетрпеливост чекаше да дојде и оној ден кога нејзините мечтаења ќе се збиднат, кога ќе ја види Нешка мома, Толето ерген и уште понатаму — Нешка невеста, a Толето зет крај млада невеста.
Уште од петтата година Доста започна да ја учи Нешка да брои барем до сто и тоа не само на мајчиниот македонски јазик, ами дури и на турски и грчки.
— He е лошо да ми знаат децата, па макар и ѓупцки нека е, — одговараше таа на Бојанината забелешка ,.зошто си го мачи чупето со непотребни работи”.
Место на сметанка и табла, Доста ја учеше Нешка и практично. И скрои ракав, и насука конци, и купи нови игли, и стрико и Трајко и направи убава шарена кончарка, и и рече да везе нишка по нишка.
— Ете така, Heшe. Првен ќе дупиш на платното без конец. Дупни издени, — дупни издени, — ја учеше Доста и и ги бакнуваше малите танки и меки детински прстиња кога за првпат и ја даде иглата в раце. — Ете, така, една нишка крени — две потисни, две крени — една потисни; три крени — пет потисни. Така ќе ми се научиш да ми везиш првен ракав, после ќе и скрои мајка предници, па бочници, па најпосле и бројови. И, ете ти нова кошула за Велигден!
А каква e радоста на деца од шест седум години кога на Велигден ќе облечат нова кошула навезена од самите нив, тоа го знаат само тие.
— Мори, мори, Рожденкината ќерка, ошче во пелените почнала да везе! — ја озборуваа Доста по чешмата невестите чии ќерки ни по десетте години не знаеја ни да везат ни да бројат.
И не само да везе и брои, ами Доста запна да направи вистинска домаќинка од ќерка си. Во истата возраст веќе ја исправи на ковчегот да меси буле. Првото буле го намака со мед и го раздели на сите комшиски деца. Се разбира, на Вилка и Толевци половината, а другата половина на другите. Така било адет. Кога ќе му кладат самар на добитче, првниот товар дрва ќе го разделат „за здравје” на комшиите, а кога првин ќе меси девојче буле, ќе го разделат исто за здравје, по комшиските деца. И Доста строго си се држи за адетите.
По првото буле Нешка веќе меси и поскура за в црква, пак за здравје. И оттогаш до животи Неда не оставаше да не замеси во сабота нешто за дома од кое тесто вадеше по една поскура и ја носеше во неделата во црквата.
— Бре, бре, бре! — се чудеа невести, жени, девојки, кога Нешка почна редовно да ја пооетува црквата и редовно да носи поскури.
— Ами кој а меси ваа поскура волку убава мори, Нешко? — ја прашаше Доста Макрева кога врвеше крај нејзината порта.
— Ами јас, кој ќе а меси друг, — одговараше со тенкиот глас дезојчето.
— Ами како го втаса ковчегот, мори орјатко? — продолжувзше со прашањето Доста да разбере и да го искористи и таа овој марифет, да ја научи и ќерка си Божана.
— Е, како го втаса! Me поткачуа мајка на столче и ми а вади горната шчица од ковчегот, — одговараше малата Рожденкина месарица.
— Убаво, убаво. Види шо поскури ти меси воа кучило! — продолжуваше Доста, покажувајќи и ја поскурата, завиткана во новото цркварско цедилце, на Билјаровата снаа и други, кои што врвеа пред порта со букарите на глава.
— Мори, оти да не меси, зар му се суи рацете!? — одговорија овие, наглас се насмеаја и се завртаја назад да видат дали ги гледа ќатипчето од конакот, кое веќе одамна беше ја „обесило пушката” кај Петкана Милевска.
— Ами сте чуле ли, мори слепелници? — праша Димана Шојкарова, небарем којзнае каква новина открива. — Пеша Милевска се сака со ќатипот! — И пак се изви громко и долго кикотење.
Петкана Милевека навистина го засака ќатипчето. Износи „ластикени” чевли, „грчка” шамија; изеде со оки локуми, шеќери, портокали и други „залажачки”, та дури дојде работата дотаму, да преспа месеци со него, бидејќи ќатипчето го напушти станот во конакот и се пресели кај чорбаџи Младена Милевски, „да не пречит на мудурот во конакот”.
И кога дојде време ќатипчето да си ги „крене парталите”, Петкана се стокми да си оди со него, но татко и ја врза долни крај, токму за оној дирек каде си го врзуваше магарето и така спаси една „рисјанска душа” да не пропадне — да не се потурчи.
Ќатипчето не ја употреби својата власт да ја одврзе, оти и тоа сакаше да си оди „пашито”, без товар и да си бара некоја нова Петкана или Флора во новото место.
Петкана не го прежали ќатипчето, не се удоми ни по пет шест години и откако полуде, умре тагувајќи за него.
— Се мерактиса чупето и младо ми загина. — Плачеше мајка и и го колнеше Младена оти не ја пушти да си оди со „првното либе”.
Младена пак не го гризеше совеста, бидејќи ја спаси ќерка си од вечната смрт, та кога ќе си одат тие со бабата „горе”, ќе си ја најдат. Сите в село ја одобруваат постапката на Младена и го осудуваа Трајка Слабиѓорев оти и допушти на ќерка си Чона да се потурчи, одејќи за мифеташот Ќерима дури во Јанино.

Како сите наши мариовци и мариовки, така и Доста Рожденката беше неписмена, иако проседе доста години во Солун. Затоа таа пак не сакаше нејзините деца да и останат слепи. И кога Нешка наполни осум години, таа се реши да ја прати на училиште.
— Шо да права мили боже? — се тапкаше сама кога го донесуваше ова решение. — Да си го остава слепо чупето, ќе ми а к’ни душата додека е живо! Да го прата на даскал, ќе ми се смеат виа орјатки, селанките. Може и некој ќедер да му направат машките тамо.
И затоа не ја прати уште на седумте, ами почека да и стигне и Толето, та заедно да ги прати. И така направи.
Кога веќе Толето навлезе во седмата година, Доста си ја закачи фурката, и вртејќи го вретеното на секои три четири чекори, слезе долно маало и му појде на Бина даскалот.
— Добро утро, браче Бино!
— Дал ти бог добро, невесто Досто!
— Шо правите, шо чините?
— Сполај богу, ете арни аме, си седиме и се спремаме за нова рабога, — одговори Бино и не се зачуди кога Доста рече „добро утро” бидејќи знаеше дека таа е шетана жена и ги знае сите редишта.
— Шо се домачи, невесто, до мене? Или Неда нешчо а бараш? — праша Бино, иако се присети зошто може Доста да дојде дури од горно маало.
— Mope, шо се домачи, браче Бино. Ете и јас лели су пуста мајка, мак да ме опале. Ете, дечињата ми втасаа за на чколо. Дојду да ми дадиш еден ум. Ете. Толето ми втаса, ама Нешка дури ми помина. Шо ум ќе ми дадиш ти? Јас сакам и неа да а прата кај тебе. Ќе а примиш ли дека е женцко и дали не ќе згреша?
Бино знаеше оти Доста е разбудена жена, ама дури толку, да сака женска челад да праќа во училиште кога од двесте машки селски деца идеа одвај дваесет, не му се веруваше. Навистина, чудно му стана. Тој се трогна од грижата на оваа мајка и му се утврди вербата дека ќе дојде време кога самиот народ ќе трча за просвета. И почна да ја фали нејзината смела постапка: — Как ќе си грешила, невесто! Блазе си ти на душата кога мислиш така за твојте деца. И шо е тоа лав дали ќе су а примнал? Една, една нека биде. По неа в година ќе дојде друга, трета и така народот ќе се пробудуа по троа, по троа. Ногу убаво си намислила. Ете, во понеделникот, боже здравје, јас ќе и собера децата, ќе го отвора училишчето. Доведи и ти обете. Та, машала, тиа твојте како близначиња изгледаат. Ете, заедно ќе си идат, заедно ќе си одат од училиште. Па и тебе не ти е далеку, ќе и правиш дикат дури да се научат.
Доста доби кураж и од даскалот за своето необично решение. Ќе биде нејзината Нешка прва учена чупа. Во нејзината мисла веќе и се виде Неда како стои в црква на певницата и псала пее поарно од Куша,како им пишува писма на сите жени што имаат на гурбет мажи или синови, па си ја замисли во поповски одежди како служи литургија, но се сети оти жена не може поп да биде, и се запре на мислата барем попадија да стане и да му помага на попот во некои работи.
** *

Бино Антонов даскалот на Витолишча немаше којзнае каква педагошка подготовка и особена школа. По природа бистер, научи да чита и пишува од тебе — од мене, ја изучи кај Чала в село наусницата, светчето, псалтирот и некако со аргатите што одеа во Метуите и Кесендрија се завлечка во Солун, та место да оди да жние на светогорските манастирски чифлизи, тој остана во Солун. Се најде со некои познати прилепчани и дојде до управата на тамошната гимназија, која во тоа време беше сосема малку посетена. Иако возрасен, веќе момче на осумнаесет години го примија во први клас и за еден два месеца до 11 мај, денот на Света Кирил и Методија, протутна некако во втори клас. Преку летото работеше во книжарницата на К. Г. Самарџиев најгруби работи и се запозна со некои од тогашните борци за црковна автономија. Ова му овозможи да биде примнат до есен во втори клас, но материјално не беше никако осигурен, та одвај го заврши овој клас и пак со аргатите пред Петровден се врати во родното село. Познаниците прилепчани направија постапки и Бино стана даскал во своето село, плаќан сега не од родителите на учениците, како што беше дотогаш Чало во Витолишча, Петко во Бешишта и други, ами од „народната каса”, т. е. од Егзархијата.
Овој и ваков Бино, со два класа гимназија, многу добро си ја бркаше даскалската работа: да ги научи децата да пишуваат, да читаат и псалат во црквата, но загрижен за својата материјална положба сосема малку работеше на националното подигнување на народот па и тоа што го правеше, го правеше во насока што му ја укажуваа егзархиските луѓе, т. е. кон Б’лгарштината.
И кога Бино пушти глас по село дека ќе ги учи децата без пари, многумина се прашаа одошто ќе живее тој човек. Но тој го разјасни прашањето и собра во училиштето добар број деца. Но подоцна, поради селските домашни работи, родителите га повлекуваа и училиштето ретко која година го надмина бројот триесет.
Бино се израдува како дете кога Рожденката дојде и го праша дали ќе го прими нејзиното девојче.
„Ајде биро брееееј! — си рече тој сам, шетајќи се горедолу низ дворот. — Работата тргна за напред. Ако сака господ, годинава едно, до година две, три, пет, ќе се намножат и женски деца и еве ти во Витолишча и даскалица. Их, како не беше учена ваа моата чума да си земаме две плати!” — се жалеше Бино, но откаде докаде во Мариово учена жена и даскалица? А која пак од град идеше за голиот Бина во зафрленото Мариово? И се помири Бино со судбината да зема плата три лири месечно, а жената да му ги гледа дечињата.

Новата учебна година почна со призивање на светиот дух преку крштавање вода во училиштето. Поп Трајко крсти вода, Бино со децата од III и IV одделение одговараше на ектенијата, Толето и Бојана, кое веќе беше во III одделение, го рече апостолот и се заредија сите со ред по даскалот да го бакнат крстот и да ги чукне попот со босиловата китка. И кога во групата деца најпоеледно се појави девојче да го бакне крстот, се зачуди поп Трајко и си рече: — „Шо бара воа чупе меѓу децата?” — ама си го стори адетот без да ми попречи.
Се заредија и родителите, го бакнаа крстот, и даскалот ги поведе децата по клупите.
—Ете, ти Стоане, ќе седиш тука, ти Петре, тука, ти Митре, Петко, Стале, Брајана, Веско тука — и така натаму: додека имаше клупи.
Првата клупа од средниот ред стоеше празна.
Бино ја фати Нешка за рака, ја поведе кон клупата и и го покажа местото каде ќе седи. Наместувајќи ја во клупата, тој со навирени очи се обрна кон присутните родители:
„Драги селани и браќа!
Денешниот ден е голем ден. Како за мене, како даскал на воа училишче, така и за децата, така и за вас родителите шо ми и дадоте вашите рожби да се грижи за ниј. Но, дешниот ден е голем за сето село, ако не и за сето наше Мариово. Го гледате ли? — тука Бино ја потажа Нешка. — Го гледате ли? Меѓу нашите ученици прозрни и една ученичка, едно женцко дете седна на скамијата и сака да учи книга. Еееј, докаде достигнаме ние мариовците! Ни по градишчата чупињата не одат на школо, а ние во Мариово тргнаме веќе. Нека ни е добредошла новата ластовичка во нашето градинче, да и даде господ здравје и живот и шо и срце сака!” — заврши Бино, очигледно трогнат, бришејќи си ги солзите со ракавот од шајачното палто.
Селаните се размрдаа лево и десно и сите погледнаа во Доста Рожденката, која веќе ја криеше главата од погледите да не и се насмеат уште тука, в очи, во првиот судбоносен момент.
Доста Макрева, Јова Батанџиева, Велтиса Мидова Велика Калешкова, Митра Ѓорѓиова и ред други мајки, еснафки на Рожденката, чии деца за првпат или уште од лани одат на училиште, кои стоеја одвоено од машките веднаш по говорот од даскалот почнаа да го коментарисуват случајот со Нешка Рожденкина.
— Види, види, орјатка една, Рожденката, па шо мода ќе ти изваде! Чупето на даскал ќе го пушчи, пушка златна да а вркне, да даде господ! — вели Митра Ѓорѓиова, која исто така имаше врсничка на Нешка.
— Mope ами — продолжи Велика Мидова — дека ќе го учи тики ја го ја, утре ќатип ќе седне на конакот! Токо, а фатил бесот, нема шо да праве, тики токо измислуа шогоде маривети! Ќе а видиме кога ќе и појде дома рашчешлано од машките! Ене го не, коџа мома се издргнало, а она го остава тука меѓу виа машкуданци! Ќе си го каса задникот, токо доцна ќе биде!
— Шо чукате туѓа ‘рж па вие, мори жени златни? — се јави со сет глас Доста Макрева и се стави во одбрана на Рожденката. — Жената си е мајка на чупето. Безбеле она повеќе си го сака нејното чупе отколку ние. Она си промислила сигурно поарно од нас, та шо си го пушча. Таа арно си прави лели и стига рака, токо ние, еве, ни машките не можеме да си и подучиме, ќе ни останат слепи при две очи.
Доста жива вземи пропадна од срамови што си го пушти чупето само на училиште, ама веќе се стори.
Бојана, која беше го довела Толето, стоеше крај Доста. На сите нејзини воздишки и каења и даваше кураж и и ветуваше дека и таа нејзина мала Неда ќе ја пушти на училиште. Кога Бојана ја тешеше и ја куражеше Доста, им се приближи и Доста Макрева и трите мајки се одделија сосема настрана и потонаа во родителски — мајчински — разговор.
— Mope ми, како ти текна и воа да го направиш златна, Доле? — праша со восхитеност Доста Макрева и ја фати за врат небарем ќе ја избакне.
— Mope го направи, Доле, кусур господ да ме направе, токо којзнае шо ќе речат виа орјатки — еснафките; којзнае дали не ќе ми се сторе некој ќодер на чупето, којзнае, само меѓу волку машки магарчиња едно женско дали не ќе ми го напаѓаат? — Рожденката се затаи да го слушне нивниот суд, судот на двете нејзини најдобри друтачки.
— Ќе го тепаат? Господ и свети Аранѓел ќе и отепа! — проговорија двете другачки одеднаш, а Бојана продолжи?
— Ене го не, Толето мое како ‘рслан: во сете деца е најјако, а и твоето Толе, машала, израсна како видан, кај можат да се опулат во неа. Ете, ќе му речеме они да вардат да не а задева никој Нешка.
— Mope, ако е за тоа, ене го и Јошето мое, ако го гледаш нака слабо — како кремен е. He може ни ерген да му се опре. И нему ќе му реча јас да гледа никој да не а ѓиба. И, лебами, тројцата ергени ќе можат една сестра да довардат? — додаде Доста Макрева, заблазнувајќи и на Рожденката и ветувајќи и дека и таа ќе ги прати нејзините три девојчиња кога ќе пораснат за на школа.
И така, над Нешка се тресеа во училиштето, покрај даскалот Бина, уште тројца браќа: едниот роден, а двата повеќе од родени. Попосле ова братство го запечатија и јавно, фаќајќи се тројцата свети Јовани во црквата.
Наставата почна навреме. Првите дни машките фрлаа по некој и друг поглед во Нешка кога идеше со бацкови и Стојановци измиена, исчешлана, без прцле и цилувци, во ново кошулче, со ново гунче, подбрадена под гуша, но кога се виде дека ја вардат тројца, сите дечиња, и тие од I одделение па дури и од IV, не смееја да и се опулат накриво, не пак да ја задеваат.
Таа пак, си беше божја бубалка. Од прагот на училиштето та дури до излегување не креваше очи да погледа ни лево ни десно. Мајка и на секое испраќање и велеше:
— Ти гледај пред тебе в земи! Кој шо да ти рече, ќе му кажеш на Толето наше и на бацко Толе Бојанин. Никого не задевај и никој нема да те задева. Слушај го даскалот шо ќе те учи, побрго да научиш да пишуваш, ако сакаш да везиш нови кошули.
И Нешка ја слушаше мајка си првата година. Бидејќи тргна повозрасна, многу полесно ги восприемаше лекциите и стана прва во одделението. Уште до половината година ги научи сите букви, а веќе за броење и сметање знаеше до сто и турски, та дури и грчки.
Бино даскалот немаше зборови да ја нафали по село, па дури со гордост ја извести училишната власт во Прилеп и владиката Глигорија во Битола дека кај него „прозирнило” и едно женско учениче.
Училиштето во кое се собираа Биновите ученици беше една селска стара куќа, приспособена со едно приземно сдајче и еден чардак. Двор, градина, чешма и други присподоби не постоеја во него ни околу него. Средства за одржување чистота, огрев, — такви рзботи не беа познати. Се чистеше од сабота на сабота од учениците колективно, а огрев си носеа самите ученици: по една цепаница наутро во зимно време. За да не им студи на децата, одделни родители растовараа по некое магарешко товарче дрва годишно, меѓу кои прва беше Доста Рожденката.
И на масата од даскалот Бино секојпат се наоѓаа по две три врбови шарени прачки, донесени од одлични ученици, и не беше редок случај да имаат тие работа. Линијата се редеше по петте собрани прсти на разни прекршители на дисциплината, а при големите „престапленија” се применуваше и драконскага „валага” та дури и граовите зрна истурени на земја (бидејќи собата немаше душеме) на кои за казна клечеа на колена „престапниците”.
Учебната година помина без особени забележителности.
Во почетокот ја задеваа Нешка девојчињата — врснички и — кога одеше на вода, на река или на свињар да ја истера маторицата. Друго не можеа да и забележат освен што не беше сплетена „прцле” та и викаа „стришко”, други ја презираа што оди со машките во училиште и и викаа ,,машкар-камара бик Стојна”. — Но на сето тоа таа реагираше со плач кај мајка и и не ретко сакаше да го напушти училиштето и да седне дома да си везе како сите нејзини врснички. Но зборовите на мајка и: како ќе биде утре само таа в село писмена; како ќе може да чита „големи книги”; да пее в црква та дури и писарка на спаијата може да му стане и да вади добри пари, — сето тоа и даваше кураж да издржи и редовно да ја посетува школата. А кога еднаш мајка и рече дека кој ќе научи писмо ќе може да му пише на тоа момче што го сака, таа се зацрвене до уши, избега од рацете на мајка и која сакаше да ја избакне. Нешка си го кладе тој збор во пазувата и немаше ништо толку силно да ја запре да не научи да пишува.
— „И научи, кучката една” — си велеше мајка и со умот, кога на крајот на учебната година, на свети Кирил и Методи, даскалот Бино пак одржа цел говор за неа пред оние исти родители, пред кои есеноска одржа за нејзиното стапнување во училиштето.
По свршувањето на учебната година сите ученици — деца чии татксвци имаа сеидба — тргнаа на работа по жетва и вршење. Тргаа и Нешка со брата си Стојана. Бојанин Толе заврши IV одделение и тргна со татка си, со маските да тера штици.
Децата на сиромасите останаа да го поминат летото безгрижно, доколку татковци им не ги приглавија кај некој чорбаџија да му ги враќаат воловите и коњите по гумната. Но бидејќи чорбаџиите и своите деца не ги праќаа на училиште, па и ако ги праќаа сега беа слободни (а кој немаа свои деца, си главуваа такви уште на Ѓурѓовден; та секое лето имаше в село по десетина петнаееет што ленствуваа цело лето по реката и ливадите, ловејќи риби и вадејќи јајца на разни пупунци, чавки, страчки та дури и соколи по тополите и врбите.
Кон тоа и такви чорбаџиите се однесуваа со презир, та не сакаа да ги земаат ни за лебот, а и родителите им беа „ем голи ем злови” и велеа:
— Доста ние му работиме на чорбаџиите бадиала, па и децата ли? He и даваме! Нека и баре тие, нека растат на раат, ако се поголи, побоси, погладни.
Сиромаштијата беше ги здружила, така што не се делеа ни дење ни ноќе. Еднаш ручаа кај еден, вечераа кај друг, а често замркнуваа по реката и ливадите да ја преспијат вечерта во некоја оставена слама на некои гумна или во капиците сено, за да се разбудат утре и ја продолжат својата вообичаена „работа” — итрата по врбите или вириштата, капењето и риби ловење.

 

* * *

 

Во овој „алабак табури”, како ја викаше еден од родителите оваа дружина, беше „аскер” и малиот кржлав, мрсулав, мешлест како жаба, Крсте, син на манастирскиот ѓак Петка, кој штотуку беше, сe запопил, и немајќи ни волови, ни коњи, ни орање, ни копање, немаше каде да го прати сина си на работа. Го држеше дома повеќе и поради неговото слабо здравје, не го пушташе на училиште иако веќе беше ја фатил осмата година. My правеше задоволство на новиот поп да го гледа сина си пред него и да му бара чаре за здравјето, бидејќи други машки деца немаше. Единствената печалба што му ја печалаше Крсте на поп Петтка беа рибите со кои тој често се гоштеваше, та дури гости и пријатели чекаше со нив. А Крсте ретко кој ден се враќаше без риби.
Арно aма, времето си вршеше и попот реши да го прати Крстета на училиште. А и на Крстета не му беше утодно да се шета сам по село кога почнаа да паѓаат есенските дождови и кога членовите од неговиот „алабак табури” тргнаа на училиште.
И така Крсте „Мешко” тргна во својата деветта година во прво одделение. Даскалот Бино беше предупреден од поп Петка да обрне внимание на идниот поп Крсте и овој го „зеде под рака”.
Во училиштето Крсте доби место паралелно со Нешка Рожденжина, само што таа сега седеше во друга редица, во редицата од второ одделение, а наш Крчо седеше во прво.
Уште во првите дни даскалот забележи дека Крчо мрсулко не седи како „господ шо рекол”. Место да мирува како друтате новаци, тој се некако се врти, се чеша, ги врзува ремењето на опанците или врвците на чорапите, го крева нарочно отпуштениот кондил и се главата ја криви накај клупата во која седи девојчето.
Една, две опомени не помогнаа. Се пристапа и кон други мерки. Една, две прачки пo раце за момент покажаа успех, ама по два три дена Крле пак си почна по старото. Ќе ја напише набрзина задачата и ќе си го почне старото. Сака да го гледа девојчето па макар секој ден, секој час јадел прачки!
— Е, шо и права дека а гледам, де? — си велеше сам со умот. — He ќе а изеда дека а гледам?
И колку даскалот му забрануваше да се врти натаму, толку повеќе му се сакаше да гледа. — Е, ќе а гледам, шо ќe ми правиш де? — му се инатеше Крсте и на даскалот и на брата и Стојана, кога овој со Јована Макрев го опомена еднаш на еден одмор.
Во таа кавга меѓу Крстета, Стојана и Јована, Неда разбра зошто се караат. Таа дотогаш не беше забележала дека Крсте ја гледа, та дури чудо и стана кога слушна дека овие му се фалат и сакаа дури да го тепаат заради неа. Не се замеша во кавгата, но затоа ги викна брата и и Јована да ја остават кавгата и да си влезат во училиштето, бидејќи ѕвончето удри.
Уште на истиот час, кога даскалот Бино им зададе на I и II одделение и отиде на третата редица кај III одделение, Нешка, пишувајќи ја задачата од читанката, со навалена глава на левата рака, ги сврте очите налево. За големо нејзино чудо, виде дека навистина Крчо ја напишал својата задача и гледа потокришум во неа. Ненавикнат таа да го гледа, нејзиниот поглед го уплаши, така што моментално ја заврте главата налево, небаре коњска мува го касна. Си го кладе кондилот в уста, се позамисли малку, и сам не знаејќи зошто, плукна на таблицата, го избриша напишаното и започна пак повторно да ја пишува зададената задача по сметање.
Сега се плашеше да се опули надесно оти мy се чинеше, ќе го види Неда.
Неда пак, кога виде дека Крсте навистина ја гледа и таа се заврте надесно, на спротивната страна од него, и продолжи да пишува во тетратката, целата затресена. Моливот и падна од раката еднаш, и падна двапати, но кога се наведнуваше да го земе, целата беше завртена со тилот кон Крстета. И таа се плашеше да го погледа.
„Господи, златен боженце, шо ќе биде воа? Зошчо се плаша од него? Та еве во сите деца слободно гледам. И во виа малите, и во најголемите: од ниедно не ме стра. Само од вој клечко Крсте Попов” — и не знаеше да си даде одговор.
Последниот час се сврши тој ден и Неда, како лани така и оваа година, на никого во очи не му се опулуваше, та реши ни на Крстета да не му се опулува. Од училиште до дома само за тоа мислеше: „Ами оти пак да не му се опула, ќелешот еден? Шо може па да ми направи тој мрсолко? Ошче гаќите каде си и држе со левата рака, па јас ќе се плаша од него. Пуста Недо, пуста, арам да ти е живота! Mope ќе му се опула утре ошче на првиот час, та да знам оти и прачка ќе јада”.
Вечерта мајка и ја праша како помина денеска, a брат и не заборави да и каже дека оној попов шебек често гледа во неа и дека тие со Јошка сакале да го натепаат на одморот aмa таа, Неда ги искарала да не се караат.
Доста си го кладе ова „во пазувата”. И таа му рече на Толето да не се кара со никого, а ако има нешто, да му кажат на даскалот, тој ќе се раоправи за нив.
На Нешка овие мајчини зборови и ја олеснија положбата.
Мајка не се лути дека Крсте гледа во мене? Aми тогаш зошчо пак јас да се лута?” — се праша. — ,,’Шо дека ќе гледа? He е пак Турчин та да ме стра од него?”
И така заспа вечерта со леснина на душата, дека нема никакво зло ако гледа Крсте во неа. Дури и се стори некако пријатно тоа решение и кон него придаде уште едно свое: ,.Ако гледа он, ќе гледам и јас; нека пукне, да вида шо ќе праве?” И заспа детински безгрижен сон.
Откако Неда погледа во Крстета; тој толку се уплаши, та веќе не ја заврте главата на таа страна. Ни опомените на даскалот, ни прачките, ни фалбите од Стојана и Јована не можеа така веднаш да го смират, како нејзиниот поглед. Тој не знаеше дали се плаши и одошто, дали се срами и зошто, само толку беше исплашен, цел се тресеше засрамен, цел зацрвенет како пиперка, иако дотогаш беше жолт како тиква.
До дома си појде трчанка, без да ги чека другите деца и уште од порта го фрли сакулето, го дигна ковчегот, зеде една поскура и сирење, што беше го донесол татко му од гробот на дедот Горета Дојков, и излезе на чардачето да повечера Гризејќи од поскурата и сирењето, не можеше да се смири.
„Мајката, оти толку се уплаши јас од неа?” — се прашаше сам и сам си одговараше: „Неоти пак се уплаши, ами може да се усрами? Ами зошчо пак да се страма, неоти нешчо и peкy, неоти нешчо и стори?” — He можеше да си даде никаков одговор. Ја изеде поскурата и сирењето, влезе дома, се напи вода од бардачето и пак излезе на чардачето да си го земе рогузинчето и покривчето да си постеле и да си легне.
Поп Петко се поисплаши кога го виде толку црвен, го фати за рака и за глава, го праша да не го боли нешто, и откако виде оти ништо не му е, со чудење го праша:
— Ами оти толку рано ќе си легниш, Крле?
— Ми се спие! — одговори Крсте и си ја подви главата под козинавче.
И Крсте, како и Неда, долго време не заспа и донесе решение утре уште на првиот час да ја погледа та ако сакаат сите деца со се даскал нека го видат и нека го тепаат.
,Де а гледам, ќе а гледам и ќе а гледам, дури да ми се наситат очите!” — заклучи тој и заспа за да сонува: како се качува на една висока топола, на која имаше страчкино седело; во седелото мали страчила и таман кога требаше да ги ловне, сите излетаа, само едно го додржа за опашка, а страчките, и двете, му се пуштија, сакаа да му ги исколваат очите. И тотаму тогаш мајка и на Нешка се стори пред него и го откина од овие две разбеснети страчки, ги напади далеку, а страчето што беше го фатил му го врза за нога со едно сиџимче.
Кога се бореше со страчките, почна да вика во сонот. Попот се исплаши, брзо го запали кандилото, но бидејќи пак се смири, не го разбуди.
Утрото Крсте стана порано од секогаш. Се изми надвенатри, покасна и уште предвреме си го зеде сакулето со таблата и букварот и излезе од дома. На прашањето од татка му кај оди толку рано одговори дека има нешто да учи со другарите Лулето, Русета и други, та ќе се соберат” кај Шпира Калешков да им покаже тој како ученик од II одделение.
„Така нека биде” — си помисли попот и не му придаде на ова никакво особено внимание.
Крсте патема нигде не се врати на учење, а немаше тој ни што да учи. Сите букви ги знаеше уште лани, бидејќи неговите врсници заодија уште лани на школо, та тој, кое од дома, од татка му, кое од другарите, научи да чита и смета токму со нив.
Работата беше друга. Тој требаше да појде во училиштето пред Неда, за да може тој да ја дочека, а не таа него.
„Ќе а гледам кога ќе иде одѕгора и никој нема да ме забележи”, — си ја направи тој сметката сношти под покровчето. „Ако а видел човек прв мечката, ќе се уплашела, ќе го поплукала и ќе избегала од него, а ако го видела првин таа, ќе му врлела и ќе го изедела.” — Така го слушаше тој еднаш дедот Никола Дарков кога прикажуваше за мечки и кога се фалеше дека отепал пет, фатил три мечиња и една стара и им ја продал на Ѓупците да ја шетаат по селата.
Та затоа и тој стана толку рано и реши прв да ја погледа Неда, за да не се исплаши или засрами.
И навистина, тој прв стигна во училиштето кога уште ниедно дете немаше дојдено. Се потпре до ѕидот и се загледа rope по улицата. Долго стоеше потпрен на левата плешка, со поткрената десна нога, бидејќи го болеше набодениот отпорано трн. Но никој не се појавуваше.
„Дали ќе дојде денеска” — се праша сам и си одговори: — „Море, ќе дојде. Мајка и сигурно нема да а оставе да не дојде” — и продолжи да чека.
Почнаа да идат деца од долно маало и се зачудија кога го видоа Крстета да стои до ѕидот.
— Шо правиш тука, бре, клапче, волку рано? — го праша Шпиро, кој секогаш беше прв, a сега, ете, Крсте го преварил.
— Ете, се греа на с’нцето, шо права! — И Крсте се заврте на другата страна. „Ами ако разберат другарчињата оти за неа дојду?” — се стресе и просто ги избегнуваше сите нивни погледи, плашејќи се да не му ги прочитаат во очите неговите мисли.
Најпосле и ѕвончето троггаа за влегување. Сите деца влегоа, та просто и нето го завлечкаа внатре. Заборави зошто чекаше. Но штом седна на клупата и не сакајќи погледна во соседната клупа, се стресе. .,Утре пак ќе дојда порано и не влегувам дури не дојде!
Ами ако не дојде ич ни денеска, ни утре? Ако го напушчи училиштето.” — Co тие мисли си го клаваше сакулето во клупата, кога на вратата се запартали женско гунче и везани ракавчиња.
Даскалот Бино влезе. Сите деца станаа, станаа и Крсте и Неда, но ниту едното, ниту другото ги свртоа главите да се погледнат.
Наставата почна. Крсте напиша набрзина што му зададе даскалот и се замисли. „Како да се опула кај неа?” Ја испушти гумата. Таа падна налево, се наведе, ја зеде, но со тилот кон Неда. Погледна под клупа, ама и ги виде само калнавите чевли и еден крај од гунчето.
И додека Крсте гореше од желба да и го види лицето, или само тилот и косата, дотогаш Неда се мачеше во себе како да се додржи, да не се заврти за нешто кон него.
Крсте го испушти надесно моливот, се наведе небаре да си го земе, ја подаде левата рака под клупата, го залепи левиот образ на самата штица и очите сами се вперија право во неа.
Таа се заврте да си ја земе гумата, оти погреши цела реченица, и сама се опули кон Крстата. Очите за првпат им се сретнаа и за мит Се наведоа и на едниот, и на другиот, право надолу. Тој ден не смееше ни едниот, ни другиот да се заврти на таа страна.
На вториот ден играта се повтори со една мала измена: сретнатите детински очи не се исплашија како вчера, но погледите достасаа до едниот и другиот и на миг се погледнаа. Но, ниту тој, ниту таа можеа да издржат и пак се разделија веднаш, со една надеж дека утре пак ќе можат да се видат.
„Ете така, го погледа денеска. Шо ми стори?” — си велеше Неда, одејќи си горе Катината улица и непрестајно само на тоа мислејќи. — „Море утре повеќе ќе му пула да вида дали не ќе избега”. — И си отиде дома сета заруменета. Се што и наредуваше мајка и, вршеше со радост и песни.
— Как си поминате денеска, Толе? — го праша Доста братчето на Неда. — He ве задена ли пак некој, тој поповиот мандак, нешчо?
Стојан одговори дека не му се поплакала Неда, a таа на споменувањето Крстовото име ја мени бојата и и се фрли на мајка си.
— Ами, па ти мајко. Токо ми гo пикаш в очи тој шебек. Шо има со мене, та да се плача од него? Само нека ме задене, га ќе си го виде убавото. Ќе го согаза на сред пат како лепешка говецка! — И се заврте на другата страна да не и падне в очи на мајка и црвеното нејзино лице.
— He лути се де, шо се лутиш? Ти лели си чупе и те заденат, и ќе задениш. Така готово ќе го газиш! Да не носе гаѓи и тој!
— Mope, сто рала гаќи да носат такви како Крстета Попов, окото не ми трепнуа, ќе и согаза како нишчо! — се фали Неда и се мисли: — „Оти волку и сакам, и неќу за него да се прикажуа? М’ња ќе го м’сне ошче еднаш кога ќе го погледам. Денеска ме излага ѓаволот, та ошче еднаш — толку жив ќе биде!”
И навистина, во малото десетгодишно девојче се зароди љубов и омраза кон едно свое другарче. Отворена надворешна омраза, внатрешна љубов, несвесна, детска.
„Оти во другите деца не ми се гледа?” — се прашаше Heшка, кога влегуваше и фрлаше поглед во училницата, во сите ученици.
Кон петтата, шестата среДба, очите издржаа по цела секунда, a пo десеттата се растегнаа малите уснички на Нешка во незабележлив насмев, кој дури и Крсте „заб обеле”.
Малку по малку стануваа се послободии и поблиски еден до друг без да ја наѕираат причината. Почнаа слободно да се гледаат. По месец два си проговорија за првпат кога го метеа училиштето и Крсте веќе имаше смелсет дури да побара и молив од неа, кога еднаш му се поткрши неговиот на часот. Нешка со големо задоволство му услужи и уште повеќе се ослободи да другарува со Крстета.
По божиќниот распуст даскалот Бино го испраша Крстета од аз до ижица и се покажа дека овој шебек ја знае целата азбука, го испраша по сметање не само до дваесет ами и педесет. Исто така се покажа дека знае да смета до сто.
— Ами, зошчо да губиш време кога знајш? — му рече на Кретата и го помина во второ одделение.
Бидејки клупите беа зафатени, требаше Крсте да седне во една со Нешка, но даскалот не беше уште „современ” да кладе машко и женско во една клупа и тоа јабанџии, ами го скорна брата и на Нешка, Стојана, го кладе таму Крстета, а Стојана го намести во првата до Нешка.
Така сега Крле прескочи уште првата година во II одделение и со својата бистрина и надареност просто го зачудуваше како даскалот така и сите ученици, а најмногу од сите се чудеше и со особено задоволство се насладуваше Нешка, која сега немаше потреба на часот скришум да го погледнува, ами на секој одмор се го дочекуваше заедно да излезе со него и брата и Стојана и тројцата да си ги повторат задачите или да си играат.
Пролетта пукна и се оживе. Во Старчевото градинче пчелите заработија и како да им зборуваа на децата: „Гледате ли ние колку се трудиме?”
Крсте, Стојан и Нешка не еднаш стоеја до плетот и ги гледаа пчелите како влегуваат и излегуваат; како тие што влегуваат, носат жолт товар на нозете, го подаваат на „мајсторите” на вратата и се враќаат по нов материјал за нивното зимовиште. До самиот агол од училиштето мравките го изнесле своето житце од „амбарот” и го сушат на пролетното сонце. Накиснало од зимните дождови и од стопениот снег и ако не го проветрат и потсушат ќе и проникне и ќе останат без храна. Вака, потсушено може да трае дури и за в година, ако не го „сомелат” пролетва. Секоја од нив има одредена задача и одличко си ја врши работата. Откако ќе се проветри и осуши зрното секоја си го познава своето и пак назад го враќа. Само не знаеја децата дали една и иста мравка изнесува повеќе или само едно зрно, бидејќи сите имаа еден „сурат”, сите беа облечени во црни алишта и обуени во исти опинци.
Овие тројца во се се угледуваа на пчелите и мравките, постојано учеа и си помагаа.
Крсте се покажа повреден од Стојана и Нешка и секој одмор тој им ги раскажуваше задачите, а тие слушаа. И Стојан му завидуваше, му беше криво оти и тој да не знае како него. Нешка уживаше во неговото знаење и не пропушташе ни еден одмор да не го слуша како ја раскажува и старата и новата лекција.
Сите ученици забележија дека Крсте непрестајно се дружи со Стојана и Нешка и не можеа да си објаснат од каде дојде ова зближување. Некои си мислеа дека се роднина по братучеда му на Крсте. Маловата невеста Тода, други миелеа дека Крсте се оближува околу зелничето, мазничето, питулиците што ги носеа постојано Неда и Стојан и ги делеа со Крстета, трети мислеа трето, четврти — четврто, но никој, па ни самите тие не можеа да објаснат како се спријателија.
Само од старата лисица Рожденката не можеа да се скријат причините. По онаа кавга кога Толе и Јошко сакаа да го тепаат Крстета, таа наѕре нешто што никој не го наѕираше. Усети таа дека во младите детски души се зародила несвесна љубов, кога виде дека веќе место непријателство се разви вистинско братство меѓу нејзините деца и ова нивно другарче.
He еднаш таа ги виде заедно како си прикажуваат трите. И кога ги прашаше како си поминуваат во училиштето, и двајцата не можеа да се нафалат колку многу Крсте Попов знае и се што знае им кажува само ним.
За да им направи радост на децата, таа му рече еден четврток на Толета да го викне Крстеа со нив заедно на ручек. Толе го покани на излегување и Крсте, а овој пред да се реши, ја погледа Нешка, небаре ја праша: „Да дојдам ли?”
Co поглед доби одговор.
Нешка и се израдува на Крстевата посета, ама подоцна многупати ја исплака, кога комшичките девојчиња и открија зошто таа толку му се радуваше на тоа Крстево идење.
Доста им осука кора, им испржи и колбаси, ги наруча сите три деца, и кога тие јадеа слатко на тарунчето на чардакот, таа ги погледна и се заврте на другата страна да не и ги видат солзите што и навреа на очите.
— „Сполај ми ти, море мили боженце, кога и волку ме израдуа. Ами ако си рекло и тоа да дочекам?” — И се опули во Нешка, во Крстета, пак во Нешка, и си заклучи со умот: „Ете, како шо нарачаа нарачниците на третата вечер: „да расте и да пораете, убава мома да биде, попова снаа да стане, на младо ѓаче невеста”. Еве го ве! Токмо така, ако сака он, сполај му!” — и си ги забриша солзите со крајот од ресената шамија.
Од тој ден Доста почна да размислува се подлабоко и подлабоко.
„Оти пак да не му а дада ако бидат живи и здрави да пораснат? Види шо детенце е, натемаго! Кротко како јагне, лакомо како прасе, јаде и се оближуа како маче А види пак шо убаво се учи. Сигурно и оно ќе изучи за поп и ќе си го земе занаетот од татка му и селото. Шо ќе и биде тогаш на ќерка ми? Ама немал куќа, немал волови, овци, кози. Mope, пусти останале, шо дека имаме, не сме ли настрадани по неј повеќе од тиа што немаат? И зошчо му се волови кога си собира триесет — четириеоет кила жито ? Зошто му се овци, кога собира попот по дваесет руна од селото? Зошчо му се дури и кокошки, кога за Велигден собира по петшестотини јајца и пилиња? Се му дал гостод, ако е к’смет да доживејме и да му а дада со се срце … A после, на Толето ќе ми останат обата мала да има на шо поарно да си живее”. — Така си мислеше Доста Рожденката, но поп Петко којзнае дали ќе се согласи. Да ли тој не ќе бара некоја миразџика? Којзнае! Таа мисла ја мачеше Доста, но беше уште многу рано за да презема нетакви мерки. — „Не е лошо да А натрата на невестата Малова да и жугне на ќерка му на попот да си а имаат муата на капата — си велеше Доста и пак ја гледаше нејзината Нешка, сега веќе невеста на коњ, како се исплачува со неа, со татка си и брата си, оти ќе ја остави нивната куќа и ќе стане попова снаа, на младо ѓаче невеста. — „Не, не. Кој ќе чуе как ќе рече? Рожденката отпче од десеттата година а замажи ќерка и!” — И продолжи само да го вртка Крстета околу нив и не пропушташе прилика да не му направи некакво задоволство. Или кора ќе му оддели од Нешкината и Толевата, или тиква ќе му даде, или колбаси ќе му испече, та дури, ако нема ништо друпо, ќе му скрши некое и друго јајце и ќе ги собере на тарунчето. Ила, да ги види трите деца заедно, та душа нејзина! Почна скоро и да не прави разлика меѓу Толето и Крча. Толку и се намиле ова дете’
А Крчо пак, инстинктивно ја почувствува оваа љубов на старата и само се умилкуваше околу неа како маче околу мало дете. Се ќе си најдеше некоја маана да дојде кај нив. Било заедно да учат со Толето и Нешка, било да го сретнал нивниот крмнак некаде, ќе го дотера. Го видел ли некого во пиперот, ќе дојде ќе им каже и ќе добие нешто од тета Доста.
На Стојана навикна како на другар и брат, но од Неда се некако му се тресеше душата и никако не сакаше да остане насамо со неа, макар колку да другаруваа. He знаеше ни тој, ни таа што ги плаши толку едно од друго, но, ете така, просто се плашеа. И толку дружење, одење заедно, седење, јадење, прикажување тројцата, но насамо не можеа да се решат да останат. Та дури долго време не можеа да се гледаат слободно. И ако се погледнеа, ќе се насмееја обајцата и ќе ги наведеа очите и главите и ќе чекаа или Стојан или Доста да проговорат нешто та да се исправат.
„Не е без нишчо во виа деца”, — си велеше Доста кога го кроеше својот план. За некаква ергенска и моминска љубов да се мисли, беше многу рано. Та не ќе почне ќерка и уште од десетте години да води љубов ? .. . — „Ама пак не ќе биде бадијала сето воа.”
Дните си врвеа редовно. Помина и овој Велигден, дојде и Ѓурѓовден, па најпосле и овој свети Кирил и Методија. Се заврши и оваа учебна година. Нешка и Толе поминаа со добар и многу добар успех, а нашиот Крсте само шестки изнесе и голема пофалба од даскалот. Сите тројца поминаа во трето одделение и наесен ги чекаше пак училиштето и нивното детинско наивно другарство.

 

* * *

 

Дури да се стори поп, како манастирски слуга поп Петко одвај можеше леб да им донесе на децата. Ама ете, гo послужи среќа. Остареа тројцата попови — поп Трајко, поп Стево и поп Димитрија, и селаните се загрижија дека еден ден можат да останат без свој душебрижник! Собрани еднаш на сретсело околу најстариот поп Димитрија, коџабашијата Трајко Лесната гo поткрена прашањето за негов замесник.
— Ама најстина, дедо попe, шо ќе правиме ние кога еден ден ќе не оставите вие и ќе се преселите во вечна? Немој да ми се лутиш оти ти го вела воа в очи, ама се гледа оти сете тројца сте азар за одење и брго ќе не оставите. Како добар слуга божи ние те слушаме еве четириесет и толку години, та и воа сакаме заедно со тебе да го решиме. Секој домаќин си остава наследник на куќата, та и ти така треба да направиш, да си одредиш наследник на твоето меето. Кога ти го вела воа, не сакам да сјодиш од нас, ама тоа кога да е, ќе си биде, ќе се оди тамо, побрго или подоцна, тоа господ знае. Помисли си, ти еден ден ќе скипнеш, а селото ќе остане без свешченик. Ќе се најдат луѓе од наше село, и од други села може. Селаните ќе се разделат во изборот и така ‘ќе се направат тарафи. А тарафите никогаш добро не му носат на рисјаните .. . Токо, знајш шо сме намислиле ние. Ти да си избериш наследник на твоата енорија, а ние ќе направиме потамо шо треба. Само да гледаш тој твојот наследник да биде достоен да те наследи.
Дедот поп го ислуша коџабашијата и рече дека и тој одамна размислува, а кога, ете сега, тие сами гo поткреваат тоа прашање, тој реши веднаш да им ја исполни желбата и да им го покаже својот наследник, на кого мисли да му го остави своето духовно стадо.
— Д’лги години како и гледам нашите книжевни луѓе в село, ама ни на еден не су врлил око. Дури едни не го знаат редот ни гласовите на црковното пеење, други немаат други условија што се бараат од еден свешченик. Лакоми се на парата, си и тепаат жените и децата, некои се одале на пиење и пушлук, да ми прошчавате; трет излегол кумита, та така од секого би имале по некоа мака. Ами изборот мој падна, деца, на еден човек, кого може вие малку го знајте, ако и добро да го познавате. Го гледа ред години и само тој би можел да ме замени во моата тешка и одговарна работа. Ама сега е пак прашање дали он ќе кандиса на ваа работа. Оти, ете, судбината го одврли далеку и од мислата за ваков подвиг како шо е свешченичкиот. Ами сепак јас ќе ви го кажа и ако успеите да го кандисате, за вас ќе биде од голема корис, a јас пак ќе го симна товарот од мојот грб и мирно ќе си ода на почивка кога севишниот ќе ме прибере. А и нему не ќе му биде лошо. Ете, селото брго ќе оставе без бареден поп, та ако он биде добер, шо веруам оти ќе биде, и другите две маала не ќе има потреба да бараат други свешченици, кога ќе видат оти им врши работа и се грижи за спасение на вашите души, — заврши дедот поп Димитрија и си ја забриша потта од набрчканото чело.
Дури дедот поп ова го зборуваше сите со нетрпеливост чекаа да го каже името на својот избраник.
— Е, кој е тој човек шо си гo избрал ти? Кажи му го само името да го чујме и биди раат! — праша пак коџабашијата Трајко.
Дедото поп веднаш им ја исполни желбата:
— Е море, кога сакате, да ви го кажа. Јас вела за мојто маало да го запопиме ној манастирцкиот ѓак, ној Петка од Мелница шо му умре жената пред печес месеци. Го знајте, зет му на дедот Ѓура. Toкo, јас се плаша дали ќе кандиса, сирома, оти децата му се ошче малечки, та може човекот ќе бара некоа сиромашка, да се прежени, а канонот црквени не дава преженет човек да застане на алтарот и да служи.
Меѓу селаните настава џагор. Им се виде дека изборот на дедот поп е одличен. А за тоа дека тој е вдовец, ќе се погрижи коџабашијата Трајко, бидејќи ни на Петка нема да му биде лоша работата. И Трајко си ја зеде грижата да ја сврши оваа толку важна селска работа. И ја сврши. Го најде на Илинден Петка во Градешница и му ја пренесе желбата на дедот поп Димитрија и неговите селани.
Петко се позамисли малку но веднаш се присети на поповскхтот животец, та уште тука одговори:
— Арно велиш, Трајко, брате. Анџак мене на Митровден ми излегуа меѓата во манастирот, да не се главуам пак. Токо, дали ќе оди така лесно таа работа. После ти знајш оти за попење сака и некоа пара повечко, a јас маж, немам ни петак во ќесето, та тоа ка ќе излезе. А ако не излезе како шо требе, сака децата да ми гладуаат в година без работа.
Трајко се знаеше, а уште повеке дека Петко е сиромав, но имаше полномошно од селаните и го ослободи од таа страна Петка. А штом човек тамаше по тоа време парички, другото се беше лесно, особено попењето. Ќе му се бројат на владиката четириесет педесет, или колку ќе посака, лирички и еве го за дваесетичетири часа и прота, не само поп.
И Трајко уште утредента си ја јавна маскичката и си отиде в село да им ја однесе на селаните радосната новина.
Петко пак, си ги посврши своите питачки работи. Го продаде брашното, сирењето, гравот, волната, житото и другите „дарови” што ги собра в село за свети Илија, си го јавна вакафскиот коњ и си отиде во манастирот да му ги однесе последните пари на егуменот
Кога патема помисли дека можеби ќе мора да се раздели од својот питачки стап, кој го носи осумнаосет години, од манастироката торба во која ја носеше иконата од свети Илија закитена со босилкова китка, — соти болка и тага на душата. Осумнаееет години го хранеа тие три предмети и него и неговото многучлено семејство.
Ho кога си помисли на поповсиот живот, на сите оние облаги што ги уживаа поповите, тагата го остави и во душата сети леснина и така радосен си дојде на манастирот и му ја предаде иконата на дедот Сталета со изјава дека не мисли веќе да се главува кај него. Овој се позачуди на Петковите зборови, но кога Петко му ја кажа својата намера за попење и тој се израдува.
—Ако ти притребе, пак, некој и друга лира за арч, дојди, пак, јас ‘ќе ти дада. Само гледај да кладиш венец на глава, пак. Лесно ќе му се одборчиш, пак, после на свети Илија. — му одговори стариот готов да му помогне и тој како селаните со коџобашијата Трајка.
Овој дедо Стале Чешелковиќ беше егумен на манастирот свети Илија во село Мелница — Прилепска каза. И не само егумен, ами тој беше и основател на тој манастир. Како дете на сиромашни родители, Стале, ергенче веќе на седум осумнаесет години, почна да оди аргатин по Солунско Поле; слезе долу во Кесендра и Метуите и подработи неколку лета на светогорските чифлизи — жниеше, вршеше и се враќаше назад во Мариово да ги пасе селските свињи или говеда преку зимата.
Едно лето за задржа подолго по вршење, уредуваше копи, градеше сламарници, подработи на манастирската солана и така го фати Крстовденот таму покрај морето. И кога се сети дека сега веќе по негово Мариово фуртуните наближуваат, а тој треба пак да го дочека со ланското сакме и шајаче, косата му се наежи и ладна пот му го облеа челото. А тука, крај Егејското Mope веќе горештините престанаа, комарците се поизретчија, а ноќите станаа пријатни, што на Сталчето не му се одеше од лето во зима, од топло во студ. И тој почна да си ја подгрева мислата: „Ако можа овде да презимуам, арно ќе направа”.
Неговото одолжување, небарање пари, неспремање за на пат, му падна в очи на манастирскиот настојател по чифличките работи од Зографскиот манастир и еден ден го запраша Сталета:
— Белким сакаш, бре момче, да останеш овде на работа зимава?
Стале одвај го дочека прашањето и веднаш му одговори:
— Ами ако можа да го извада лебот, оче, оти да не сакам. Токо, којзнае дали ќе има работа на зима овде за мене, — изусти полн со надеж дека ќе им куртули годинава на снегот и селските свињи во неговото Полчишта.
— Как да нема! — му одговори настојателот. — Работи имаме колку сакаш. Ете, ти веќе нашиот метох го знајш. Толку години на ред како идеш на жетва и вршење. Вели тоа што го жниете и вршите се ора, се оее, та да се стори за жетва. Ако милуаш, остани. Ете, почнува сеење. Ќе се главиш до пролет на манастирот, па од Ѓурѓовден, како ќе даде господ, така. Ако се сајдисаме може и понатака да останиш, — го охрабри стариот калуѓер Арсенија, којшто беше дошол по истиот пат во овој манастир и со својата чесна и приврзана работа, ете го дотера до настојател на манастирскиот чифлиг. А да биде калуѓер настојател на еден таков чифлиг каков што е Зографскиот во Кесендра, тоа значи да биде бег, буер, гроф, барон на друго место.
Стале очигледно се израдува и му одговори:
— Ами, ако велиш ти, оче Арсенија, да остана, да остана. Токо, непара су печен на работата, којзнае дали ќе можа да врша работа та да не се страма утре? Остави го страмот, веќе ‘ќе си го носа, токо ми е стра ќе се огреша нешчо та може да го налутиме свети Ѓорѓија.
— Те познавам јас тебе, Сталко. Те видов колку пари чиниш, затоа и ти велам да останиш. Колку си вреден ќе работиш, ќе јадиш лебот, ќе кинжи опинците. Па ние не ќе се венчаме овде, шо велат селаните! Шест месеци ќе се протргаме и ти нас, и ние тебе. После меѓата ако не му чини на некого, ти ќе си бараш работичка, ние ќе ои бараме измеќар.
— Арно сега, токо колку ќе ми платите, до кога, да си знајме и вие и јас? — праша Стале иако беше согласен на секакви услови.
— Колку? Колку е мунасип. Неоти ти ќе сакаш да го ограбиш свети Горѓија, нито пак тој сака да му служиш бадијала. Нашите момци, орачите, сами на глава што можат плуг да си спрегнат, да си го потправат за малка оправка, да си водат сметка за ѕевгарот, ги плаќаме по седумосум до девет лири годината. Ги раниме што дал господ, и ги обуваме. Кој сака за сметка на ругата си зема житце, волничка, масленце, солца и друго што има манастирот. И тебе така. Како нов момок, уште неопитен во работата, ќе ти платиме отсега — Крстовден до Гурѓовден четири лири пари, рана и опинци, бидејќи има повеќе од половина година. Ако милуаш да останиш, дај раката и речи аирлија.
Стале со радост му ја подаде раката на дедот Арсенија и рече:
— Аирлија нека биде саатот! Шо ќе ода да служа на цело село и којзнае дали ќе извада волку пари, ќе остана да му додевам на свети Ѓорѓија.
И пазарот се сврши. Стале Чешелков се нареди вечерта со постојаните момци на манастирскиот чифлиг.
Каков нов и млад момок беше придодаден кон еден долгогодишен момок, и овој си ја зеде грижата да го оспособи Сталета за добар чифчија. Место еден ѕевгар волови, Стале гледаше два, место за себе да носи вода, носеше за двајца. Просто стана слуга на стариот, а преку него на свети Ѓорѓија.
„Тоа е, дошло, ќе се трае”, си велеше Стале и гледаше како над сите момци стои отец Арсенија и само да трепне со левото око сите на нога се наоѓаа, Ништо не работи тој отец, им заповеда на сите и крка ли крка одделно од момците, во своето одајче.
Се заврши сеидбата и настана мало затишие на метохот. Стале облетува околу отец Арсенија, го служи и кога овој не заповеда, а и својата редовна работа околу авурот. воловите, коњите, кравите не ја остава поназад. Во себеси пак си мислеше, гледајќи го животецот на отец Арсенија:
„Овој човечец си а наредил работичката. Си живее без гајле и касавет. А ете ми прикажуа, и тој исто како мене дошол момок овдеа, се закалуѓерил, вели, и ете дотерал да биде бег на чивлигот. Дали не ќе можа и јас како него нешчо да направа и како?”
Стале почна да се занимава со оваа мисла. Кога можеше да зборува со отец Арсенија, гледаше да го наведе да му го раскажува неговиот живот, кој во ништо не се разликувзше од Сталевиот. И тој дошол прво да жние и врши, потоа останал момок; после го зеле во манастирот во Света Гора како обичен слуга на сите калуѓери. Co долга и упорна послушност ја стекнал љубовта на егуменот и на сета братија и еден ден и него го поканиле да ја наметне црната риза и да им стане „во Христа брат”. Тој веќе ја сфатал работата и си почнал како најмлад меѓу сличните да се „подвизава”. Точно и навреме ги вршел сите молитви и свегатени обреди, но затоа уште поточен бил во работата околу лозјата, бавчите, маслинките, смоковите градини итн. Co еден збор, по една две години тој станал во вистинска смисла на зборот економ на манастирот. Неговата работа не останала незабележена од егуменот. И така, по смртта на овега, станал самиот Арсенија економ, а подоцна и управител на големиот манастирски чифлиг во Кесендра.
— „Ете ти го патот по кој можиш и ти, Сталко, да дојдиш до највисоката скала.. како отец Арсенија”, — си рече сам со умот Стале и започна да си го разгазува тој пат.
Преку зимата му влезе под кожа на отец Арсенија Гледајќи го Сталета, отец Арсенија се гледаше сам себе во своите млади години и му се свиде оваа волја на младото момче да стане како него. И самиот реши да му помогне, да „спаси една рисјанска душа”, што му беше возложено и со калуѓерската програма: „прави добро со што можеш”.
Co првиот транспорт брашно за манастирот, Арсенија го испрати Сталета да раствори и да го смести брашното во амбарите. Стале ја изврши задачата на општо задоволсгво и донесе назад масло, маслинки, риби, вино и други продукти што му ги испратија од манастирот за чифлигот од дедо Арсенија.
Така ја започна својата кариера жетварот Стале Чешелков и од ден на ден ја зацврснуваше, ставајќи во очите на дедо Арсенија се поголем, се почесен, повреден и попредан на манастирското и калуѓерското дело.
Од отец Арсенија разбра дека една од добродетелите и дури најглавната е неговата побожност. Затоа Стале не пропушташе утрена ни вечерна служба да не ги посети параклисот, каде што отец Арсенија оекое утро и секоја вечер читаше напамет едни и иста молитви: „Помилуј мја, боже”, „Богородице дјево”, „Единородни сине” и други што беше ги научил напамет, оти и тој не беше пиомен како што не беше писмен и Стале. Но тоа не му пречеше на отец Арсенија да управува со таков голем чифлиг, та и Стале не се беспокоеше и не гледаше некој недостаток во тоа што не е писмен. За неполни два три месеци ги научи напамет молитвите и, на големо чудо од отец Арсенија, почна и сам да ги мрмори во параклисот кога се крстеше и длабоко правеше по четириесет метании наутро и навечер без да се почине.
Отец Арсенија виде дека Стале ќе биде одличен подвизник ако го кандиса да го заборави овој свет и да се посвети на господа. Затоа и тој од своја страна почна да му укажува специјално внимание. Почна да го наговара одоколу да остане и налето момок, може не ќе жние токму со аргатите, ќе помага нешто на булукчиите, а и нему ќе му биде десна рака.
Стале тоа го чекаше. Уште повеќе се залепи до отец Арсенија и уште пред половина година двајцата се разбраа. Арсенија ќе го прави Сталета калуѓер, a Сталко веќе се гледа егумен. Ама егумен не на светогорски манастир, каде што има многу калуѓери, та од година да може друг да го истурка, ами егумен на свој манастир, од него подигнат во кој ќе му биде егуменлакот осигурен до живживоти.
И навистина, Стале остана петшеснаесет години во Света Гора во манастирот свети Ѓорѓија Зографски. Одамна веќе беше ја наметнал црната риза и капа, се „подвизава” заедно со сите негови „братија во Христа”; беше најмал брат и најпослушен, после дојдоа помали од него, а тој стана „ас’л калуѓер”; ги научи сите молитви напамет, дури и тие што „лекузаа” најтешки болести. Но едно не научи. He научи писмо и четмо и затоа не доби „посвештение” во свештенички чин, за кое многу жалаше дури беше жив.
„Вистински слуга божи е оној што може да застане на алтарот и да отслужи света литурѓиа”, повторуваше тој за целиот свој живот.
За да ги задоволи пак своите амбиции и да стане доживотен егумен, реши да се врати во своето родно место и да подигне „свој” манастир. И го направи. По шеснаесет години, еден Ѓурѓовден, си дојде Стале Чешелков во Полчишта во црна риза, со брада и коса нестрижена, со црн појас опашан, на гушата крст со црна врвца обесен, и неколку рала бројаници.
Домашните, село, селани, го пречекаа како што се пречекуваа божовен човек и сите со почит го поздравија. Многу од младите жени, па дури и по некоја баба, и рака му бакнаа, мислејќи дека Сталко е веќе запопен, макар да не носеше „венец” на глава.
Нејсе, тој се исповеда пред сите дека не е поп, но само „црноризец” — калуѓер. Им го исприкажа својот живот и сите приклученија што ги преживеа за поминатите шеснаесет години и не заборави на крајот да ја раскаже измислената лагарија:
— Ете, пак! — Стале донесе од Света Гора еден збор повеќе во својот речник: „пак, пак”. Тој слушал неколку години црквена служба во манастирот и покрај молитвтите што ги беше научил напамет му остана како зборче она „паки, паки” што го повторуваат поповите толкупати во црквата. И затоа тој на секое два три збора обично си клаваше по едно од овие „пак, пак”. И сега ете го крајот од неговата биографија, во Света Гора. — Ете, пак, така јас помина шеснајеет години во Света Гора и ошче шејсет немаше да си дојда да не ме натера, сполај му, свети Илија.
И почнуваше: како од пред една година скоро секоја ноќ му се јавувал на сон свети Илија, го носел во Мелница во нивата на Сталета Петков и го обесувал надолу со главата на големиот даб и му велел: „Ете тука до дабов сакам мекан да ми подигаеш да не одам да се потуркам од немила — до недрага”, и го плашел оти душата ќе му ја извади ако не го стори тоа. И затоа тој го напуштил тој „божји рај” — Света Гора, и ете го, си дојде да ја исполни заповедта од „сајбијата” од кладенецот Илинец во Сталевата нива сака да му се направи меќани манастирче и дека ќе му направи многу зло на селото, ако не му помогнат во оваа работа. А тој, Стале, е одреден од самиот свети Илија да му биде „слуга” дури е жив во новиот дом.
Значи, Стале, по планот што го скрои уште првата година кога стапи на работа кај отец Арсенија, треба да биде игумен на овој манастир, а тоа значи веднаш да стане богат човек и да си заживее како што живееше самиот отец Арсенија и редица такви како него „испосници” и „божи угодници”.
Од ден на ден оваа мисла Стале ја ширеше по сите околни села и почна редовно да се вртка околу дабот и кладенецот Илинец, каде што сопственицата — сега вдовица, — Трна, секој Илинден колеше по едно имањце како на вакавиште да и го пази свети Илија последното детенце Петка, бидејќи пред некоја и друга година беше умрел мажот и Стале и три постари деца, та Пецето и беше единствената надеж на изгорената мајка. И Стале, кој уште на триесет и пет години стана дедо Стале поради својата коса, брада и црна антерија не пропушташе ниедна несреќа во селата да не ја протолкува како казна од свети Илија што не му го прават селаните меќанот -манастирот.
И кога најпосле на Трна и се разболе и последната надеж, Пецето, — тој побрза да ја исплаши дека свети Илија толку се разлутил на неа што не ја дава нивата за манастир, та ете и последното пиленце ќе и го прибере.
— Пак, не играј си, светијованке со оген. Гледај, пак, зборувај, моли селаните да почнат баре со црквата, та конаци може и попосле. Баре „сајбијата” да има каде да се прибере.
Сиротата мајка се затресе од овие зборови и ја зеде шамијата в раце, та тргна од домаќин до домаќин да моли да и помогнат да се подигне „куќа” на „сајбијата”. Таа ќе ги даде сите ниви околу кладенецот, само и само Пецето да и го стори дел.
Во тоа време беше фатила општа епидеммја по децата во селото и многу од нив изумреа. На нежои од селаните им умре по некој вол, коњ, магаре. Волкот изеде ждребиња, телиња, јагниња, јариња — како секоја година и секаде, но Стале го искористи овој материјал и помогнат од вдовицата Трна ги наплаши селаните да почнат со подготовките за манастирот. И се насекоа греди од блиската корија на вдовицата. Стале веќе си направи колипка и си ја зеде егуменската должност. Дури почна да’им заповеда на селаните кој што да работи, што сака од секого „светијата”.
— „Пак, ти, Митре, треба да изделкаш толку греди. Ти Пејо, ќе набериш камење за вар, ти Стоане, ќе насечиш дрва за вареницата!”
Секој поодделно ќе работи на копањето темели, мешање вар и песок, подавањето и помагањето на мајсторите. А целото село ќе се грижи за храна на мајсторите што Стале ги најде и ги пазари 24 лири да ја соѕидаат црквата, иако немаше ни 24 пари во ќесето
— Пак, село нека е весело, — велеше тој. — Дури има домаќини луѓе, како што се Весковци во Мелница, Чешелковци, Бојовци, Рошковци во Полчишта, Влајковци, Милошовци, Билјаровци, Шишевци, Сукаловци во Витолишча, Врглевци, Коруновци и други во Бешишта, пари ли не ќе најде Стале за манастир?
И ете, уште на Петковден самиот тој отиде на панаѓур во Бешишта и пиша на рабош 10 товари жито, 18 овци, 22 јагииња, одделно што собра три лири и черек готови пари, толку зеде за брашно, волна, сланина што собра од селото за новиот манастир и го продаде тука в село.
На Митровден отиде во Дуње и Бѕовиќ, на свети Аранѓел во Крушевица и Книно и оттаму собра десетина лири, просејќи милостиња за новиот „наш манастир свети Илија во село Мелница”. А кога дојде свети Атанас зимен и Спасовден, Стале од двете најблиски и најголеми села, не само што собра пари за два манастира, ами направи веќе и булук од 150—200 овци и кози, подарени „за здравје” и три четири телиња, една две крави за домазлак на манастирот, та дури и една кобила и пет кошари пчели.
Стале виде оти работата тргна и дека сам ќе те претовари во работа, та си создаде помошници. На Илинден 1871 година тој ги покани сите чорбаџии и видни луѓе од соседните села на госта на новиот манастир, и тука, под големиот даб, над кладенецот Илинец, во нивата на вдовицата Трна, се отпразнува првиот Илинден, иако уште непокриена црквата. Тука се избраа притропи (веќили) од текое село, кои ке ги застапуваат интересите на манастирот во нивното село и ќе ги исполнуваат наредбите на егуменот којшто е веќе видлив претставител на невидливиот свети Илија.
Затоа оттогаш на „дедо” Сталка работата му се олесни, а приходите зголемија.
Врви Богдан Шишев од Витолишча за на пазар во Прилел, а Стале од под дабот му нарачува:
— Пак, земи Боше, печес везаници кромид, лук, некоа ока киселина, шеќер, пипер, шајки, резиња, риби, маслинки…
Ни пари праќа та дури ни торби. Се знае. Веќилот Богдан затоа е веќил да му служи на свети Илија. Тој сега ќе даде десет дваесет гроша, но ќе му ги земе на ден свети Илија четириесет кога ќе се собираат јагнињата, јарињата, волната или сланината. Кај него ќе ги остави ѓакот и тој ќе ги продаде сите тае работи и колку ќе чини „кабул”, толку ќе внвсе во манастирската каса, која всушнсет беше Сталевото ќесе.
По тој начин Стале образува „управен одбор” чијшто доживотен претседател остана тој. Сите веќили од селата располагаа со собраните дарови за манастирот и даваа по нешто во општата Сталева ќесија, а таа од ден на ден се полнеше. По една две години Стале соѕида и конак. He само свети Илија да има меќан над глава, ами и тој, како негов застапник на земјата, не сакаше да опие во колипката. Соѕида и авури за воловите и коњите, амбари за житото, оти веќе сите нивчиња околу манастирот вдовицата Трна му ги ариза на „сајбијата” да и го стори дел Пецето, инаку ќе си остане и без него.
— Пак, светијованке, пак, ти се лути свети Илија шо му врвиш крај црква и преку двор кога одиш „Даги нива”. Затоа вели: нека ми а ариза и ваа нива да не и се стори кедер на детето, — ја плашеше Стале Трна, бидејќи „Даги нива” беше нива од осум товари семе пченичарка, од која Трна наоѓаше по 50—60 товари пченица, та „сајбијата” сакаше таа пченичка да се тура во неговите амбари, а не во Трнините. Но што е имотот — според животот на најмилото?
— Mope ами, бацко Стале, ако се лути, ете а, нека му е алав и од мене и од господ, — изусти Трна една неделина кога Стале и го соопшти „лутењето” на сајбијата и длабоко се издиши:
— Нека ми е живо пиленцето, та лесно ќе си го израна. Ми дал господ мене и други ниви.
— He бери гајле, светијованке, пак. Јас пак, не го оставам, пак, Пецето да ти страда дури су жив, пак. И светијата ќе го има во раката, пак, нека биде живо.
— ја тешеше Стале со особено задоволство оти и таа работа успешно ја сврши.
И навистина, дедот Стале го зеде малото Пеце под рака и осумнаесет години го главува момок на манастирот за по шеет товари ‘рж, две лири пари, опанци и храна да проси по селата за истиот тој свети Илија што му ги прибра нивчињата.
Еднаш волкот беше изел две манастирски ждребиња. И кога му соопшти говедарот на дедот Стале, тој си ја зеде патарицата, која беше симбол на неговиот егуменски положај, и му отиде во црквата пред иконата.
„Кандилата се занишаа и иконата од свети Илија почна да трепка со очите”, — тврдеше маѓерот Стојко Попов, кого нарочно Стале го поведе со себе во црквата да присуствува и да биде свидетел колку е „посветен” дедот Стале, кога може да се кара со самиот свети Илија, та дури и хандилото пред неговата икона може да му го искрши.
— Пак, ела ми, ела ми, пак, овде, вадика ќе те права пак. — Дедот Стале не можеше да го изговара тврдото „л” и гавореше нешто средно од ,,в” и „л”.
— He си гледаш сермиата, пак, си му а оставил на в’ците да а јадат, a јас да а збирам со триста маки
— и удри со патарицата на кандилото. Стаклото се раопрсна на триста парчиња и маслото со водата што беа во него го облеа целиот иконостас и душемето под него.
— Така, пак. Стојко, да не клаваш цела недева чаша во кандивото, нека седи темница, да видиме дали ќе му дојде умот на вој наш светиа да а варди сермиата! — му нареди на маѓерот Стојка кој водеше сметка да не остане „сајбијата” темница.
Стојко тврдеше дека целата таа недела, кога не му светеше кандилото на свети Илија, не можел да заспие. Се некој го терал во црквата да пали овеќи за да има светлост, и дури кога клал чаша и го запалил кандилото, тогаш престанал да го тера да пали свеќи.
Другпат изеде лисицата неколку кокошки. И кога дедот Стале го скрши и ова кандило за да го свети Илија пак да седи во темница седум дена, тој побрза и ноќта ја „доведе” лисицата пред манастирската пopта и тука, „потфатена” од сите четири нозе, ја налегнаа пците и со кожата ги плати кокошките, а дедот Стале му нареди на Стојка да кладе веднаш чаша во кандилото и да му го запали рано пред вечер, оти свршил работа, го накажал арамијата што ги украде кокошките.
Така свети Илија си ја чуваше сам стоката та никој не смееше да гибне ништо манастирско (освен притропите по селата и веќилите Вртановци во Прилеп) за да не се потфати како лисицата или волците што паднаа на пусија, откако ги изедоа манастирските ждребиња. Секој гледаше да даде што може повеќе на манастирот и со тоа да добие милост и за себе и за своите блиски, та дури и арамијата Катар Ќаа му приложи на свети Илија седумдесет лири да го чува од вариите и потерите што гo бркаа, со кои пари дедот Стале му го плати зографисувањето на Аврама Дичов од Тресонче.
И така дедот Стале веќе во првите петшест години од создзвањето на манастирот располагаше со чифлиг од 80 хектари најубава земја, со булук од седумосумстотини овци и кози, со сурчја од шеесетседумдесет говеда и коњи, со седумосумстотини овци и кози, со сурија од шеееетседумдеоет говеда и коњи, со седумосум ѕевгари волови, со стоипедеоетдвесте кошници пчели и стодвесте кокошки, врз оето тоа со седумосум души момоци како отец Арсенија на чифлигот од свети Горѓија во Метуите. А кој има толку имот и толку села наоколу да работат 10 од сто за него, сигурно и ќесето не ќе биде без петшестотини жолти.
И затоа тој сега му вети на Петка некоја и друга лира, бидејќи знаеше дека овој сиромав момок не е момок од татко, што се вели зборот, ами тој го направи момок уште кога му ги зеде нивичките што му ги остави татко му Стале.
Од друга страна пак, бидејќи овој дедо Стале беше неписмен и не можеше да стане поп, тој имаше многу мерак барем некој од неговите блиски да се изучи и да биде поп во некое од блиските села. Односите со поп Спиро од неговото Полчиште не беа баш толку добри, бидејќи тој секогаш кога служеше во манастирот бараше од дедот Сталета да му плати цела бела меџудија, а врз тоа парите од молитви, крштења, пеанини и друта свештени работи не ги оставаше попот на манастирскиот диск, ами си ги прибираше во својот џеб, та дури и литургиите што ги носеа селаните за нафора си ги клаваше во торбата и им ги носеше дома, на попадијата и дечињата.
Затоа сега дедот Стале амногу се израдува кога му рече Петко оти сака да се запопи и му вети полна поткрепа со некоја и друга лира, бидејќи ќе прави добро на свој човек, кого сам тој го дотера до питачки стап, а од друга страна ќе се спаси од поп Спира да не му плаќа секоја служба бела меџудија. Вака, кога Петко ќе стане поп, тој ќе си служи на „неговиот света Илија” за здравје, за душата од татка му, од деда му Петка, од мајка му Трна, која одамна беше појдена кај мажа си и умрените дечиња, и така ќе ги користи и овие дваесет гроша што му ги плаќаше на поп Спира за секоја служба.
И така, со најубави желби и полна готовност да му помогне, старецот го испрати својот долгогодишен слуга, а Петко го напушти овој свој дом не без тага на душата и болно чувство што ќе се оддели од својот питачки стап, но сепак задоволен од тоа, дека ќе може подоцна, како поп да му отслужи и литургија на неговиот свети Илија, како што му собираше осумнаеоет години разни подароци од селата.
Си зеде збогум од „добриот дедо Стале” и, потпирајќи се на стапот, околу мракот си дојде дома. Преноќева со децата и утрото излезе в село да го најде коџобашијата Трајка и да види до каде е дојдена неговата работа со поплакот.

Трајко го дочека Петка со раширени раце и веднаш се договорија кога да тргнат кај владиката да му ја однесат молбата со потписите од селаните за да го запопи. Што е најглавно, Трајко треба да најде пари да му се плати „трудот” на владиката што го направи Петка поп.
He поминаа ни дватри дена, Трајко дојде кај Петка и му кажа дека другиден тргаат кај владиката на попење. Петко веќе чекаше и беше готов. Та што имаше, најпосле, да се готви? Тој ги научи во манастирот сите поповски марифети од поп Спира, на кого му помагаше во службата како нему што му помага сега Кушо, и требаше само да го „благослови” владиката и да си започне со работата. И ќе го запопи, што ќе прави владиката кога селаните се потпишале оти ќе го издржуваат овој свој нов поп. А уште повеќе кога собрале и пари за „заметот”.
Кога отидоа во митрополијата, Трајко слободно влезе, бидејќи долги години беше коџабашија та многупати имаше водено брачни друшки што сакаа да се оставаат, па затоа и сите луге го познаваа, а и тој ги познаваше.
Петко пак, како манастирски слуга, ѓак, му носеше на владиката мед, ореви, сирење, маст од манастирот; го придружувале на враќање до Битола, бидејќи владиката неколку лета летуваше на овој нов манастир, та и тој беше познат во митрополијата. Но сепак Трајко влезе прв и ја подаде писмената молба.
Владиката го погледна Трајка од високо и од нервоза му се засука брадата и косата во суграви сугурци. Но кога Трајко му рече дека е испратен од селаните, а кога подвлече со особен тон дека носи и пари за тоа, владиката го промени тонот на својот разговор и му вети дека ќе им ја исполни желбата на селаните, толку повеќе што го познава човекот и лично, та сака и нему да му направи добро, верувајќи дека со тоа и прави добро на црквата, на верата и народот, бидејќи Петко беше сигурен во секој однос.
На првата редовна служба Петко беше ракоположен за ѓакон, утредента за свештеник, и откако владиката го испраша дали ги знае сите поповски марифети, а особено откако ги брои Трајко дваесет и петте златни лири, нашиот Петко ја кладе в џеб „грамотата”, си ја наметна шапката што му ја купи самиот коџабашија за спомен и си дојде в село како вистински поп.
Токму пред попење му умре и жената и тој остана со ќерка си Бисера и сина си Крстета. Од имовиште му остана уште по некоја слаба нивичка, но ни куќа, ни покуќнина. Разметуваше годинава една пуста куќа, в година друга и така го тутнеше векот на „вересија”. И додека другите попови насекаде пливаа во изобилство нашиот нов поп Петко немаше ни грне во кое да свари грав.
Арно ама.. и нему му се просака поповски да проживее. Да купи се одеднаш во една две години, беше невозвиожно. За покуќнина, ајде, како му годе, ама куќа и сермија да се собере, за тоа треба време и печалба. Затоа попот си се фати за народната поговорка: „кого туѓа вошка не го полази — не може да сети јадеж”.

26
Тоа лето умре чорбаџијата Бино Жиовчев. По него, на десет дена, и жена му, та останаа две деца сирачиња, Анѓа од единаесет и Петре од осум години. Никаков роднина не остана да ги прибере, а стока остана „достур”.
На анот од Младена Чкулот поп Петко се најде со коџабашијата Лесната, и лафмуабет, го поканија попот да се прибере во куќата на умрениот чорбаџи Бина и да ги прибере децата и сермијата. Половината земја да си ја задржи за себе, девојчето — снаа за сина му, а кога ќе порасне машкото да му ја стори теслим другата половина, што ќе остане, се разбира.
И попот ова го чекаше: да дојде до куќа и така азар сермиичка, та му благодари на Лесната и Младена што ќе му помогнат да се извлечка од калта и да ги прифати и децата и стоката,
Речено — сторено. Потврди Колобан, којшто ги затече во разговорот овие тројца селски главабашии.
— Се арно, се убаво! — му велеше попот на Лесната и другите што учествуваа во разговорот, — ами ако запне нози тој мојот пезевенк да рече оти: „а нејќу”? Сака да се страма јас.
— Нема што да рече он. Зар ти туѓи каде венчаваш шо велат неќу, та не ќе го подвиеш твоето! Ете, како на Гизата шо го заврте околу бурило ошче на тринајсе години, ќе го завртиш и твоето, та од ка ќе му го наметниш оглавчето не ќе може да ти мртка врзано. Ќе му даде господ и некое малечко, и еве ти се наредено. Токо, оди, оди, прибери си се и стори се стопан на малечокот, та ако и слушаме ние децата шо сакаат, ќе не заведат далеку.
Ама пак нешто го глочка сиромашкиот поп. He е неговото како другите деца. Се му се чини оти не ќе излезе како што треба. Ако се погоди пак на вујкаси Ѓура, ја уредивме работата!
„За секој случај не права лошо да го прашам, аке е малецок”, — си рече попот.
И уште истата вечер, откако Крчо си легна, поддена разговор со ќерка си Бисера.
— Вака и вака ми рече денеска коџабашијата. Шо велиш ти на тоа? — И и го раскажа целиот разговор што го водеше на анот од Младена и зачека одговор што мисли таа. Да го прашаме ли Крлета или ич и да не му ни кажуеме?
Бисера се позамисли. Како секоја сестра и таа си го сакаше многу своето братче и не сакаше да му нанесува жал и маки.
— Ами ако не а засака на големство? — Место одговор таа му постави прашање на татка си. — Тогаш треба да си го отруеме детето и да ни и к’ни коските додека е живо. Јас вела да го прашаме, ако е мал, да го чујме шо мисли и он. Та он ќе векуа век со неа, а ти и јас може да си одиме.
Крле пак грчеше под козинавчето, но тоа беше само преправање. И кога утредента Бисера почна да припрема терен за да ја изведе работата на чистина,
Крле веќе беше донесол решение и кратко и јасно и одговори.
— Вечер ќе ти кажа!
И си зеде леб и сирење во сакулето, отиде долу Мелничка река „по риби”.
Легна под Малчевиот орев на плеќи, ги фрли очите во широките лисја на оревот и побара едно прозорче преку кое погледот му изби. Таму горе во небесното синило ја побара својата умрена мајка и почна со расплакано и натажено срце да ја моли за совет и помош.
Од очите му течеа солзи, но тој не трепнуваше, срцето му беше како црквено клепало, устите му вражаа, а рацете ја прикрепуваа главата да не се настрани налево или надесно и да го изгуби прозорчето преку лисјата.
Лисјата на големиот орев ситно затреперија од порекот, а меѓу нив една женска глава како да слегуваше пониско и пониско, така што му се стори дека дојде до врвот на оревот. Тој го запре здивот и се исплаши да не слезе умрената мајка, веднаш да го земе со неа. Крсте се сврте ничкум, ја кладе главата на голата земја и долго, долго се мисли, додека најпосле заспа за да се разбуди кај ужина. Стана, си го зеде сакулчето со негибнатото јадење и си отиде дома.
Уште на одење се провртка по чаирот и не му беше тешко да ја види Анѓа и да и даде довечер одговор на Бисера.
Анѓа беше слабо девојче, со изнапрчени муцки, испрнати заби, бушаво. немиено откако умре мајка му, со гунчето наопаку, преврзано со црна старска шамија, та изгледаше како старица.
Крсте веднаш ја спореди со другарката од училиште Нешка Рожденкина.
— ;,Еееј! — си рече тој во младата, чиста душа. — Зар да се врза за ваа баба Анѓа, кога има такви чупиња како Нешка? He џанум! Ќе и реча на Бисера оти а неќу Анѓа и готово. Ами татко ако сака шо да права тогаш? Да избегам? Кај да ода?
Се прибра дома околу зајдисонце и се гледаше да не се сретне насамо со Бисера да не го праша што решил. Ho на Бисера тоа и беше работата. Штом го виде, го пречека со убаво. И дури другите денови го караше, дури и тепаше што се извалкал многу по реката, та не може да му ги пере парталите, вечерва го покани да вечера веднаш, бидејќи виде дека лебот и сиренцето ги вратил неѓибнати.
— Убав на сестра тој, ич не каснал денеска. Оти мори, доткин, не си ми ручал денеска? — го праша Бисера и го гали по бушавата коса.
— Шо да ти прави дотка кога татко така вели? Ќе имаш куќа, нивје, волови, овци, кози, коње, се шо ти требе и нема да страдаш за ништо. Токо ајде, ела ми дома, ќе му скрши дотка некое јајце да ми повечераш, та легни ми си. Ми ти се спие! — го гали Бисера и чека одговор.
— Јас Анѓа а неќу, дотко. Ни сега а сакам, ни после ќе а сакам. Ами ако татко сторил ниет и дал збор без мене, нека ме има он на душа, јас пак не го оставам да биде страмен. Толку било к’смет да се поцрна, нека му се праве нему ќевот, јас су кандисан на се. — Се заврте на другата страна и почна на глас да плаче. — Вие на душа да ме имате! — рече и цела вечер не му се слушна гласот.
He вечера, си легна уште пред кокошки, а на другиот ден кога стана, лицето му беше пожолто од восок.
Бисера му раскажа на татка си се, плачејќи од сожалба, но попот остана при својот збор и на третиот ден се пресели кај Биновите деца.
— Ногу знае он сега шо чини, шо не чини! — и велеше попот на Бисера, кога Крсте се помири со судбината и заживеа пак пргаво и весело со неговите другарчиња.
Многу од нив, речиси сите, не знаеја зошто попот е кај Жиовчеви и дека Крсте веќе е „армасан” со Анѓа. Попот не направи никакви официјални свршувачки, армасувања. Та и со кого би правел? Зетот десет, невестата единаесет години! Вистински макцамчиња, што велеше бабата Лила Третјакова, кога разбра зошто дошол поп Петко кај Жиовчеви.
Но Крчо и одеше, и играше, и пееше, и се смееше, но лицето никако не му се избиструваше. Од ден на ден губеше сили, место да му оди за напред. Очигледно, венееше, жолтееше и се сушеше. Попот велеше: — „Коа ќе си дојде на годините, ќе истера наеднаш како видан на пролет”.
Летото врвеше со своите горештини, со своите сливи, круши, јаболки, кајсии, грозје и царевка и наближи есента. И колку повеќе наближуваше почетокот на учебната година, толку повеќе Крсте страдаше.
Нему едно му беше неподносливо. He знаеше дали Нешка Рожденкина знае зошто е тој кај Жиовчеви?
„Не, не. Нема веќе јас неа да а гледам како шо а гледа. Нема веќе да и кажуам задачите кај Старчевото плетче. Нема веќе да другаруам ни со неа, ни со брата и Стоана. Нема веќе да а вида ни тета Доста, a ошче помалку дома да и ода и кора да и јада. Нема, нема! . . ” При овие мисли солзите му навираа на очите, но и се прашаше: „Оти пак толку су будала? Та шо и такса пак јас на Нешка и на тета Доста, та шо се плаша? He. He се плаша, се страма од ниј… a зошто да се страма? Неоти нешчо му зе, му украду, господ да чуа, му а запали племната? Јас ништо лошо не му ни мисле, ниту пак му мисла. Ако сакаат они пак можиме другари да си бидиме”. Така Крсте ја ублажуваше својата болка и се тешеше дека ќе биде разбран и од Нешка и од Стојана, а најмногу од тета му Доста. Но се му се чинеше дека сето тоа е малку и дека ќе треба нешто да направи. А што? И сам не знаеше.
— „Треба да не живеа кај Анѓа, — си рече најпосле. — Ете шо требе да направа”. И го направи, покрај сите попови настојувања работата да оди по неговиот план.
Таа година в село се отвори третокласно училиште. Во први клас се запишиаа сите ученици што завршија лани четврто одделение, меѓу кои прво беше Толето на Бојана Жиовката. Бидејќи од ова село имаше само седумосум ученици завршени четврто одделемие, при Архиерејското намесништво се отвори пансион за децата од другите мариовеки села. Дојдоа уште тројца даскали и со Бина се сторија четворица. При пансионот се додаде готвач, перачка и слуга.
Крсте одвај го дочека ова. Кога виде оти Колобан прв ги пикна Толета Бојанин во пансионот како противуслуга на протата што му го даде анот за пансион, тој си помисли: „Кога може Стоан Бојанин да биде во пансионот, кој си има и мајка, и татко, и сестра да го гледаат дома, оти пак јас да не можа шо си немам мајка?”
— He ода на даскал ако не ме дадиш во пансионот! — отворено му застана на татка си пред учебната година.
He помогнаа ни неколку стапчиња по задникот, ни кавги, ни аленици оти ќе го истера од дома.
Виде невиде, попот му ја објасни положбата на даскалот Бина и на протата. Бино потврди дека Крсте е одличен ученик и штета ќе биде да го напушти училиштето. Го примнаа во пансионот и уште истата вечер со покривчето на рамо се пресели од Жиовчеви во Влашкиот ан.
My олесни на душичката.
— „Охохо! — си рече кога го пречекори прагот на Жиовчевата порта. — „Да рече господ никогаш на зад да не се врата”.
И толку си достоја на збор, што целата година навистина не се врати, За преслекување секоја недела си одеа тукашните деца дома, а на Крсте мораше сестра му да му носи алиштенца и да му ги зема непраните за перење. Во втората половина веќе му ги зедоа во пансионот да му ги перат и така и таа негова врска со татковата куќа се прекрати.

 

* * *

 

Гласот за поповото одење кај Жиовчеви се пронесе брзо по селото. До Доста Рожденката стаса уште истиот ден кога попот се пресели, и тоа на „Гошово”, на жетвата.
Јатрва и Митра, која цела година гледаше кај мава Доста, побрза со задоволство да и соопшти дека попот отишол кај Жиовчеви со услов да и венча децата кога ќе потпораснат. Тоа нешто Митра го кажа гласно пред сите на нивата, така што го слушнаа и децата на Доста.
Стојан се насмеа слатко кога стрина му Митра му рече дека неговиот другар Крсте се жени и дека треба и тој да бара чупе да се жени. А кога и рече на Нешка — „Ајде, ајде и ти барај ерген” — таа не и остана должна, ами и врати со истата мера и подбишега:
— Е, чекај, стрино, да а видиме Ѓуца твоа, па после ние.
Митра, задоволна од ефектот што го направи нејзината новина, си продолжи кон нивната колиба и ја остави Доста да се мисли.
„Мили боже, мили! Човек крои едно, господ дава друго” — си вели Доста со умот. — „Па јас улава дури и невеста а гледа Нешка, и тоа попова снаа. Етете, каде му а даде браче Трајковата? Ами ете, кога човек мисли оти а ватил рибата, она — прц! — се замисли Доста, но и се утеши брзо: „Нека ми се живи децата, та ако не ми се попови снаи'” — и погледна во Нешка да види дали и таа нешто размислува.
Нешка ја слушна стрина и Митра и во првиот момент новината не и направи никаков впечаток. Кога и рече да бара момче за мажење — се намршти.
„Момче? Зошто ми е ошче сега?” — се праша, одејќи со српот кон татко и, кој преспиваше под сенката на другиот даб. — „Зошчо ми е! Та не ќе седа довекот кај мајка? Лели се мажат момите, та и јас кога ќе се стора мома, лели ќе треба да се мажа? A за да се мажа, — требе момче” … И почнаа да и се редат во главата сите друтарчиња од училиште. „Ќе си го зема вој, ќе си го зема ној” … — Овој оној, овој оној, ниеден не застана во нејзината малечка глава. „Ами ако не беше женет Крсте, него да си го земе?” Душата и се возбуди и се увили девојче, како да изгуби нешто што не се враќа веќе. Појде кај татка си, го скорна да жнијат оти одамна почиваат.
Тагата и отежна до неподносливост и мислеше дека во работата ќе ја заборави. Но колку новината стануваше постара, толку тежавата — потешка.
„М’ња го м’снало, шебекот еден! Каде е он за мене? Ни до рамена ни ми стига, ж’т е како тиква печарка, сув како чкорка, та он ќе бил за мене, красте!” — се тешеше, но сето тоа беше само потврда дека „и се слизна нешто од рака”.
Та таа никогаш дотогаш не мислеше за ова. Крсте и стана пријатен од првото погледнување, но зошто и како, не сакаше и не можеше да знае. И беше пријатно да го гледа, да го слуша како и раскажува „закон божи”, историја, природознание и друго; како одговара пред учителот без запирка и како лапа кај нив варена тиква, компири или кора. Што ќе било понатаму со нив, таа уште беше многу мала да размислува. Но сега. кога стрина и Митра рече дека попот ќе го венчал Крстета со Анѓа Жиовчева, Нешка како да го изгуби најмалиот дар што беше и го донесол чичко и Трајко.
Од тој ден и таа како Крстета почна да жолтее, да не јаде, да се суши девојчето и да темнее. Тоа се забележа и во работата. Дотогаш, иако мала на десет во единаесет години, работеше токму со мајка и. Од вода на вода, од река на река, а за месење веќе цели фурни леб сама на глава вадеше.
— И оти да не ваде? Шо а боде? — велеше стрина и Митра кога паѓаше збор за неа. — Ене а не, види колкава е! Има за две Гуци!
И навистина, за своите години Неда беше преразвиена. Никој не би рекол дека е помала од четиринаесет годиии, ако не знаеше кога е женет Илко и кога му се родени децата А и брат и Стојан не личеше на дете од осумдевет години, ами на единаесет дванаесет годишно момче. Можеби и тоа беше една од причините што Нешка така рано почна да се буди.
Мајка и, како секоја мајка, се загрижи за нејзиното здравје. По вршеље се даде по бајачки и вражалки, ама лекот не можеше да се најде. Девојчето одеше и венеше без да покаже некаква видна болест. Чекаше да почне учебната година да види како ќе повлијае училишниот живот на нејзиното здравје.
Но за голема сожалба и на мајка и, и на даскалот Бина, а најмногу на поповиот Крсте, Неда одби да го продолжи училиштето. — На мајка си и рече дека и се смеат другачките, дека знае веќе убаво да пишува и смета, и дека сака повеќе да везе отколку да учи.
— Јас и така даскалица и ќатип не бидуам. Доста ми е воа шо го знам. — И си остана на своето. Ни молби, ни клетви, ни плашење со ќотек не помогнаа. Остана Нешка со второ одделение и си седна на домашната работа.
Неда веќе не можеше да го гледа Крстета, не можеше да го слуша, не можеше да ја поднесува неговата близина. Таа тоа така јасно го осќаваше и затоа се реши да биде што подалеку од него. — Да не оди на училиште.
Во дното на чистата детинска душа тлееше желбата да го гледа, да го слуша, да е секогаш покрај Heгo, но стварноста беше друга. Тој беше еднаш за секогаш грабнат од неа уште кога таа и не знаеше ота толку ке и треба и оти, ако го изгуби, ќе страда.
Тагуваше таа во темните зимски ноќи, подвиена во покровчето до мајка си, тешко дишејќи да не ја сетат оти не спие.
Длабоко, длабоко, на дното на нејзината душа потајно и ретко нешто и шепнеше со зариптавен глас:
„Може ошче, се не е свршено?” — а веднаш стварноста беше тука. — „Шо не е свршено, будала една, кога се е свршено? Човекот утре се жени, а ти мислиш на некаква надеж!”

* * *

По првата извојувана побсда Крсте се поокуражи. Навистина, отворено не можеше да се откаже од Анѓа, бидејќи даде збор, а и мајка му така му рече, но белким ќе дојде однекаде некое спасение?
Многу го разжалости решението на Нешка да го напушти училиштето. Стојан му го пренесе тоа решение уште првиот ден кога дојде сам, без неа.
— Оти дотка ти не е денеска на училишче? — праша Крсте сосема наивно. И кога слушна дека таа нема да иде, ја наведе главата и се помири со судбината, но никако не испушташе прилика да наѕре од трпезаријата, или дење на одморот да не загледа горе Катината улица, белким некако ќе ја загледа.
Таа пак го избегнуваше. He сакаше „пипер да си тура на раната” да ја раздразнува.
. .. Учебната година помина. Крсте го заврши и третото одделение со одлична оценка. На Св. Кирил и Методија дадоа учениците приредба за родителите и за другите присутни селани.
Провизорната сцена беше направена под тремот на Влашкиот ан, каде што беше и самиот пансион. За завеса се зедоа чаршафите од архиерејокиот намесник, дедот поп Глигорија, а публиката стоеше на она сретсело на чаирот, каде што играа на Велигден витолишките моми и ергени. Бидејќи претставата беше на откриено, беше пристапно за секого, та не изостанаа ни деца од петшест години, ни старци над седумдесет години. Даскалот Милан Ацев, како раководител на училиштето, одржа говор и ја предупреди публиката дека сите „артисти што ќе се појават сега на сцената” се ученици од училиштето. Особено подвлече, дека главната личност во пиесата, протата, е од Витолишча, поповиот Крсте, на чие име истури една торба пофалби.
Во првата редица беа застанале главните личности од Витолишча. Тука беше стариот мудур, ќатипот, мулазимот, коџабашијата Лесната, Колобан, Младин, Чкулот, Мисирлијата и поп Петко — на крајниот лев агол, додека од двете страни на сцената стоеја даскалите со дедот поп Глигорија.
Во третата редица, а во првиот женски ред, бел наредени мајките на учениците, а особено оние по фаркот во селото. Се разбира, тука беа Бојана и двете Дости — Рожденката и Доста Мокрева,
Чаршафите се размрдаа и се разделија — едниот лево другиот десно. На сцената се покажа: долга дрвена маса, околу која беа наседнале седум осум селани, еден граѓанец и едно младо попче. Присутните, почнувајќи од мудурот и дедот поп Глигорија, заплескаа со раце. Плескотот се пренесена сите редици, дури и до оние на сред чаир, што не можеа ни да видат што има на сцената. Сите го запреа здивот за да можат да слушнат што ќе биде и кои се овие наседнати на масата.
Еден од „селаните” стана и го отвори „заседанието”. На сцената се прикажуваше училиштен совет кој имаше да решава важни селски прашања. Селанецот, претседателот на советот, одржа краток поздравен говор за добродошлица на попчето и му даде збор на граѓанецот. Тоа беше селскиот „учител” што ја изложи положбата на селото во сите посоки, а особено наблегна на просветната политика. По свршувањето на неговиот реферат, зеде збор младото „попче” и откако им ги пренесе пораките и благословот од дедото владика, почна да дава совети и предлози, што треба да направат селаните за нивното добро и просветување. Тој им зборуваше на „советниците’ што седеа на масата, но неговите пламени зборови достигаа до ушите на сите селани, дури и до ушите на оние што не гледаа — од сред чаир.
— Од каде е бре, Стојо, ној попче волку убаво шо прикажува? — праша Јован Дујов, којшто дојде подоцна та не слушна кога учителот Ацев рече дека „артистите” се „наши деца — ученици”.
— А бре, какво попче, будала? Ha поп Петка детето, Крсте! Го гледаш ли шо убаво се преправило како попче? — му одговори Стојо Сукалов, кој уште во првите гледачи дојде како родител на својот Илка.
— Как Крсте, бре слепче? Откаде докаде десеттодишно дете го запопиле? — се чуди Јован, не знаејќи дека ова е пиеска, а не вистински живот.
— А бре, какво запопуање, аир да не сториш! токо м’чи, ќе не караат, и слушај, види шо убаво зборуа ..попчето!” — го кара Стојо Јована.
— Шо се чудиш, бре! Ете! Поп Петко зошчо толку рано си го удоми Крчето, за да си го запопи, — продолжи Јован со увереност дека, иако е Крсте, ама вистински поп е.
Во редицата на жените се слушна придушен кикот. ;,Ки, ки, ки!” — се смее Бисера Попова, Јана Даскалова и кикотот ги зафати сите девојчиња без да знаат зошто се смеат. Само едно меѓу нив не се смееше. Неша дојде меѓу првите и застана до мајка си во третата редица. Растот и даваше можност да гледа на сцената, а ушите и слушаа се што се зборуваше. И уште кога учителот Милан Ацев кажа дека попчето што ќе излезе на сцената не е никој друг ами попов Крсте, неа мравки ја полазија по целото тело. Долго се решаваше дали да остане да го види „попчето” или да си оди.
„Та шо ќе рече мајка да не го вида Толето? — Си мислеше таа. А Толето играше селанец — член е на училишното настојателство. И го измени решението. — Ќе остана”. — Се плашеше и од самата Крстева лика. Ете цела година не го има видено којзнае дали ќе го познае! И кога се „дигна завесата”, таа виде селани крај масата, со мустаќи, дури еден двајца беа со бели коси, а попчето, отунато во ретка црна брада и мали остри мустачиња, ни најмалку не личеше на Крстета. Одвај го позна брата си Стојана, та се посмири малку. Но кога почна „попчето” да зборува, уште првите зборови почнаа да и ја параат душата. Гласот и дојде толку познат, толку мил и одвратен, та сакаше до живот да го слуша, и ич да не го слушне. Но немаше каде. Стоеше неподвижна, со наведена глава и го примаше острилото на изговорените зборови.
— Види го, види го, Нешко, ној шебек поповиот, шо попче се направил — ја задена мајка и, гледајќи ја така увилена покрај себе.
— Mope, шо ќе го вида, да не го виде с’нцето ни ветерот. Ногу ми е требен да го гледам, крастета крастав. Гледај си го Толето, види шо мустачиња му посадиле, — ја укори Нешка мајка си и се загледа небаре во брата си, но очите, и не сакајќи, и ѕуреа во младото попче.
Мајка и тешко издивна. Се сети за својот лански план што и го расипа она ѓаволско девојче долно маало.
— Арно вели попчето — се обрна Бојана кон Доста, — требе сете да и праќаат својте деца на училишче. Ама а де? На нашите чорбаџии нема кој да му и пасе овците, говедата, свињето, а сиромасите нема шо да и ранат, та така од волкаво село од двесте куќи, одвај дваесет триесет деца одат на училшпче.
— Слушај, слушај шо вели? — И женцките деца, чупињата требело да и праќаме! — додаде Доста Макрева. — Лелее, мајко ти мила! Ами кога ќе везат таа чуми, ако одат печес години на училишче?
Попчето — Крле попов одлично ја одигра својата ролја. За првпат излегуваше пред публика и затоа за цело време дури зборуваше гледаше некаде неопределено, за да не се забуни. При крајот на овојата „беседа”, се ослободи и погледна во публиката од еден ред во друг и стигна со очите до третиот каде што стоеја Бојана, Достите и до нив малата Нешка.
Нејзините очи се сретнаа со неговите и јазикот почна да му се плетка, но погледот му остана втренчен и не можеше да се откачи. Да благодари што тие зборови беа последните од неговата беседа, та не се разбра во публиката никаква забуна.
Трајко Мидов и Блаже Јовчев ги приближија двата чаршафа и завесата се спушти. Публиката заплеска, чаршафите пак се разгрнаа и пред масата се појавија нашите „артисти” со „дедо прота” на чело. Сите се поклонија.
На Рожденката не и откина од острото око овој настан. Таа цело време гледаше во „попчето” па и кога се појавија да ги поздрави публиката, и виде чисто и бистро оти очите од „попчето” беа втренчени во Нешка, и дека и таа не се издиши дури тој ја гледаше.
„Шо дека се гледаат, кога не може нишчо да биде од тоа гледање?” — си мислеше таа, одејќи си горе Мидовата улица.
— Го виде ли Доле, ноа поповото кучило, шо убаво изигра попче? — ја прашаше Бојана, качејќи ја да влезат кај неа да си поседат.

— Ногу ми е требно! — одговори Доста на Бојаниното прашање. — Јас си го гледа моето Толе со мустачињата, та за туѓа брада ич не ме боле. — Се правеше Доста рамиодушна. Сакаше да го заборави, ама никако да и излезе од умот. „За велјо чудило јас старцки ќе поулавеа по него!” — си велеше таа кога сакаше небаре да го избрка од паметот. И колку таа повеќе се грижеше да не мисли, толку повеќ Крцко и излегуваше пред очи.
Си поседе кај Бојана, си полафија за децата, за работите што ја чекаат Доста, за Ристевата трговија со штиците, го распраша Толето Бојанин како помина со учењето и не заборави да праша кое дете е најарен ученик.
Толе не се пофали оти тој е најарен, но ја кажа правината дека Крсте Попов, иако е во трето одделение, поарно знае од Трајка Јанов и другите од први клас и го викат учителите да им раскажува кога овие не знаат некоја лекција, за да се засрамат.
„Пак тоа ми се пика во носот!” — се помисли Доста.
— Затоа него го направиа сега „попче” — додаде Толето и си излезе под тремот да и нацепи дрва на мајка си.
— Ами, шо стори тој поп Петко со тоа макцамче, јок господ да го стори? — започна Бојана нов разговор.
— Го поцрни ошче во пелените, шо се вели лавот. Се женело ли дете од десет години, желки по меот да му лазат? Тиии! За пуста сермиа да е кабил и децата да си и продадат воа векот, мили боже, мили!
Доста го изжала „максамот” што го поцрни попот уште неразбуден, ама не се задржа многу на тоа.
— Нека си прават луѓето шо сакаат, ногу ми е гајле мене! Јас да си и изгледам мојте, та за туѓите ногу глава не ме боли. Ми е жал за детето, добро другарче му беше на Толето, та од ка му се стори таа работа, не припари ни крај порта, завалиичето. Којзнае оти, Боле, толку се застрами? — И Доста стана без да го дочека одговорот од Бојана. — Та неоти пак е женето, заваличето? Шо знае од женење тој макцам, како Толе мој? Ошче устата на млеко му мириса и ние сме и зажениле. Токо ајде, врати ми се, да не ти плаче Нешка.
И така се разделија двете другачки и денеска ко секој ден, со најубави желби за децата и куќите.
Нешка ги слушаше мајките, но не зеде учество во разговорот. Коа го спомна Крстета и кога го изжала дека малецок го поцрни попот, таа дури и го исплака во себе со сув плач.
Учебната година се сврши, учениците си отидоа секој дома и наш Крле си појде кај татка си, во Жиовчевата куќа, да живее заедно со зарачницата своја, Анѓа.
Тежок товар го потисна. Го напушти она детинско настроение и веќе одамна беше го напуштил своето друштво и одеше секаде сам, воден од своите едни и исти мисли: како ќе се ослободи од овие синџири?
За да биде што подолго надвор од дома, побара од татко си да му позволи да оди со момокот Кулета в планина со коњот и магарето од Бина Жиовчев. И дури Куле сечеше дрва, Крсте и ги носеше и странеше. Но главната мисла ни тука не го напушташе. Решаваше да му се исповеда на Кулета, којшто беше четири пет години постар од него. Но дали Куле ќе ја задржи тајната или ќе го издаде пред татка му?

 

* * *

Летото започна рано. Уште на 11 мај Beќe беше топло, а на Петрови пости и сам Петровден горештината фати на големо. Селаните пак тргаа на работа — како секоја година. Ќаите ги кренаа бачилата, косачите им влегоа на ливадите, дрварите тераа дрва двапати денот, а кога пристигна седбата, ги оставија сите други работи и се загнаа да го соберат лебот.
Поп Петко фати аргати да се собере бериќетот од Биновите ниви и Крле беше зафатен како сите деца за првпат во својот живот. Тој беше претставен од татка си како „чорбаџија” и него имаше да го слушаат аргатите. Но затоа пак требаше тој да се грижи за нив: леб, вода, лук, кромид, што требаше тој носеше од дома.
За да не ја гледа Анѓа, тој слабо идеше дома, испраќајќи го момокот Кулета, а самиот остануваше да спие со аргатите.
Тие сиромаси мислеа дека Крсте спие со нив за порано да почнат — подоцна да завршат; а тој секогаш викаше порано да ја напуштат работата, да вечераат дури се види, а подоцна да почнат наутро откако ќе се напоручаат.
Никој од аргатите, па ни момчето Куле, не му го знаеја алот зошто не си оди дома.
И така тој по нивјето, по гумната, таа дома — ретко ќе се сретнат до есен. А на есен? На есен му е осигурана работата. Ќе ои појде право во пансионот и мирна му глава! Уште една година осигурен е барем од нејзиното присуство.
Арно ама, за негова несреќа, откако се рзспуштија децата од пансионот, „влезе ѓаволот” во протата и даскалот Бина, се закараа за останатите 20—30 лири пари како заштеда од пансионот.
И дури Бино сакаше да си ги подели со протата и другите даскали, некои сакаа да се прошири пансионот, некои да се вратат на митрополијата. He се сложија. На Бина му беа малку пет лири и ја изнесе работата дури до владиката. Поради овие и други причини околу Илинден дедот прота си ги „дигна парталите”, а учителите Милан Ацев, Димитар Котев и Стојан Најдов не се ни вратија. Се затвори третокласното училиште, a со него и пансионот.
Си остана пак сам даскалот Бино, а на местото од дедот поп Глигорија седна поп Петко додека дојде друг прота.
На Крстета му се расипа планот. Сакаше нејќеше, остана зимото дома да ја гледа одблизу Анѓа.
И додека беше сестра му кај нив, тој ништо од Анѓа не сакаше. Арноама, таа зима „крши вратот” и Бисера, се омажи за Грбанџовиот Трајка, та остана поповата куќа на Жиовчевата Анѓа.
За да биде што поретко со неа, Крсте често одеше кај сестра си и остануваше цели недели.
Сестра му ја осети работата и, чувствувајќи се виновна, гледаше да му ги ублажи болките и сама одеше кај татка си и го земаше Крлето оти сама ја страеше да лежи, бидејќи нејзиниот Трајко беше цело време на колибата, а дома немаше други жива душа.
Како беше да беше, се протурка и таа зима. Крле сврши четврто одделение и веќе беше „слободен граѓанин”. Сега настанаа најтешките дни за него. Нема веќе на што да се надева. Училиштето го сврши, да наполни само четиринаесет петнаесет години и ќе го врзе попот со Анѓа до живживоти.
Есента пак се отвори училиштето и Крле разбра дека Стојан Жиовчев, Трајко Мидмов, Трајко Јанов, Божин Попов и други свршени ученици од IV одделение и I клас ќе одат во гимназија во Прилеп, каде што се отворил пансион.
„Их! Ете как ќе се мана јас од дома!” — си рече Крле и отиде кај Бина даскалот да го моли за совет, за да постапи и тој во гимназијата во Прилеп.
Бино знаеше каква е работата со Крлета и Анѓа, но пак напиша молба и ја прати до училишното настојателство во Прилеп и за десет петнаесет дена дојде одговор: да плати поп Петко две лири годишно ќе биде примнат син му Крсте во пансионот.
— Ни јас даскал ни син ми даскал, а колку за пош, ќе си го науча јас покрај мене! — одговори попот и на тоа се сврши. Крсте остана да бере дрва со Кулета кој продолжи да служи кај попот.
Покрај целата тежава и грижа, Крсте не престануваше со особено задоволство да се потсетува на пријатните моменти од учењето покрај Стојана и Нешка Рожденката. На празниците оддалеку ја погледнуваше и засрамен, поцрвенет до уши, си ја ведеше главата. И таа така му одговараше, но не ја ведеше главата, ами ги задржуваше своите очи во неговите терајќи го тој да ги наведе прв.

 

* * *

 

И оваа година помина како помина, со десетици црни дни за мајки, сестри и жени во Мариово. Уште есента дојдоа грчките андарти (кои пред две три години ги поклопија селата: Градешница, Будимирци, Старавина, Бзовиќ и Груништа, оние каде што Толе паша собра најмногу востаници на востанието за да го брка Турчинот) на манастирот свети Илија во Мелница и ги заклаа сите петмина момци со десетгодишното дете на маѓерот Стојка, оставајќи го дедот Сталета сам во неговата кула, откако им вети дека и тој ќе се погрчи и ќе им помага во нивното „свето дело”.
Јован Гуровчето и Шаќир го запалија Груништа за да им одмаздат на погрчените селани. Андартите се вратија, го изгореа Жиово и со секира на прагот во Бојковата куќа им ги пресекоа главите на осумнаесет мажи што не сакаа да се погрчат. На тој инает Шаќировци го изгореа и селото Градешница до темел и заклаа дваесет и пет селани што се погрчиле. И така, борбата меѓу егзархистите, кои ги претставуваа „бугарските” чети, и патријаршистите, кои ги претставуваа грчките чети — андартите, се разгоре во пеколски оган.

Патријаршијата испрати во овие села свои, грчки даскали; грчкиот владика во Битола запопи свои попови во секое село, и преку архиготите и капиданите од андартите ја засили пропагандата за погрчување.
Даскалот во Старавина, Димо Гулушов, од три лири месецот (колку што примаше од Егзархијата како Бино во Витолишча), се поткачи на шест од патријаршијата и го мени презимето од Гулушов на Гулусис и почна децата да ги учи место: аз, буки, веде, глаголе на: алфа вита гама делта итн. Ги учеше да читаат и пишуваат на грчки, иако ни тие, ни родителите не знаеја ни збор од тој јазик.
— Ете, им велеше тој на малите Македончиња на чист мајчин јазик: — Кога ќе си одите дома, нема да велите „добарден” ами ќе велите „калимера”, а кога ќе им барате леб на мајки ви, ќе им велите: „Митера, доси ми псоми”( Мамо дај ми леб.). Ние сме Грци, а не Бугари, како што ви вели некој.
Децата си одеа дома и ги исполнуваа даскаловите наредби. Уште од портата викаа: „Калимера, митера, доси ми псоми… и троа сиренце”. Толку ги научи даскалот Димо, да бараат леб на грчки јазик, а сиренцето ако е на македонски. Но и тоа беше достаточно за да се почувствуваат тие родители Грци, оти преку Дима секој од нив добиваше по цела лира на месец што го пуштил своето дете да учи „вистанска наука”. Така им објаснуваше Димо на простите мариовци: дека само грчката наука е вистинска наука, додека сите други науки се ѓаволски или украдени од грчката. И овие му веруваа, како што му веруваа и витолишчанци на Бина кога им зборуваше дека ние сме вистински Бугари и со занес ја слушаа стихотворбата:
Б’лгарин с’м, туј го казвам
Пред когото и да штеш,
Име родно не отказвам
И сега и за напреш …

И така, и едните, и другите се гордееја со своето „чисто” „грчко” или „б’лгарско” потекло и несвесно им служеа и на едните и на другите одродувачи.
— Mope, ќе и погрчиме и ниа села, макар до еден да падниме! — се фалеше бившиот војвода и другар на Ѓуровчето; Стојко Цицо од Бешишта, којшто за педесетсто лири се префрли од „бугарска” на грчка страна и од војвода стана капиданис Цицос. Тоа го направи и Јовановиот четник Брајан од Жиово, та стана капиданис Брајанис и ги одведе андартите во своето село Жиово да го изгорат, а сам со својата рака му ја пресече главата со секира на својот роден стрико „Бугаринот” Петка. Но затоа пак него го фатија Шаќировци и Ѓуровци во Рапешко и место да го стрелаат или колат, му ја столчија главата со камен — како на змија осојница.
И почнаа да се натпреваруваат кој повеќе мариовци ќе побугари или ќе погрчи. А тие што не сакаа да станат или едното или другото, се знаеше: ножот под гуша — колење за нив. И се исклаа како јаришта, што велеше стариот мудур Арсланбеј, на кого сега му се бркаа и тепаа едни со други, та тој си кротуваше и гледаше сеир отстрана.
Фалбите од капиданис Цицос дека ќе ги погрчи и Јовановите „бугарски” села излегоа и на видело. Тој му ги предложи своите планови на новиот капиданархиготис Кондилис, којшто дојде дури од Атина по истата работа, како реванш на разни Давидовци што дојдоа од Бугарија, и овој се согласи, а донесе и средства за тоа. Покрај парите што ги даваше грчката пропаганда преку битолскиот владика, Кондилис донесе лично илјада лири направо од Атина и им ги подели на оние „Грци” што се двоумеа, а испрати во Атина и пет шест деца на повидни селани да учат „вистинска наука”. Самиот тој стана „кумбара” на неколку селски домаќини и богато ги награди своите кумчиња се со лири и наполеони.
И не располагаше само тој со илјадници лири. Грчките четници — андартите — не беа голи и боси како „бугарските”; тие дојдоа испроменети во црни фустани, бели ѕиври, со букви на врвовите, а ќостезите на саатите, крстовите што ги носеа на гушите, ѕвечеа од сребро и злато, подресени со лири, обружени со куси синавери, тие изгледаа вистински евзони како на свадба или на гости да трнале.
Грците, поправо грчките четници — андарите и нивните архиготи и капидани, пораснаа во очите на заспаните селани и кои почнаа масовно да се навалаат на страна. Половината Цицово Бешише (Горно маало) веќе се префрли на грчко, за кое префрлање платија со главите десетина петнаесет горномалци од долномалските „Бугари”, а исто толку и повеќе долномалци од горномалските „Грци”.
Затоа дедот поп Крејо, кога служеше литургија и требаше на входот да го спомене егзархискиот архиереј — владиката, викаше со сиот глас, одејќи кон Царските двери,
„В первих помјани господи преосвјашченејшаго архиереја нашего — никој. Никој, никој, оти ако го рече името на грчкиот владика — ќе го заколат Бугарите, ако го рече на бугарскиот — ќе го заколат Грците. Ами вака — никој. Но и со тој „никој” поп Крајо водеше причесна и ги причестуваше бешивци и тие што беа „Грци” и тие што беа „Бугари”.
— Че баму бељата, да му одеме на Полчишта, да го изгориме ако не се кандисаат! — предлагаше капиданис Цицос по една убава вечера кај Митрета Гулев во Градешница, горејќи од желба да му ја пресече и тој главата на вујка му Трајка Бешот, како Брајан на стрика си Петка во Жиово.
Се разбира дека архиготистите Кондилис, Кацигарис одвај чекаа ваков предлог од тукашните капидани.
И една вечер се собраа кај Цицовица, Горно маало, во Бешишта и се спремија да им одат на непокорните „Бугари’ во Полчишта. Арно ама, долномалци ја намирисаа работата и како „отруени” Бугари ги известија војводите Јована Гуровчето и Шаќира и овие со своите чети им го фатија патот на Цицовци и Кондиловци кон Полчишта и им седнаа во ѕидиштата од оградите на Бешишкото Поле, и уште кон стари вечери им удрија еден залп од малихерите. Паднаа од грчка страна три четири момчиња од Градешница и Старавина, а од бугарска падна Стојан на псалтот Кулета Куша од Витолишча а другите се разбегаа, бидејќи знаеја дека аскерот ќе дотрча на грмежите од пушките.
Преку четите омразата се прошири кај првите луѓе од народот — даскалите и поповите.
Во Битола се сретнаа даскалите — витолишкиот Бино и старавинскиот Димо — и почнаа да се глодаат:
— Добарден, Јуда Искариотски, — го поздрави Бино Дима на атпазар пред Налевиот ан и плукна пред него.
— Калимера, Вургарос, кондра ќефалос (Добар ден, Бугарине, дрвена главо), — му одговори Димо и застана пред него готов за кавга и бој.
Бино ги кладе рацете одѕади и остро го погледна дрскиот колега.
— He си ли Јуда? Ајде кажи ми за колку пари го продаде името од татка ти Божина?
— Ајде, бре будала, дури ти ќе ми речеш нешчо. Јас ако го продаду татка, баре за пари, ами ти вересиа го продаде и брата ти. Па ошче имаш образ да зборуаш, баре ти. Токо, знајш шо? — И тука Димо извади еден грст лири и му ги покажа на Бина. — И гледаш? Ајде, не биди будала. Ела да те заведа кај дедот Крстета, нека ти го нап’не џебот, та оди и ти во твое Витолишча, заврти а на алфа, вита, гама, делта. Неоти не знајш за толку? Знам оти беше едно време во Солун, та секако научи баре толку, а повеќе не ти ни требе за сега
Бино ги погледна жолтиците со лаком поглед, a Димо сети како да успеа и го покани да влезат во анот на дедот Налета, којшто беше касиер на грчката организација за Мариово, бидејќи и тој беше мариовец.
Седнаа крај мангалот да се греат и Бино почна да го напаѓа Дима што се погрчи:
— Зошчо бре, Димо, зошчо го направи баре ти тој магаршчилак? Ајде да беше некој прост човек! Ами ти, бре, даскал, учен шо се вели, ти си а продаде народната за пари?
Димо пак го направи Бина будала што не зема стотина лири и почна да му докажува и нему, како на неговите старавинци, оти грчка наука е вистинска наука, а бугарската лажна и украдена од грчката.
— Е добро де, добро, — му одгозори Бино. — Добра си е, бре пријателе, грчката, ама за Грците, a за нас не чини. Ете, на пример, со грчката азбука не можеш да напишиш шо сакаш на наш јазик.
— Кој не може? — пламна „грчкиот” патриот. — Кажи шо сакаш, да видиш дали не ќе ти напиша, — и го извади моливот и тевтерчето од џебот.
Бино се одушеви кога виде оти го наведе Дима на лизгавица и почна да му диктира:
— Е, ајде да ми напишеш со грчки букви воа: „Блаже купи од Трпка скапо шес овчки кожи”.
На Дима му се виде лесна задачата и набрзина напиша: „Мплазе купи од Трипка скапо сес овци кози”,
Прсна Бино во грмовен смев кога погледна што напиша Димо и го натера да го прочита напишаното буква пo буква.
Димо и сам виде што напишал, но пак брка во џебот од панталоните и ги извади лирите, но Бино плукна во нив и му ја окара мајхата на предавникот Дима, за кое овој му удри една преку очи. Бино му одврати со две три и тука во „грчкиот” ан натепа еден „грчки” даскал. Но затоа пак нарипаа Димовите старавинци и градевци, коишто беа дошле на пазар и убаво го натопија „бугарскиот” даскал Бина и го испратија кај Мита Црнамара да ги собере пак тој неговите витоливци, полчивци, жиовци и половината бешвици и да дојде кај „Гркот” Налета да се исправи со овие Јуди.
Пред Налевиот ан се удрија двата табури. На Биновци им притекна на помош самиот нивни анџија — „Бугаринот” Мито, со сите Јенималци од Битола; на Дима — неговиот „Грк” Крсте Нале, со сите џамбази и Власи од атпазар и токму на местото каде што Турците го обесија Алекса Турунџа се отвори „муаребе”(Војна). Се степаа Димовите „Грци” и Биновите „Бугари”. Се замешаа некое време заптиите и го расипаа „муаребето”, откако се расцепија по неколку глави од двете страни.
По некој пазар и друг се сретнаа новиот „грчки” поп Илија од Бѕовиќ, кој штотуку беше ја наметнал камилавката, со исто така новиот „бугарски” поп Пројчета од Вепрчани, кој заправо се враќаше од Велес, каде беше го запопил владиката Мелетија.
Тазе поповите се познаваа како мариовци уште од порано, та бидејќи поп Илија се наоѓаше во „грчки” центар — во Битола (што му даваше кураж), колку го сретна Пројчета во тесното уличе пред дуќанот на Мушона Евреинот и Ристета бѕовиќанецот, застана пред него и почна да го навредува и предизвикува:
— Оче наш, прчи паш, вати мачка за опаш . . . Слепи боже, слепи клекни, слепи бесмертни, по меј вас — почна поп Илија да се бие шега со словенските црковни песни и молитви, на кое поп Пројче уште поиронично му го издекламира грчкиот оче наш, притурајќи на секој стих по една измислена дотуреница:
— Патер има он — пајка со лимон . . . О ен тис уранис — миска со орис. (На грчки молитвата: „Оче наш и свети боже“ која гласи: „агмос теос, агнос испирос, агнос атанатос, елепсан имас“)
А на грчкото „свети боже” и тој, како поп Илија го заврте во вистинска пцост: — О агиос телес, агиос говедос, агиос истурос; агиос анасенис аврадинис, к’скардашис ќорлеисан вас. Агиос ќератос, агиос пезевенкос итн., го изнапцу на се што му се сложуваа грчките стихови и се уште тука насред улица се грабнаа за уште малите поповски бради.
Се насобра народ од двете страни и кога разбра зошто се сќорлиле овие нови „божи служители” веднаш се направија и тука два табура како на атпазар пред Наловиот ан пред две три недели.
Угледувајќи се на своите водачи и први луѓе — на поповите и даскалите, — и селаните тргнаа по тој пат, по патот на омраза и одмазда. Престанаа да си одат, да си идат на гости, престанаа да се женат и мажат со „Грци” и „Бугари” и од вчерашни браќа, братучеди, стриковци, вујковци, кумови и светијовани, станаа смртни непријатели и каде се сретнуваа по пазариштата Прилеп, Битола, Лерин, — секаде ги остреа забите едни на други и се чекаа да се исколат со острите ками, што обично ги криеја во самарите од маските или магарињата.
Та дури и светците ги разделија на Грци и Бугари и затоа Трајко Чало од Витолишча, кога вршеше крај мелничкиот манастир, му велеше „добро утро, свети Илија”, а кога врвеше крај село Манастир и велеше „Калимера, Богородице” оти Мелница беше „бугарско”, а Село Манастир „грчко” село.
На Турците качаци ова добро им дојде и не еднаш се оправда Јашар од Рувци и Шефкија пред валијата во Битола за извесни злочини што ги беа направиле овие крволочници, дека тие се направени меѓу самите христијани што се колат меѓу себе. И да не беше Димко од Могила да го „суреди” Шефкија, а Толе Паша — Јашара, тие ќе си продолжуваа со злочините за сметка на кавгите меѓу христијаните.

 

* * *

 

Ете, од овие причини — за да ја засили б’лгарштината по Мариово — Егзархијата отвори третокласно училиште и пансион во самото Витолишча, но, тоа таму не можеше да се одржи.
Гимназистите си дојдоа од Прилеп во градски алишта: палта запетлани до гуша со жолти петлици, пантолони со широки ногавици и нови углеисани фесови со нови пискулчиња.
На Крча му замрзна срцето оти и тој не е меѓу нив. И не само што ќе се учеше и што ќе беше вака облечен, да не ја гледа пуста Анѓа.
Арно ама, ете попот, да му се урне гробот, не сакаше да даде само две лири за цела година, та така Крле проживеа една година црн и темен живот.
Ами веќе навлезе во тринаесеттата година. Од добрата храна, чистиот воздух и физичката работа во шумата, жолтилото на лицето почна да го остава, а да се појавува слабо руменило. Снагата му понајакна и се позрело почна да размислува.
И овојпат Крсте стигна до колибата. Ги симна торбите со лебот, некое парче старо сирење, сол, лук и кромид и накачи горе Влајков Шопур да набере дрва, да не го тера празно магарето, бидејќи вејќи немаше во колибата.
— Да насеча борови одоваде рид, или да преврла преку рид по букови? — се праша сам и се замисли, чекајќи го магарето да се напие вода од коритото на шопурот. — „Ајде море да преврла, белки ќе најда некое суво дрво да занеса за вурната!” — и го потера магapeто нагоре.
Ha самиот Трибор ја сретна потерата од десет петнаесет аскери со Сулиман чауш, задишани, разградени, распењавени: слегуваа долу Шопковото бачило.
„Ами сега? — се исплаши Крсте. — Сега ќе ме јадат, краста да и јаде токо стој да слеза од магарето и да му направа „ного ти години”. Рипна од магарето, а тие втасаа одозгора како бесни.
— Нере ѓидиорсун, бре ќерата, ана сени — … ана!
— викна првиот што дојде до Крстета и ја смолкна пушката, го заврте кундакот да мавне, но Крсте за час се провна под магарето и заплака, молејќи се со „аман ага, аман ефендум, аман пашум” и целиот се затресе како лисјето на ближната бука од горскиот ветер. Втасаа и другите аскери, та и чаушот; го распраша кај оди, и кога чаушот го позна кој е, го пушти со заповед да се враќа побргу, да не замркне во планината или да не ги најде комитите, та и тој да стане комита.
— Најстина, знајш, бре Крчо, каде сет комитите?
— го праша чаушот, небаре обичен муабет си прави,
Крсте се прави дека не разбира ни зошто го праша. А еден од аскерите, повозрастен просто го пресече чаушот:
— Брак, бре чауш ефенди, бу чуџ ук дер максамдер, бре’ (Оставиго бре водниче ова дете макцамче). И така, Крсте го префрли Трибор и навлезе во дебелата букова шума „Свињарникот”. Под широките стари буки ги најде овците на Ристета Богоев на пладнување. Пците му се назагнаа и да не беше полно торбето со леб, ќе го симнеа од магарето. Крсте силно викна неколку пати: Еј овчарко, еј овчарко, брани пците!”, ама никој не се одзва. „Ама тврдо спие вој Ристе, бреј!” — си рече Крсте и продолжи преку овци да го тера магарето. Таман да ги помине овците, слушна под пат некакво мрморење: како од подземи да зборува човек. Уште толку се исплаши.
Мрморењето се повтори, потрети, и кога Крсте ги фрли очите во посока од каде што идеше гласот, уште малку што не падна од магарето. Тој виде на педесет шеесет метра под патот обесен човек на една бука, но не за врат, како што слушал оти луѓето ги бесат за врат, ами за нозе, надолу со главата. Така гледајќи, виде дека е селанец во селска кошула облечен, со бели гаќи и чорапи, а кога погледна поостро, го позна и човекот. Никој друг — туку овчарот Ристе Богоев. Ја обесил главата надолу, а рацете опашани со неговиот појас. Тој ги слушнал пците дека залааја и почнаа да се радуваат кога Крсте им даваше леб и викаше за помош?
Крсте се поокуражи. Го сврте магарето кон човекот и кога наближа на десетина метра и се убеди дека навистина е Ристе овчарот, рипна од магарето, го извади секирчето и се загна кај него. Требаше да ја пресече или ортомата или гранката на која беше обесен Ристе. А тоа не можеше да го направи зашто не можеше да достигне. Се вртка, се шутка дури не му направи Ристе ишарет со очите да му ја извади шамијата од уста. Тоа го направи без мака.
На Ристета јазикот беше му отекол, бидејки кога го тепала потерата, му ги скршила вилиците и си го пресекол јазикот, та не можеше да зборува. Но Крсте разбра од мрморењето дека сака да му го распаша појасот и да му ги ослободи рацете. Co помошта на секирчето појасот беше пресечен и рацете на Ристета беа слободни. Тој ги поразмрда, се поткрена малку со помошта на Крсте и ја свитка половината нагоре, но не можеше да ја стигне ортомата да си ги одврзе нозете.
На Крсте му текна: го доведе магарето, го наведе под Ристета и го потпре неговиот грб. Се качи на самарот, се исправи и, држејќи се во левата рака за ногата на Ристета, со десната го зеде секирчето и замавна по ортомчето. Еднаш, дапати; на четвртиот ја погоди убаво со секот и паднаа обајцата наземи.
Крсте стана веднаш, а Ристе полежа цел саат.
Сулиман чауш излегол ноќеска по Трибор да варди дали не ќе светне некаде оган или во зората кадеш, или и самите коммти да натрапаат на потерата. Во зората рано, во Свињарникот, се зачурил оган и залафиле луѓе. По сето, потерата разбрала оти никој друг не може да биде, ами Јован со комитите. И колку тие да ја сардисаат четата, ти удираат на овчарот Ристета и овој, колку ги видел, почнал да вика: „У ош, о.ш, ош! Мрчо, Шарко, Лиса, кај ватите бесот да ве вати!” И кога потерата отишла кај огнот, го нашла котлето со млеко незовриено. — Значи, тука биле и побегаале. „А кој им кажа? — се праша Сулиман чауш. — Та кој друг ако не овчарот?” — Се вратиле назад, му дале повеќе сирење од леб и го заобесиле на буката.
— Ах, вера нивна! — шкртна со заби малиот Крсте и го прикрена Ристета да стане.
Ристе не можеше да стои на нозе, камоли да оди, а сиот онака отепан требаше да се полекува.
— Нишчо, јас ќе те однеса на магарето, — му рече Крсте и го качи па тргна напред да гледа да не се застанати тие пци да го дотепаат и Ристета и него. Но до дома не ги стигнаа.
Го симна Ристета дома и кога попот му рече: „Оти празно го дотера магарето?”, Крсте не ја кажа вистината, ама рече дека му избегало, та дури овде над село го фатил.
Преку Ристета Крсте фати врска со четата. И кога првпат виде комити срцето широко му се отвори.
„Овие не се плашат од Турците. Они не му гелат ,,ногу ти години ага”. Тие не даваат арач на царот, не и слушаат заптиите, чаушот, мудурот, та ни кајмакамот, валијата, па ни самиот султан! Бреј! Колку се силни, колку се јаки и големи!” — му се сторија на Крстета џинови. Секој изгледаше повисок од елите на Свињарникот, подебел од Малчевиот орев, појак од илјадници аскери и забити. И единствена желба му се зароди: да порасне и тој што побргу и да биде како нив.
Го прашаа дали сака да биде комита. Крсте подрипна и веднаш одговори потврдно и се загледа со ред во сите четници; во нивните бушави коси, небричени бради, извалкани алишта, а особено во нивните колани, фишеци, револвери и пушки. „Их, шо би опашал едно два три колана, да сакаат да ме примат!” си мислеше тој кога го прашаа дали сака да биде комита.
И дури вујко му Ѓуро му даваше кора и печено бравско месо да јаде и го убедуваше дека уште е малечок за комита, Крсте се повеќе се намуртуваше и уста не му се отвораше — не му се каснуваше. „Мал су за комита, а не сум мал за венчање!” — со лутина си мислеше кога си тргна од кај вујка си Ѓура.
— На пролет, внучко, на пролет. Ќе ти скроиме нови бечви, пинци, пушка, вишеци, ќе те дотераме салам комита. Сега, ете, есен е близу, и ние ќе се прибереме по конаци да презимејмо.
,Нема чаре ќе се трга ошче едно зимо!” — си рече Крсте, слегувајќи долу Гробот со магарето, натоварено со дрва, а неговата глава со мисли. „Ќе се трпи Анѓа ошче едно зимо, та од пролет ќе ми види пинците. Ако сака татко сто венчавки нека пее, јас ќе си терам кумитлак, он нека си тера поплукот дури да го вати Петре за партали”.
Наврте долу Недан и дојде до В’ча Жила, спроти нивите од Суколови. Веднаш ги фрли очите во колибата и како да му се запартали нешто, некој влезе внатре.
„Најстина, море, од кога не су а видел Нешка! Их, шо чупенце се стори”. Та тој веќе за секое девојче в село даваше разни оценки: ваква е Јана Даскалова, онаква е Велика Балева, таква е Трпа Шишева. Co ред сите пи врвеше во главата, а штом ќе дојдеше до Нешка Рожденкина, некако умот му се завртуваше и не можеше ни зло ни добро за неа да мисли.
А Нешка одеше, си работеше што ја повелаше мајка и и татко и и се некаква зла волја ја потискаше.
„M’ња те м’снало, Недо, м’ња'” — си велеше таа ноќе кога се разбудуваше, возбудена од сонуваниот сон. — Тој и деца ќе накоти, ти ни на јаве, ни на соне не можиш да го заборавиш. Ете на, вчера шо си мисле, ноќеска го сонуа. Гладна кокошка — просо сонуа. И јас така. Ама зошчо, зошчо толку су се закачила во него, зошчо?.. . Оти е убавко, убавко е, ата да го најде, ама и улавко е. Токо, какво и да е, туѓо е веќе. И оти мене еднаш не ми излева од умот? Оти не ми се п’не умот да си А гледам работичката, токо угу на него мисла? Зар ако ми направиа некоа маѓиа, мили боже! Па кој ќе ми прави маѓиа? Татко му си е доволен, сестра му — такуѓере. Он. Тој мочко, мрсолко! Да може тој ќе направе за него, да се изоглаве од огламничето со коешо е наглавен, а не мене да ме маѓепцуа. Токо ете така, некој такцир ли, к’смет ли, којзнае, не можа од ум да го извада и бити вајда!”
А таа ноќ Неда сонува: како дошол некаков аскер со крстови на капите, со бели коњи под забите. Го опколиле селото и конакот, го симнале бегот и го натовариле како клада на една маска и го испраќаат за Прилеп. Се собрал народ да се збогува со мудурот, а тој им ветува дека пак ќе се врати, но да гледаат да не се караат и кодошат еден со друг. Тука на собир поп Петко, Анѓа и таа со мајка и. За ногата на Анѓа — врзано сокле, мало, уште крилцата непораснати. Го тегне сиџимот и сака да се ослободи, но попот го фаќа со раце, го смирува и пак го пушта. Тоа се нови сили затиња да се ослободи. My грози опасност ногата да си ја поткине ако продолжи така да се тегне. И дури тоа така тегне, попот го смирува, му зборува, небаре оно разбира. Се приближува еден од забитите и со исуканата сабја го пресече сиџимчето и пилето, како да му пораснаа крилцата, летна и и застана нејзе на левото рамо. Почна со човечки глас да и шепоти на ушето нешто. Гласот таа веднаш го позна, се уплаши од него и се разбуди.
„Мили боже, мили!” — си рече Неда кога се разбуди сета затресена. „Шо ќе биде вој сон?” Соколот зборува со неговиот глас, а го одврза забитот од Анѓината нога! Велаат оти забит, да гледаш на сон, тоа некај светиа ти се сонуа. Белки, сполај му на св. Димитриа, е меѓу нас обата? Мене ми се чине дека и он не ме заборавил, токо нема шо да прави. Го наоглави татко му и не може да мрдне. И се усеќа, сирома, крив; откога го немам видено! Може цела година, ако не и повеќе. Го заборави и патот покрај нашата порта. Нека го; нека! Нека знае оти никој сега не го праве ни маслават. Та зашчо му е на некого женет човек?”
Сонот некако ја окуражи и утрото стана некако како освестена од долга несвестица или оздравена од забна болест.
Мајка и ова го забележа и си рече дека можеби се има загледано во некое ергенче кое ќе го замени поповиот Крсте. Но не сакаше да ја праша бргу, да не ја расште целата работа. Од друга пак страна се тресеше: „Кое ли ќе биде тоа дете?” Но си даваше гајрет со тоа што: ако беше сиромашко, добро — ќе си го земат домазет на малиот од чичка и Трајка, според првиот план; ако е некое чорбаџиско — ќе му ја дадат таму — на добро место. — „И така чини, и така чини”, — си велеше Доста, „само чупето да ми се откаче од ноа кучило поповото, кај го најде ѓаволот да го трате”. И пак почна во себеси да се бори. — „А шо е криво детето, шо го к’на? Зар оно сакаше или знаеше оти ќе го подврзе татко му? Токо, тоа се стори шо се стори, гледај ми си и Доцо дечињата и барај ми си капа според ќелавата глава, та не гледај оти векот носиле фесови со пискули или дури и паларии. Тие глави се други глави. Мене едвај ме пушчиле в село, па јас а барам поповата куќа. Дејди улаво, дејди!… И со тоа Доста го премести својот план на друга страна: да го брише еднаш за секогаш Крчето попово од умот и да и остави полна слобода на ќерка си, таа сама да си одбере друшка по нејзиниот ќев и волја.
А Неда си одбра еднаш за секогаш. По оној чуден сон таа донесе конечно решение: „Ќе чекам да вида шо ќе биде со него. Кога веќе ќе крши глава во невратилово, тогаш ќе се бара чаре. А до тогаш . ..”

 

Booking.com