КРПЕН ЖИВОТ – СТАЛЕ ПОПОВ
Далеку во мариовските ридишта, заградено од сите страни со дабова и борова гора, на дното на некогашното езеро се распрострело мариовското централно село Витолишча.
Од исток планинскиот гребен: Перун — Трибор — Српјановец — Козјак — Зелка го пара небото и прави ѕид меѓу Прилепско и Тиквешко; од запад: Голата Скрка — Шигаса — Ќимкова Скрка, од север: Рожден, Становица — Коленеш; и од југ: Панделе и Полчишкото Поле држат завет од необузданите ветришта Северот, Југот, Мегленецот и Дерикоза. Така заштитено, селото живее и се множи. Некогаш дваесеттриесет куќи, денеска брои двесте без некоја.
Како настанало ова село? Како и сите други наши села.
Легендата кажува дека многу одамна, а кога — не се знае, живееле долу крај реката Црна во селиштето Разлог тројца браќа: Раде, Гале и Вите. Се разбира, тие тогаш се занимавале со сточарство, лов, пчеларство и по малку земјоделие. Кога виделе дека земјата им се поиспостила, а тревата речиси секоја година горела од жешкото сонце, тие намислиле да побараат попогодни места, кои во тоа време ги имало во изобилност. На оваа мисла ги навеле и нивните коњи, кои бегајќи од низината крај Црна, летно време накачувале гope по Зелка, Ѓурѓишча, Перун и Трибор, барајќи сочна трева. Прибирајќи ги есено време коњите, Вите видел убави орници со богата паша, па една есен си направил нешто меќанец — колипка — во полите на овие високи планини, презимувал, а пролетта си ги дотерал и овците и говетцата. Така: Вите се заселил во оваа котловинка и ги удрил темелите на сегашното Витолишча; по неговото име го добила името и самата населба.
Гале и Раде исто така го напуштиле своето живеалиште и прешле преку Црна, та едниот ги удрил темелите на сегашното село Галишча, а другиот — на Радобил кои, ете, биле крстени на нивните имиња.
Оваа легенда старите ја поткрепуваат и со заедничкиот селски панаѓур (слава) свети Атанасија зимни, кој го служат сите три села, како некогаш што го служеле сите тројца браќа — Раде, Гале и Вите.
Село — како секое наше село. Но не тукутака го нарековме центар на Мариово.
На прво место тука е седиштето на царската управна власт — мудурлакот, на чие чело веќе дваесет и повеќе години седи стариот мудур Арсланбеј со десетина заптага и младото ќатипче и го претставува султанот пред рајата, ги гледа сите давии во името негово од сите деветнаесет мариовски села, тука е седиштето на мифеташот со пет шест души колџии што ги чуваат сите мариовски шуми; тука е седиштето на авџитабурот од двесте души аскер кој ги брка комитите и им помага на мудурот и мифетишот во тешките и одговорни државни работи; тука е седиштето на третокласното егзархиско училиште со архиерејскиот намесник на чело и четворица учители, во кое училиште учат децата на сите оние мариовци што сакаат да им прогледаат сшкдаи им и да станат попови или даскали; тука е изворот на попови од четирите поповски фамилии, и, најпосле, тука се: Влашкиот ан, анчето на Младена Чкулот, Петка Спасоев, Трајка Балето и Цулевото анче, во кои се враќаат и преноќуваат сите оние мариовци од другите села коишто за еден ден не можат да свршат работа во уќутматот доколку немаат блиски роднини и пријатели во селото.
Сите овие одлики му даваат право на Витолишча да се нарече центар на Мариово, иако по својата географска положба не е баш во центарот како Дуње, на пример. После, и изгледот му е некако меѓу градски и селски, ако може да има некоја средина.
Иако село — оддалеку личи на град. Куќите му се покриени со ќерамиди. Турски ќерамиди, правени од Перета Селчанецот, ама пак не се ‘ржање, слама или трска како во Полето. Двориштата се заградени со камени ѕидишта и затоа селото има и улици. Криви прави, какви такви, елем, улици се. Дури, улици со имиња Стребринската, Чолаковата, Лазевата, Душковската, Опурчаковата и друта, крстени на имињата од чорбаџиите чии калиња ги прават улиците. И денеска на ќошот од Влашкиот ан на средсело се познаваат натписите: Лудвигштрасе, Вилхелмштрасе итн., останати од Првата светска војна, кога германските окупациони војски ги преименуваа улиците и ги нумерираа куќите за своја сметка. Секако на мариовците ниту им текнуваше да ги нумерираат, ниту пак им беа потребни броеви, бидејќи сите в село лично се познаваа, та немаше нужда да се бараат по броеви.
Куќите на ова село — како на сите села по Мариово. Од камен соѕидани, од едно одделение, немалтерисани ни однатре, а камо ли однадвор, без никакво душеме, со две врати: една голема на средето на ѕидот, обично на источниот ѕид, другата малечка, само човек да може да се протне со наведена глава, на спротивната страна од големата.
На средето куќата се дели на два дела, но не со преграда, ами со една долга греда колку што е широка куќата (колку да се знае оти е разделена) спружена од едниот до другиот ѕид поземи, таа греда се вика „долното било”. Од гредата нагоре е „горни крај”, а од неа надолу — „долниот крај”, каде што остануваат и вратите.
Горни крај, до самиот ѕид е спружена друга греда што се вика „горното било”. На неа седат чесните гости. Тука е „тланикот”, за разлика од долни крај каде што се „пондилата”. Малку под ова било на средето е ископана четвртеста дупка и од сите четири страни отсечена со убави плочи. Тоа е огништето каде што се вали оган, пече леб, погачи, булиња, се вари манџа, топли вода и каде што во зимните студени дни се греат домашните на пламенот и жарот од сувите дабови и букови дрва.
Од десната страна на огништето слободниот проcтop се вика „машкиот кат”, а од левата — женскиот. На машкиот кат не се оставаат никакви предмети, освен троножните смрекови или тисови столчиња на кои седат домашните и гостите, доколку не седнат на билото. Во ѕидот на оваа страна допуштено е да има набиено два три кола на кои зимно време се обесуваат водените сакми и гуни, или некое котле со вода, да не го локаат пците или избурбатат прасињата.
Во ќошот на женскиот кат, задолжително стои „месарскиот ковчег” — ноќвите, до него крбла со брашно, шга амбарче кај чорбаџиите; а најдолу се наредени подниците, вршниците, а врз нив кацијата за посипување.
И над машкиот кат, и над женскиот има две дупки на ѕидот кои служат за прозорци, но, се разбира без стакло и толку малечки, што одвај може човек глава да појави преку нив. Така се правени за да не можат да влезат арамии да ја попленат куќата.
Меѓу овие прозорци, над самото огниште во ѕидот, има „мазгалка” (едно малечко камарче) во кое стоеле во старо време огнилото, тратта, кремевот и неколку страка борина, та кога ќе си дојде домаќинката подоцна да знае каде и е „виделото”. Сега таму се чуваат кибритот и борината.
Празниот простор под огништето така и се вика — „подогниште”. Тој служи за подниците, а каде што семејството е многубројно и не ги збира сите да спијат по катиштата, им фрлаат по некое рогузинче на децата навечер за спиење, додека блиското семејство, мажот со жената, и по некое дете, спијат пак на рогузина и козинаво покровче, по катиштата. Се разбира дека и тука се има почит. Постариот брат спие на машкиот кат, а помладиот — на женскиот, доколку летно време не спијат сите во дворот под покривачот на синото небо.
Над самото огниште на гредите наредени се штици кои го прават таканаречениот „черен”, од кој се одбиваат искрите и го штитат покривачот да не се запали, доколку е од слама или од ‘ржање. На едно јако дрво, префрлено од едната греда на другата е наврена алка од дебел синџир, со две куки на долниот крај за кои се обесуваат котлите за топлење вода. Тој синџир е „верушките”. А на покривачот, над овој черен, има малечок отвор преку кој излегува чадот (иако може да излегува преку покривач каде што сака); тој отвор се вика .,баџа”.
Тоа е распоредот на горниот крај на нашите мариовски куќи.
Од долното било надолу е долни крај. Таму се јаслите каде што се врзуваат добиците и во кои раѓаат жените повеќе машки деца, каде што на гредите спијат кокошките, а под јаслите — свињето.
По ѕидот на долни крај наколкани се колје, со куки и без куки, на кои се обесуваат секирите; направени се по две три камари во кои кокошките несат јајца, а на гредите во овој дел на куќата се фрлени разни алати: рала. јареми, косила, дршки за мотики, лопати, казми и ред други дрвени остени, ластагарки, стапови, кои чекаат да ги заменат тие што се во употреба. Добриот домаќин треба да има од се по нешто во резерва.
Празниот простор меѓу ѕидот и клештилата се вика „мутли”. Таму се фрлаат сите видови отпадоци; искинати опинци „опурчаци”, непотребни кожинчиња, шутки од искршени грниња и бардаци — стомни и се она што не е за брза употреба, но се што би можело да се искористи во даден случај. На пример, опурчаците — за олути на нови опинци, некоја шутка — за собирање суво зелје, суви сливи, круши, бонгур итн.
Тоа е целиот распоред на овие наши куќи.
Под целиот, пак, горни крај е земникот или визбата. Тој се состои исто од два дела. Предниот земник и вистинскиот — задниот земник.
Во предниот земник обично е разбојот и по некоја крбла, каче, ковчеже со разни ситнарии: цевки, предена кадели, пласти и секаов „абур — џубур”. А во задниот земник веќе се чуваат на прво место ковчезите со рубата, каците со маст, сирење, урда, пиперки, сланина, зелки, кисело млеко, бочвите, брилата со вино, ракија и други резерви од храна.
Во такви куќи горни крај живеат луѓето, долни крај — добиците: воловите, коњите, маските, магарињата, та понекогаш прасињата прескокнуваат и горни крај и спијат во една постела со децата, да им биде потопло и на едните и на другите.
* * *
Некаде околу 1898 година Илко Сукалов од ова наше село остана вдовец. На четириесетте години судбата му беше определила да се преженува.
— Ox, ох, златен Илко, златен! — го сожалуваа комшивките кога врвеше крај порти со маските.
— Ногу арен човек, ама ете к’смет немал, сирома.
— И зборуваше бабата Цвета на комшивката си Петра.
— Таман се позавати горедолу со сермиичка, па ете, го најде ампа, му умре Стоанка и сега пак остана како никој нигде, ни опран, ни закрпен, ни асолно најаден и одморен. Да не е снаа му Митра, сака сам да месе, сам да пече, сам да се пере и крпи.
— Тешко му, златна сваќе, тешко му! Машко за дома ли е? Да донесе брашно, дрва, да избра, да ископа, да ожние, да оврши, посее, тоа, ами он ли ќе ти меси, он ли ќе ти пере? Токо, кога го нашло шо ќе прави? Од господа е, сваќе! Луѓе го прават, па нема шо да му се прави, не па воа. Токо, пак не е оти престарен, мори сваќе! Има надеш, белки ќе си најде чаре, ќе прибере живот, токо еве — ве, јас ваа кошула a носи една родина здрава, а три како а носа крпена. И он така. Па лели не му остави Стоанка пилци да пишчат по нето, не е толку за жалење, — одговори Петра.
— Мори, златна сваќе, златна! Какви ‘рслани, млади како роса, останале кај нас вдовци и не можат да најдат, та ќе најде Илко на четириесет години, токо гo ватало сиромаот — ќе си а т’че, главата од ѕидот. Ама лели крпено, па крпено! He е како првиот залак шо ќе го касниш. Токо ајде: ајде; ајде да сјојме, оти ми тежи котолот на главата. Сакам да замеса утре, та реку за залеа од Киселка да ми се најде, да не ода рано, — заврши Цвета.
Така се разделија сваќите Цвета и Петра, а вдовецот Илко веќе ги врзуваше маските на јаслите и и викаше на снаа му Митра да донесе зоб да им даде.
Откако му умре Стојанка, во куќата Сукалова од женска страна остана caмo Митра, жена на најстариот брат Стојо. Најмладиот брат, Трајко, одамна беше вдовец и никако да се најде некоја жена што ќе и помогне на Митра. Месење, печење, ткаење, предење, куќа гледање, сето остана на Митра. Покрај нејзиниот Стојо, три сина и две ќерки, сите како од вреќа истурени, малечки, и се наметнаа на главата и двајца девери —вдовци. Црна Митра, место не може да ја фати. Браче Трајко едно бара, браче Илко друго, мажот Стојо трето, а секое дете си го сака своето.
— Ама, браче Илко, де, де, ногу а преѕалуате и вие машките. Секаде ли јас, пустињото?! Дали децата да и прибера, по вода да ода, слама кошот сака да го п’на и шо побрго да направа! Ламја да су пак сете работи не се прифтасуат. Токо слушај ме ти мене, — му се приближи и почна да му шепнува, додавајќи му ги зобниците. — Јас и некни ти реку и сега пак ти вела, и тоа без смеа. Јас сама, гледате, оти не можа. Барајте чаре вие со браче Трајка. Барајте некоа сиромашка, приберете, ем вие да се порајтисате, ем јас да имам некоа одмена, братко. Вие сте се стиснале како осланети, та не ви текнуа ни женичка да си побарате. Ех, да су јас едно машко! Али седа без жена бре, златни младини, бре! Ајде, ти веќе си попрекршил, ами браче Трајко? На триесет и две години векот се женат за првпат, а он се згрбавил како да има шеесет. Токо, остави го него нека си мисли тој за себе, а оти што направи ти со тоа некни шо прикажуаме? Таа Рожденката, де, шо велеше оти си дошла од Солун; ошче ли не кршила вратот некаде? Пита ли негде? Прати ли некој човек да разбере, да а потпраша одоколу, ќе се маже ли или калуѓерица ќе седе? Ајде, братко, помогаи си и бог да ти помогне. Co скрстени раце нишчо не бидуа.
Илко им ги навре зобниците на маските и си тргна со Митра кон огништето; го собра оганот со машата и седнаа двајцата наспроти да се греат. Тој го продолжи разговорот, правејќи бразди со машата во пепелта пред себе:
— Мори, невесто Митро, шо ми а пикаш во очите таа Рожденка. Она е, сестро, од „меките”. Си дошла од Солун со’ вуетанки, како вретенарка. Нема ни кошулка, ни сагака, ни чарапче, вутче, појасец, нишчо нема. Гола е како змиа на трн. Токо, налет ти голотиата. Ете, од Стоанка останаа толку алишча, нека дојде, нека носе, пците нека а носат. Ама, иде ли ти таа кокона, бре сестро! Па и ако а кандиса тој едноногиот, натемаш, кај ти седи во ваа куќа она! Кај ти лежи на рогузина во виа наште козинавци! Знајш како ти живеала она во Солун? Кај конзулот руски ти била, детето му го гледала и готово ти кркала. Та сега нас ќе не сајдиса и помин со таква ќе се помине. Токо, ка да си правиме сеир со умот. Јас, право да ти кажа, сакам да се прежена. Каква таквва, нека крши глава. Баре ќе има на кого да викам, кого да заповелам, па, најпосле ќе има кого и да слушам. Ако е поумна од мене — ќе а слушам, лебами, како дете. Токо не верувам да дојде. Дип веќе ако и е дојден слепиот саат. Никакво чудо не е. Ѓаволот, ни ора, ни копа, со луѓето џумбус си прави. Токо, да ти кажа кога ме ѓибна на таа жица. Го прати дедот Петка Балев дури во Рожден. Отаде одовде, а нашол коконата и, лав муабет, a дотерал донекаде работата. Разбрал оти ќе се мажи, и тоа по и бил ќевот надвор од Рожден, во некое друго село, И кога и рокол оти, така и така, има едно местенце во Витолишча, а завртела главата и се поднасмеала: ,.Ами, ако е речено и тамо нека биде, токо ногу е брго. Тој пусти маж ошче ни шес недели нема ка е умрен. Нека направи шес недели, та ако е к’смет — му рекла — пак дојди, јас до тогај ќе се поразмисла”. И така, златна невесто, едвај чекам да поминат ошче печес дена та дедот Петка пак ќе го сп’зна до Рожден, та господ шо ќе ‘поможе.
— Хахахахааааа! — се насмеа Митра гласно — и стана да му намете на крмнакот, говорејќи си за себе:
„Ете? Браче Илко си а наредил работичката, a јас сирота токо се жалам ќе су останала сама. Ајде, нека му е аирлиа, токо . . . кој знае па таа Рожденката дали не ќе одврзе да раѓа па да се нап’не куќата и да нема децата каде да се огреат. Ата ќе а најде! Арно е да дојде, ама поарно да не иде. Најстина, тешко ќе ми биде на троица мажетани кукла да му бида, ама пак сет мал и стока и ќе му остане на мојте деца.. . Најпосле, џембос нека ватат и девери, етрви, јас да си го гледам мојто црнило и дечињата, та потамо господ шо реткол,” размислуваше Митра и почна да го мами крмнакот:
— Бррр . . ., гуци, гуци, гуцииии! Кај вати, чавките да го јадат!? Mope, во ваа нашта куќа се се разбреало. Ни машко можиш да прибериш, ни стока. Ете, црниот петел лежи кај стрикови. Па му се бендисуат стриковите кокошки! Било та се рекло: туѓото е послатко. — И пак почна да вика: — Гуци, гуци, гуцииии! Mope, B’KOT ќе те истуре, ќе си дојдиш за лапање, токо ќе ти го печа дробот ошче некоа недела и друга. Ако к’смет ќе се куртулисам, и од тебе, и од браче Илка, ако не и од обата девери . .. Ете го, си иде на кркање. Ќе пукниш од него, море бреј! Оди, јади, тресни, алабаку еден! Вас човек ни за јадење не може да ве прибере!
Го остави крмнакот да јаде и си ја започна редовната вечерна работа. Кошот го наполни слама, кокошките ги затвори. Пак црниот петел го нема.
— Пус ќе останиш, пустелнику еден, главата по туѓите стреи да ти се вала. Mope, ќе те закола, да знам да умра, само а де, нека доведат девери ми некоа, таман ќе се отстрама со тебе. Их, шо ми се пријало кокошкино месо! — И за малку слинките што не и протекоа, па си вели: „Магарице стара, стрвла една! Ами ако не ти беше празен поасот? Еве ми ти, ќе си го врлиш како нишчо за кокошкино месо. — И се оближа по испуканите муцки и плукна пред себе, па продолжи да си зборува: „Ајде, не слушаш? — Детето ти плаче. Види си рожбата, будала една, немој токо влачиш в’на со умот”. И си влезе дома да си го види детето.
Илко нацепи дрва за фурната и излезе до кај средсело да види што има што нема, ама една работа го интересуваше најмногу: дали ќе го најде дедот Балета да му понатолче пак да појде до Рожден, белким ќе „м’сне ала” некако да ја заврте господ надесно Рожденката и да се стори себап, да се прожени.
И навистина во анчето на сина му Трајко седи дедот Петко, си го чури лулето и шеретува со неколку старци. Зашто ќе зборуваат мариовци, ако не се жени?
И таман Илко влезе сите на глас се насмеаја:
— Ахахааа! Еве ошче еден погорелец. Шо ал се прави, бре луѓе, — вели дедот Петко — кај ќе му се бараат жени на виа наши вдовци? На еден умри му, на друг, на трет, речиси половината мажје во селото се вдовци, а вдовици десетина ја има, ја нема. Да е видел господ, сака да одиме од градишчата да водиме жени, инаку нема чаре!
— Охохо! — се насмеаја другите старци, а еден проговори:
— Ако го имаат тој к’смет да дојдат граѓанки, ќе му бидат меки постелите на нашите вдовци:
— Држ де! — Се јави Петре Шојов. — Ако е така да и го барам и јас чарето на ваа моата. Господ да чуа и да брани е! Секое летенце и детенце, шо велаат. Од Шипка да се јава — и готово е. Безир су да си дојда дома на промена, толку шо ми е окиснато. Е, не се тргаат. Седум, осум, девет, којзнае колку се сториа. He знам веќе ни да и броа.
— Mope, блиску лежиш до неа, побратиме, та затоа и врцкате пред година, та не угу шо се јавуаш на Шипка! — го дочека дедот Пројче и го свртоа разговорот на пијалокот во крчмата.
Илко му мигна на дедот Петка: обајцата излегоа од анчето и се стиснаа до Батанџиовото ѕитче. Од анчето се слушнаа гласови
— Ете, ете, дедот Петко пак ќе го наоглави Илка. Ајде, бреј, побрзо да се напиеме! — викна дедот Пројче и си го крена дваесетпетдрамничето. — Нека му е аирлиа муабетот на Петка! За каде ли го маслосуа? …
— Шо направи, дедо Петко, со нашата работа? Имаш некој абар од кај Трибор или ошче е јалово? — го праша Илко дедот Петка и зачека.
Дедот Петко се понасмевна: Полека, внучко, полека, тиа работи не бидуат така веднаш. Човек од магаре паѓа пак починуа, не пак на жената и умрел вчера мажот, а ние — де да а грабиме! Токо, знајш шо? Работата е на добар пат. Вчера вечер си дојде Димо Тушев и ми рече дека пратила здраво живо да појда пак. Значи, ќе а преметниме преку рид, само трпение. Ете, ошче печес дена, ќе се намана јас пак и ќе видиме како ќе излезе.
— Ајде, дедо Петко, ајде, ќе и киниш чевлите, ако сака гсопод. Најстина на старос, токо коа тој шо рекол: „на староси два радоси”. И јас така. Me ватил такцирот, ќе се права зет на старос. Ама, ела зло без тебе полошо! Само гледај побрго: дури е жешко железото се чука. Дури е пресна да а преврлиме, да не се најде некој друг брат да а претера некаде по Тиквешиата долу.
— Ах, да му се невиди во работата, — се издиши длабоко Илко и тргна дома со извесна надеж, дека после недела, месец, ќе се враќа дома и ќе има на кој да му наредува за вечера и постела.
Дома невестата Митра ги умирува децата, постила, го трие гравот и пи чека мажите да се приберат за вечера.
Се прибра Стојо, се прибра Трајко, Илка уште го нема.
Стојо му вели на Трајка .
— Mope, брату, Илко вчера остана вдовец и ете, се прави мукает, ќе кандиса некоа сиромашка, ами ти, бре брат, оти ич мукает не се чиниш? Толку години си без жена, седиш како замрзнат крај оган. Ајде, порастрчај се пo селата, белки и за тебе одредил нешчо горниот.
— Трчал не трчал, моето се виде, брату. Јас еднаш си го виду к’сметот. Тој ме остави и сега не му мисла веќе. Ако сака невестата Митра да ме позаперуа и да ми плеска пo некое сомунче, ќе ви седа и ќе ви работа. Ви дал господ вам дечиња, со неј ќе се радуаме заедно. Мене душата не ми ќабули на Великината постела друга да легне со мене. Велика ми беше по ќевот, се стори к’смет се прибраме едно крај друго, ама, ете, за малку било. Сега, гледајте — правите. Јас ошче су млад: ќе работа, ќе се рана. Ако ме неќите вие со невестата Митра, ќе се главуам, ќе се потуркам оттаму доваму, дури еден ден да сјода кај неа. А колку за Илка — не му се мешам, ни пак му преча. Најстина, ако е за ред, мене ми е редот, ама пак и он си има право како постар; што знајте — тоа правите.
Невестата Митра кладе борина на светелникот, задоволна од неговиот одговор.
Најпосле, и Илко се прибра и право трга долни крај да види дали имаат слама добиците.
Невестата Митра го наполнила кошот, ама многу е стегната рака, та само неколку сламки најде во јаслите. Заграби, им тури на маските, ги поискара да не се туркаат и си тргна кон огништето. Уште од сред куќи им викна „добро вечер” на браќа му. Го праша Трајка што направи денеска, го фрли ли сето семе или му остана за утре.
— Mope, го врли, бацко, токо не се досеа, пустињата. Вие со бацка Стоја велите вaќa еден осмак, ама и со пет кутли којзнае дали ќе а насејме. Ошче утре ќе и појдиме со сивчевци, та господ што ќе рече. Токо, најстина, ка ќе а досеа. Оспротива каде да го носа ралото? Едната маска сама да ми а оставите утре да го занеса семето и да го пренеса ралото кај што ќе речите.
Дури се водеше овој разговор, Илко седна под оган на столчето, а Стојо предложи каде утре да се ора, колку семе да се земе.
Планот за утре го даде најстариот брат Стојо. По тој план Трајко ,ќе оди на орање, Илко пак в планина, но само со едната маска и магарето, а Стојо ќе остане дома, да ја поврзе племната оти, см тече, ем кокошките ја чепкаат сламата.
Невестата Митра си ја знае својата работа. Рано ќe меси, крмакот ќе го нахрани, вода ќе залее, тиква ќе кладе да се свари, слама ќе извади, вечера ќе пригоди и денот поминал. Ако може нешто да завлече, арно, ако не — барем бунгур и сол ќе сомеле, расолот ќе го преточи, пиперките. Сирењето, маста да ја види, да прецеди, преточи. Се знаат ли работите на селска домаќинка, особено во побогата куќа? А за децата не останува време ни лигите да им ги избрише. Туку, нека се живи. ќе пораснат, сами ќе се бришат. Главно, леб, сирење, пиперки, грашок, што има да се накркани, та ако се обркани. Па од пусти тикви дерман нeмa, сирота. На ден, на два котолот само го полни. Децата сакаат, а и крмнакот убаво се гои од нив, ами што се гнасни пустињите! Децата по цел ден јадат тиква, семки, и не се знае кој повеќе е обркан, крмнакот или тие. Туку нели им е слатка, ако се обркани.
Разговорот се сврши, работите за утре се распоредија, мажите ги собуја опинците, а невестата Митра ја посла рогузината, го фрли постилачето и децата се растркалкаа. Стојо се навали покрај оган и го зеде најмалиот Илка, се погалија со него, ги помилува и другите деца и и викна на Митра:
— Ајде, мори, готов ли е граот да вечераме?
— Еве, ошче троа, Стојо. Граот е готов, токо му кладу и троа тиква. Знајш, подебел да се стори, оти ваа година го вати бастрата, та непара се роди, ќе и поистегниме ушите за грашок. Па и дни идат: божиќни пости, мртвени, среда, петок, шо ќе се јаде, пусто да биде! He е еден, не се два, дни — коа кубаси, шо рекле старите. А вамо, сака залаг да пог’тниш. Токо, ете, вака, кога грашок, кога леќичка, тиквичка, пиперчички, расолец — дури да си го заколиме гуцето. Троа од воа, троа од ноа, нека ни се живи дечињата и некој к’смет да му навее господ на браче Трајка и браче Илка, ќе си поминиме. Митра го истави грнето од огништето, го зеде ѓумот со вода и леанот па им тури да си ги измијат рацете. Така е адет. He се седнува на трпеза немиен никогаш, оти лебот ќе избега од куќата. Трајко се забриша со полата од гуната и стана да ја донесе софрата, но Митра притрча и му ја зеде од раце:
— Ииии, браче! Ами кој ќе чуе ка ќе рече! На Митра Сукалова деверите и а клаваат синиата! Седни, седни, ошче не су престарела, ако имам четириесет години. Де, братко! Преѓеска те ѓибна Стојо оти не се жениш да ми помогне етрва, а ти веднаш сакаш да a замениш. Mope, седи, ослепаго, како су чинила измет на ваа куќа толку години дури вие да се жените со браче Илка, ќе чина и сега, токо ние сакаме вие да си се удомите, да си имате друшки како шо си имате, а за измет — ќе чина гајрет дури да потпркне Ѓурѓа ошче некоа и друга година, па после и мене ќе ми се поолесне товарот!
Илко и Трајко се прибраа до софрата. Митра донесе и ваганка со пиперкитуршија, бардак со вода и седна.
— Ај, боже поможи! — Се прекрсти Стојо, се прекрстија Илко и Трајко. Децата зајадоа од турениот грашок со тиква. Дебел, како гробарски, златна ми ти сестричко! Малку благ од тиквата, малку лут од црвените пиперки, малку повеќе солен, елем, залак се топи, пиперки се шмукаат, бардакот се накрева де од еден, де од друг. Трајко клава борина на светилникот, Митра го полни бардакот со вода, ја тера мачката од под софра и вечерата се сврши. Децата се истркалкаа настрана од софрата и позаспаа, а невестата Митра ја крена. Ја зеде ронкарката метла, ги смете ронките, им тури пак вода на рацете, кладе борина, седна покрај оган и ја запна фурката да преде.
Стојо го наполни лулето, ја зеде машата и му тури еден жар поголем од него. Го спотна оганот, се навали на перницата:
— Е! Сполај му на господ: и вој ден помина, Еден по еден, ама нам ни се бележат на ќитапот. Како вчера се сеќам кога а лаже Митра. Ииим бреј, да се не види, кога поминаа вие пусти години. Ете ошче троа и веќе ќе обелејме. Токо, ајде, Митро, постели му на Илка надвор на чардакот, ошче не е студено, a Трајко, сака на сокницата сака во племната. Ама, ставајте утре порано да изврте Митра семе и да и пораниме сивчевци, оти, лебами, коа бајади ослабеле!
Така се заврши и оваа вечера, како сите други до неа, во куќата на Стоја, Илка и Трајка Сукалови во Витолишча.
Митра ја истера кучката, го наполни бардакот вода и го кладе над перница, го турна светелникот и се припикна во козинавецот на другиот крај на постелата. Стојо веќе за’рка. Митра се позаврте да се понамести да не ја глочка рогузината и заспа.
Илко и Трајко си ги зедоа сакмите и си отидоа: првиот на сокницата, другиот во племната. Трајко легна, и бидејќи цел ден го тресе ралото, по пет десет минути заспа. Caмо Илко долго се префрла на амбарот, ту на десната страна, ту на левата. Се обиде на грб, на мев, — ничкум, ама се некако очите не му се заклопуваа. Мислите му шетаа некаде по Трибор, по Рожден и ја бараа солунката која треба да ја замени неговата Стојанка. Така, префрлајќи се ја дочека зората и стана, се спреми за на работа.
* * *
Дедот Петко Балето страшен шмеќер е. Го намириса Илка оти е запален за Рожденката, а знае оти и некоја бела меџудија ќе падне, па затоа ја зеде работата не на шега.
Дочека да поминат шест недели од смртта на мажот и, си ја зеде ластегарката и, чукара — пукара, дури во Рожден.
Но треба некој да му помогне. Caм човек за никаде не е. Затоа уште патема реши да појде вечер кај Карабуклијата. Ќе си најде мана пред децата дека дошол компири да купи за дома, а насамо ќе се посоветува со стариот пријател и ќе го моли за помош.
Дедот Петко тргна од дома уште утринта, туку старско одење: полека, полека, се приближи над село кај ужина. Но кога виде оти уште е рано, — си поседе на чешмата, си поужина лебец и сиренце, се напи водичка и времето дојде. Таман се прибираа орачите и дрварите, и тој, со торбичката на рамо, со ластегарката под мишка, влезе в село на мракот.
Ha дедот Петка не му беше ова прво одење во Рожден. Тој имаше изнесено стотаци оки компири, јаболка, а лебами, и неколку чупи и вдовици има преметнато преку рид. И затоа го познаваа и Рожденци него. И тој го знае и селото и селаните на прсти. И кај ќе оди сега? He да речите оти нема кај да оди. Куќите на нашите мариовци се отворени секогаш и за секого. Туку, дедот Петко си оди, ете, со план. Уште кога тргна од дома си го направи планот.
Ќе оди кај Карабуклијата. Тој му е стар пријател. Врсници се. Едно време се бореа по панаѓурите и го кутињаше. А сега главната работа го тера да оди кај него. Карабуклијата е комшија на солунката, па и некаков вујко и паѓал, та белким и тој ќе изарчи некој збор на Петкова страна. Оти, господ да те чува, овие вдовиците се беља милет! Ако знае човек да и го заврти умот, ќе ја кандиса и за слеп сиромав, и за црн Ѓуптин да тргне; ако не знае, и бег да и се врти, ќе го направи мат и маскара и не оди!
— Mope, дома ли сте, бре домаќини? — викна. И не чекајќи одговор, тргна право горни крај.
Крај огништето седнал Карабуклијата со некој комшија, го спотиња оганот и вика по снаа му да донесе борина да види кој дојде по мракот.
Дури дедот Петко се прибра до огништето, снаата донесе борина; домаќинот фрли еден два страка во оганот и куќата светна.
— Mope, добровечер, побратиме!
— Бре, како си Петко!
— Бре, сполајбогу Ристе!
Бре „здраво, бре живо, бре ош, бре дрш”, како секоја пријателска средба.
— Ами каде, бре, побратиме, вака по мракот? Го праша Ристе Петка и му подава столче.
— Седни, Петко, добре дошол, што правите по Витолишча, шо чините? Како е снаа ми Петковица, децата? Како е кочобаџијата Трајко, попот Стево, како е протуѓерот, Злате полјакот и сете со ред в село? Како се роднини, пријатели? — Co еден збор Ристе праша за сите знајни и незнајни мажи, жени и деца од Витолишча.
Петко слуша, ги запланува рацете на пламенот, потшмркнува, ги брише седите мустаќи и кротко одговара:
— Сполај му на господ, Ристе, здрави сме и живи на саатот, здраво живо од сете на кој пита кој праша. — Извади од пазувата едно јаболко и и го подаде на снаа му на Ристета, која му прави здравоживо.
— Повели, невесто, едно здравоживо од старата.
Повелете на госје. Ете, денот ни е близу, работите се подовршиа, па дојдете со побратимот Ристета и со момчето на госје. Ако сме сиромаси, братко колку за толку ќе пречекаме и ние еден пријател. Шо се вели, ако сме црни — не сме Ѓупци. Па и Ѓупците се луѓе!
— Ха, ха, ха! — се насмеаја сите околу огништето, а снаата отиде некаде, да приготви нешто вечеричка. Јабанџија човек дошол, не може да се помине само со леб и пиперки.
Карабуклијата и Петко ги наполнија лулињата; оној, селскиот гостин, стана, си зеде збогум — „седите со здравје” и двајцата пријатели останаа сами.
Карабуклијата прв ја прекрати тишината:
— Mope, побратиме, ти пак ќе ни и испразниш очите, коа шо глеам. Некни беше, сега пак. Непара си за вера, токо нека е аирлиа, и ногата да ти е сурова ако изведиш некое ѓубре, како таа роспиата лани. Ама чурук жена, мајката брееееј! — Ја заврте главата Ристе и зачека одговор од побратимот.
Петко се поднасмеа под мустаќ и му вели:
— Mope, побратиме, жеден коњ матна вода не гледа. Ваква таква, таа му а отвори куќичката на Боцета, а вие ќе и виете по дирата. Токо, знајш шо? Дајте ошче некоа да завлечкам татки, та каква сака нека биде! Де сега, кога сам ме наведе на муабетот, да ти кажа и зошчо сум дојден, дури децата не се прибрани. Овде имало некоа солунка, без маж. А’ сега да те вида шо пријател си ми! Да а кандисаме за преку рид па да видиш каков пријател имаш. Најстина била мека, неучена на работа, немала алишченца, токо, ако сака да му биде отворена куќата, поарно, шо се вели: „со секаква — секаде, со никаква — никаде”. Затоа тој си кандисал на се и ете, ме прати да видиме шо ќе направиме ние двајца стари јунаци.
Карабуклијата се чекаше, ама ова го изненади. Внука му сега си дојде од Солун и веќе ја намирисале витолишките вдовци!
— Тууууу мајката бреј! Теливони да има човек пак толку брго не може да разбере! И оти е она грацка, без алишча, не знае да работи, ни оти ќе треба он да и меси и да а пере, нишчо тоа, се ќе праве, само пуста женичка-душичка a a a!… — па му се обрна на Петка:
— А бре ми, од кај разбра, в’четано стара, оти има такво нешчо кај нас? Кога си дојде она сирота, кога разбра и место си и нашол? Токо, од кого си пратен, лебати, кој е тој будала шо ќе си а земе белата да гледа ромак во куќата? Ами таа не знае ни да месе, ни да пече, ни да влаче, ни да преде, ни да ткае, бре брату, ни да шие. А за срп, решето, вила, мотика диќел ич да не и речиш. Ако сака тој сирома да си a затворе куќата дај да му а наметните на вратот! А за готвење! Да има јајца, мас, сирење, сланина, месо и шеќер! Алви да ти праве, ориз со млеко, ореи со мед! За тоа а бива, а за домаќинлак, тешко на таа куќа каде ќе падне! Токо, ако му е пишано, може и да се стори. Она ми е нешчо и сој, да а обидеме. Ама не веруам толку брго и да крши глава — да се мажи … He ми кажа, лебати, кој е тој толку завеан шо те пратил да и киниш пинците дури овде? Ќе купе ли он некое рало, или ќе и киниш ти за твој есап?
— Mope Ристе, море брату, гледај ти ние да си a свршиме нашата работичка и да лапниме по некоа бела меџудиа, та дали јајца ќе му готви, млеко со ориз, ореи со мед, тоа нека му мисли тој шо ме прати. А за човекот е добар. Од арен — дури ни чини. Заватен е сега засега, му дал господ малу-ногу од се, па вели: „стопанка му, нека дојде, само на жена да мириса, ќе биде задоволен. Колку за мене и за неа ќе печала. Па, најпосле, мечтата од гората се учи, не пак таа. Ќе седи, седи, ка ќе виде оти вода нема, истерисмес, ќе стане, ќе залее, оти сака да се напие. Ќе виде оти леб нема, — ќе стане, ќе меси. Ќе го греши еднаш, ќе го греши двапати, на третиот, четвртиот пат ќе го погоди и ќе си свикне, со работата баре во куќата. Па за в поле, ми дал господ, ќе ваќам аргати, ќе туркам некако”. Токо шо велиш ти, ќе кандиса ли она и как ќе разбереме ние вечер?
— Mope, таа е лесна, Петко, за разбирање; токо дај да се порасположиме ние малку, се здрвивме на виа столчињата, — одговори Ристе и викна на невестата:
— Невесто Менко, невесто Менко, кај ватите, бре Ѓупци? Ајде побрго донесете постелата да се навалиме со побратимот!
Невестата Менка веќе беше ја зела рогузината, постилачот и нова перница и им посла на старите пријатели.
— Собуј се, Петко, и повели, седни, одмори се. Петко ги собу опинците, ја симна торбата од рамото, стана, ја исправи ластегарката до ѕидот, ја обеси торбата на колот и седна скрс нозе на постелата. Невестата Менка донесе пагурче со ракија и во едно ваганче сирење и пак си отиде некаде по нејзина работа …
— Та, така Петко, а? — Започна пак Карабуклијата. — Ти веќе си решил сете витолишки вдовци да и ожениш, и види — не види, ајде во Рожден по невести. Mope, гледај да не те пречекаат негде по Попова Ливада виа вашите аламани и да те оплескаат, бреј! Знајш оти овде кој останал вдовец ретко да може да се прожени. А ти, пред носот кај му и зимаш. Токо, така си е таа: ако на некој не му се стемне, на друг нема да му се осамне. А нашите вдовци нека не дремат како ќос на јајца. Нека си и отворат очите, ако сакаат да имаат. За тоа јас ич теклив не ти ваќам. Ошче ми се прави ќевот оти ќе имаме мешаница да си одиме — да си идиме на госје. Ете, на пример, мене некнашниот пазар ме стемни на Црна. И ако не беше сваќата Севда премажена во вашето село, требаше да додевам на некој пријател. А вака, мило мое — мило свое. Си појду на својшчина кај неа, ми отвори, ме прибраа, си помина како господ шо рекол. Затоа и сега шо ми велиш за ваа кучка, внучка ми: со сето срце јас ќе ти поможа, токо кој знае дали ќе a кандисаме. Ногу е шерет, кој знае шо ќе посака, дали ќe крши лејка да се мажи толку брго! А шо велиш за видуање! Ами угу туа срти како куче касапцко. Сега, пред да дојдиш ти, тука беше; те ако сакаш ќе а пратиме невестата, ќе а викне да видеме шо каршилак ќе даде.
Петко го слуша Ристета и се шири. Работата до некаде тргна. Карабуклијата е готов. He само што не ќе му пречи, ами, ете, и ќе му помогне!
„Ајде боже, поможи”, ми рече тој, тргна од пагурчето и го пробуцка лулето што беше се угасило дури го слушаше Ристета, па му вели:
— А бре, така си е, Ристе сето шо го велиш, токо кога ќе заслепее човек, нишчо не му се гледа. Ами, ајде натера а невестата нека и жугне. Нека и рече оти тој човекот од Витолишча, шо бил некни тука, дојде — и ќе и текне кој су:
— A, a, а, ти, стари в’ку! Значи некни затоа беше ти тука, па мене ме маслосуаше, а? Зошчо таа сиромашка токо гледа гope по патот витолишки! Очите и истекоа. Е, е, е, аирлиа нека е, аирлиа. Нека се живи, нека се ќердосаат. Леле дотука сте а дотерале работата, ќе биде. Токо, гледај и за нас со тебе да излезе некоа чаша и друга ракиичка. A јас ќе навалам на твоа страна колку шо можа. — Заврши дедот Карабуклија и цврцна и тој од пагурчето.
— Земи, Петко, земи омези се од сиренцето. Сега ќе си дојде невестата и ќе а пратиме нека а викне.
Невестата Менка си влезе на врата со полна ваганка сланина. Ја остави ваганката на ковчегот и дури ја симна тавата од гредата, Карабуклијата и рече:
— Дај, невесто, јас ќе го насеча месото, а ти појди жугни и на Доста, нека дојде. Речи и: татко сака нешчо да те праша. Ама гледај со мукает, да не те разберат домашните.
Ристе почна да дроби сланина, а Менка излезе до комшиите. Се накашла и плукна под стреите да не има некоја самовила да нагази и појде у Достини.
Доста се затресе, ама пријатни трпки ја полазија по снагата.
— Оди, невесто, оди! Јас ќе се измушна некако и ќе дојда. Тој стариот ли вапир дојде?
— Тој де, дедот Петко Балето. Тој ти е за тие работи роден. Токо, гледај побрго дојди, така ми рече свекор ми.
— Ајде, ајде, јас си а знам работата, — одговори Доста и ја испрати.
Дури невестата Менка отаде да ја викне солунката, дедот Ристе насече сланина и кладе дрва на оганот. Оганот се разгоре, а невестата се врати ја кладе тавата та сланината почна да пишти.
He поминаа ни десет петнаесет минути, ете ти една, „чума” кај Карабуклиови. Се појави на средкуќи една сенка, по „ѓупски” облечена, главата преврзана со една црна шамија; ни прцле тама, ни кркми, ни цулувци, ни појас, ни саѓија, ни гуна! Една вреќа, конопна и во неа нешто како човек, жена, којзнае. Ама асли како оние Ѓупкине што продаваат вретена по селото. Туку и тие барем шалвари носат, ама оваа — просто во вреќа наврена!
Се приближи до оганот. Ги виде како седат на машкиот кат овие двајца стари пријатели и со низок глас ги поздрави:
— Добровечер вујче! — Се приближи и до дедот Петка и му направи здравоживо, па на Ристева покана си зеде столче и седна под самата постела.
Дедот Петко ги собра сите сили и знаења и го почна муабетот:
— Еве, невесто Досто, јас пак дојду. Најстина, тебе може не ти е толку по ќевот да те прашам секоа недела, токо, лели те ватал такцирот, се ќе видиш, се ќе чуеш. А пак и тој, сирома, исто така такцирлија како тебе, си го бара чарето. Умрените не ставаат, a живите сака да живеат. Си правиме лав и со побратимот Ристета овде, па тој ти бил и нешчо свое, и велиме оти не правиш лошо ако кандисаш да дојдиш. Местенцето е добро. Ни дете, ни коте, шо велаат. Човекот е домаќин, од домаќинцки сој. Па да не го вала ногу, ама си има и сермииичка. По стотина, стојпечејсет овчуринки вртат браќата.. два ѕевгара волови, две маски, магаренце, се вели лавот. Ами тоа е, бре ќерко, богатство на еден селцки домаќин! Куќи си имаат сите тројца браќа, посатка, чакар — бакар, се си имаат натокмено, токо од милос помеѓу себе не се делени. Си живеат, шо се вели, исто како браќа. Ете, и двајцата сега се вдовци, а третиот, најстариот, е со жива жена. Па и таа се погоди разбрана. Пра не дава да падне на неј. Mope месење, море перење, крпење, не се знае оти немаат живи домаќинки. Ама човекот сака да се удоми, куќата утре да си а отвори, па не е ни престарен на челад да не мисли. Па и ти, дека си го загубила домаќинот, та не сака ли да живејш? Сатса, ете, јадење. сака пиење, носење. Па женцка глава сама не е за никаде. На работа сама да излезиш, триста муабети ќе си чуиш. Кос-коџа со мажје жени пак беља тргаат ако тргнат сами, а камо ли ти шо си а изгубила главата. Најпосле, да ми прошчавате сете овдеа, не си ни ти престарена. Кај господ никој не е. Белки ќе те израдуа, ополај му, со некоа рожба и ти во векот да се замешаш, и деца да одгледаш, и свадби да направиш, и внучиња да подржиш. Сето е во раката негова, сполај му. Еве го, побратаимот Ристе ти е твој човек, нека рече, зборуам ли лошо? Бог да ме убие ако мисла за лошо, лошо в куќи да ми дојде. Токо .. . сме се нашле, ете, наши луѓе. Тиа работи без луѓе не бидуат. Јас за тебе — ти за мене, ајде нека се тутне вој бели век. Штo велиш ти, побратиме? Лош ли ми е муабетот? Ако јас нешчо греши, ете, ти си тука, кажи шо не чине…
Карабуклијата пак шмркна од пагурчето, му го подаде на дедот Петка и тој да го накваси грлото оти од многу зборување беше му се засушило, та откако се поналакти на другиот лакт, се заврте кон Доста и почна:
— Арно вели побратимот, внуко, арно вели. Лели те зема он на душа, слободно такцај му. Кажи му, нека му каже на човекот што ќе му сакаш, до кога да те чека, та спремајте се и он и ти, прибери се да имаш сенка над главата. Најстина си гола, боса, не си како виа нашите овдека, токо ти си тука родена. Лесно ќе си свикнеш пак на работите. Лели имало овчички — ќе ми си напредиш, ќе ми си наткаиш и ќе ми си навезиш и кошулки, и саѓијки и гунки. Само здравје и живот, некој к’смет господ да ви даде, да се ќердосате, та никој не умрел од голотиа и од босотиа. Ајде, кажи му на побратимот шо ќе му кажиш, пак он утре рано нека а намачка преку рид, утревечер пак нека дојде со абер, а ти спремај си тоа парталочките, појди му и заживеј си како човек, шо се вели лавот. Шо ќе правиш ти овде сама како утка!? Најстина, имаш браќа, снаи, внучиња. ама сете те гледаат напреку. Си била мила дури не си била излезена, а сега, внуко секој петел на своето бунишче пее. И ти си чепкала на вашето дури си била тука. Си отиде ли од тука, ете друга две дошле да чепкаат. Та затоа вујко и вели, да не ми си пo бркаш к’сметот шо ми та дошол дома. Јас сакам тебе добро да ти стора, та затоа ми те советуам. Да не мислиш оти ние со Петка некој бакшиши ќе добиеме. Токо, ете така. Утре ќе ми се отворе една куќа повеќе во Витолитча.
Доста слуша натажена, дури се поразлигави малку. Се исекна неколку пати во шамивчето, што му направи голем впечаток на дедот Петка, ги забриша солзите и откако си ја кладе раката пред устата, потпрена на лактот и колената, отвори да зборува не полошо од дедовците:
— Mope, дејди вујко, дејди родителу. Лели ме ватил таицирот — се ќе ми дојде, и до уши, и до глава. Ногу арно зборуа дедот Петко; ошче поарно ти. Јас су решила црн Ѓуптин да зема, вдовица до векот нема да седа. Лели пак к’сметот го навеа вој сирома, јас су готова да ода макар во сињо море. Токо, едно сакам дедот Петко да му каже: јас не сакам од него ни лири, ни вранги, ни бели меџудии. He су кобила да се продавам. Колку за нишан, нека прате колку му душа кабули. На деот Петка да му купи едно рало чели и да го напои. За тебе и други поблиски роднини по некој дарчок да ве подаруа, колку да не речат наште комшии оти Доста за бадиала отиде: „Ни едно бришалче не му зе на зетот!” Ете. тоа е јас шо има да го кажа. Нека сјоде деот Петко. На негова душа, на негова бога. Јас не го ни виду човекот и кандисана су. Ама пак да не рече после оти невидена појду, нека дојде најпосле и он утре со дедот Петка, па и нека ме виде, немој утре пишман да се праве, да ви а к’не душата како на дедот Петка, така и тебе, а мене да ме тр’е сол на главата. Сакате ли по арен одговор од вој?. ..
Дедот Ристе стана од постелата, ја фати за раменици, ја теши и ја испрати до вратата.
Кога се врати до средкуќи му викна на дедот Петка:
— Е, побратиме, ти се направи ли ќевот? А? Си се уплашил, не ќе кандисалааа! Mope, дури, „мајко” ќе рече. Ти дуј — јас чукај и, ете, се стори работата. Токо, сега ајде да вечераме, та прилегни малку, и ставај, оти утревечер пак сака да дремиш. А’ виде ли ти, лесицата една? Отаде — одовде, пак сака да го виде. Ѓоа она неќе, токо он да а видел неа. Леле, леле, пусти. Илко, шо аро ќе виде! He е лошо, болката да го вате. He е ни старо шо ти човек е. Нема ни триесет и пет години, токо виа пусти грацки алишча токмо Ѓупчетина а прават.
— Mope, ќе си го наконте Ило ако сака да му светне куќата! — вели дедот Петко. — Стоаонка му остави алишча исав. Шо велаат: еден правил — друг ќе носи, нe за кого е речено, ами за кого е печено!
Невестата Менка ја затопли тавата на огнот, го зеде ѓумот и леанот, им тури вода на рацете и ја кладе софрата да повечераат. Се поднапија и по некоја чашка винце и си легнаа.
* * *
Изутрината уште рано, кај петли време, дедот Петко стана, си го запали луленцето, си ја зеде торбичката со едно залавче лебец и ластегарката м тргаа за Витолишча. Пустиот му пат тежок, лош, преку орман, ваму времето намрштено, како есено време, месечинка ич, а дедот и помалку слеп, одвај излезе до Трибор. Нели даде господ се прозори, та слезе долу в село да го бара Илка. Таман тој зад село, еве ти го Илка со маските тргаат за в планина.
— Работата, внучко, е готова. Сега треба ти да кажиш. Јас моето си го стори. Сакаш овде да а доведеме да се видите, или пак, она коа шо рече — тамо да и појдеме — му вели дедот Петко на Илка.
— Mope, дедо Петко, ќе и го правиме киселиот дури да а втераме во враот. Ќе и појдеме тамо, ќе се видиме и ќе а наредиме сета работа. Токо, на! Води а ти едната маска, — вели Илко и се вратија од патот.
Си дојдоа дома. Невестата Митра лицемерно се израдува оти се свршила работата, му изнесе на Илка нови алишта, капа, чевли, нова гуна и сакма од конец. Се натокми Илко како младоженец. Поручаа со дедот Петка и си јавнаа по една маска.
Пукара — чукара, таман како сношти, му се фукнаа на Рожден и право кај дедот Карабуклија.
Снаа му веќе си ја знаеше работата. Штом го виде дедот Петка, отрча во комшиите, и кажа на Доста и — уште не ни врзани маските — се вратија двете и Доста се најде во ќералчето на дедот Ристета. Таа ќе го гледа Илка, ама тој неа не може ниту пак знае оти е тука.
Илко ги врза маските долни крај, ја извади торбата со здравотоживо, ја остави ластегарката кај дедо Петковата и се приближи до огништето:
— Добровечер, дедо Ристе.
— Далмити бог добро, Илко. Добре ми дојде, како си, шо правиш, шо чиниш. Како сте дома, бацко ти Стојо, Трајко, шо прават?
Се распрашаа, се распитаа еден со друг како гостин и домаќин.
Илко вади од торбата две јаболка и му ги подава едното на дедот Ристета — здравоживо од бацка му Стоја, другото и го дава на невестата Менка од снаа му Митра и ги покани и тој како дедот Петко да повелат на гости за денот.
Невестата Менка ја зеде торбата од Илка, ја обеси на колот, ја зеде рогузината, го посла козинавчето како секојпат. Илко и дедот Петко си га собуја чевлите и опинците и седнаа на постелата да се одморат.
Доста од дупката на вратничето од ќералчето го виде Илка кога го даваше здравоживото и го гледа сега кога седна со старците на постелата.
Ако беше седнал со некои млади момчиња можеби немаше толку да и се бендиса. Ама вака, со старци од шеееет и пет и седумдесет години, тој од четириесет, и се виде момче за мерак. Па да видите, луѓе, Илко не изгледаше толку стар според годините! Висок, дури повеќе од што треба, плеќат, исправен како свеќа, бричен денеска, си го подбрикол дури и вратот; мустаќите, црни, правилни, и позасукал малку нагоре; новите алишта на него го направиле момче од дваесет и пет години!
Доста, навистина, не мислеше веќе на убавина и на младост, ама кога го виде, срцето и заигра и си вели во собе:
„Е сполај му на господ лели су имала к’смет пак да ме обрадуа. Најстина, го изгуби првиот токо и вој не е лош. Ако сака тој, сполај му; едно од место — друг на место”! . . .
Невестата Менка ја распали борината на светелникот и отиде во земникот да извади маст, сирење и некоја пиперка да запржи на тавата за гостите.
Доста за час се најде средкуќи и уште оттаму се кажа:
— Шо правите, бре Карабуклиови, дома ли сте? Добро вечер, вујко Ристе. Па како да се изненади: — Уууу, и госје сте имале!.. . Здраво живо госје!? .. . Од каде сега без панаѓур волку госје кај тебе, вујко? — праша и се прибра до светилникот небарем и таа борина ќе клава.
Дедот Ристе веќе си ја знае должноста:
— Ами, ете виа побратимите си загубиле некое шилеже, та дојдоа да го бараат во Рожден, белки е заодено со некои нашинцки овци; токо, земи си столче и седни, вали а борината, и така невестата Менка треба да прошета по дома.
Доста, и без таа покана, го прибираше столчето и оедна до светелникот. Клава борина и повеќе отколку што треба, куќата ласна и се појасно и појасно го советлуваше Илка. Доста сака баш убаво да го види, а од друга страна си мислеше: — „Па и тој нека ме види, м’ња го м’снало! Немој утре да рече: „темница беше, не те виду”, — или: — „те наметааа, не си чинила” и други мани да ми најде. — Најпосле си заклучи и си вели со умот: „Се виде, таа, џанум; тој ќе биде, крив, слеп”. — И го фата окото, или како што велеа во Солун: просто напросто се заљуби на стари години, и пак почна да се праша: „Зар пак толку су стара да ми е поминато времето?”, и пак сама си одговара: „Мори, каква стара, Досто, какво поминато време? Токмо сега се осетуам опособна за маж. Тој понапрешниот ме грабна ошче шеснаесете години кога ошче спие со мајка. Триесет и две години жена стара ли е, будала една! Држ, не пушчај го вој ‘рслан и проживеј ошче дваесетриесет години со друшка по ќевот!”
Илко потскришум погледнуваше во неа. Уште од сред куќи кога се јави, се присети оти таа треба да биде, но кога дедот Ристе рече оти „си загубиле некое шилеже” начисто беше оти таа е. Се потпалува и си ја поткаснува долната муцка.
„Море, мајката”, — си вели за себе. — Ами ваа пустина не била вдовица! Лицето на Доста и е белоцрнгалесто, калеша, што се вика. Ама калеша, не црна. Црни очи, црни веѓи, црни коси, белузликаво лице. ситни бели заби, набубрени црвенкасти усни, прав нос, мали ушиња, пуштена гушка. „Сето тоа — поубаво кај света богородица!” си вели Илко. — Ами снага? — Исправена како пушка, гради истурени напред, стегната половина, долги нозе, обли раце, чисти нокти, измиена, исчистана, како за пред човека, што би рекле мариовци.
„Ич, не си ода без неа, па ако сака и обете маски дедот нека и задрже”, — си рече Илко.
My се бендиса Доста на Илка. Во тој момент се осети момче од деветнасет години и да не беа двајцата старци за големо чудо сакаше да стане, да ја грабне и на грб да ја префрли преку Трибор. А вака — сака да се издише, ама пак тие проклети старци!
Неколкупати им се сретнаа погледите, ама тој не можеше да го издржи нејзиниот. Некакви трпки му минеa низ целото тело и тој пред неа ги ведеше очите, или пак ја завртуваше главата кон дедовците и нешто сакаше да проговори. Во тој момент го мачеше само едно: Што мисли таа? Дали ќе може да ја кандиса? Дали не направи нешто што не чини: дали проговори нешто што не требаше?
Во таа Илкова мисла дедот Ристе се накашла и тој се тргна.
— Mope, кажете си го алот побратиме, та ваа се виде шо се виде! Co м’чење нишчо не бидуа. Вие, најпосле, не сте; деца та да се срамите? … Ајде, Ило, ајде, кажи шо дојде, не срами се, те ватил такцирот, ќе си го бараш чарето. Коа тој шо рекол: каде е господ — никој не е. Ако е к’смет ќе си помините ошче поарно. Ете, Доста е тука. Јас донекаде си а сврши моата работа. Be стави еден со друг, сега на вас е редот… Шо велиш ти, Доцо? — се обрна кон Доста. — Те бендисуа ли вој маж, а? Има една мана. Нема женичка, сирома, таа му е маната. Таа да не му е, топ не го разбива. Токо и таа, ако сака господ вечер ќе му а излекуаме.
Тука дедот Ристе се поднасмевна и се опули лево и десно да види как помина оваа негова шега. Се насмеаја и другите и се потфати разговорот.
Илко поцрвене како младо момче и почна прв:
— А бре, дедо Ристе, маната си е на мегдан. Секој човек си има по некоа мана и по некоа болка, токо нека се живи пријатели, има болести, има и лекови. Ако к’смет ќе а лекуаме таа болес ваа вечер. Еве, невестата Доста, ако сака да ни помогне лесно ќе a излекуаме таа болка и таа мана. Од моа страна, јас су готов да се лекуаме заеднички. Она мене, јас неа, да го протугачиме вој бели век ошче некој ден и друг. Токо, кој знае она шо ќе рече. Јас су стар, кој знае дали ќе сака да дојде, дали и се остава Рожден, роднини, другачки. Ете, прашајте а вие, ако неќе мене да ми каже, нека ви каже вам, вие сте стари луѓе, свои луѓе, ајде боже поможи, ако е к’смет да се крпиме. — И при тие зборови застана со отворена уста да чека одговор од кој зависи лекувањето на неговата рана и болка.
Дедот Петко и дедот Ристе во еден глас се обрнаа кон Доста:
— Е, невесто Досто? Сега во тебе е ореот, во тебе е каменот! Илка го чуме шо рече. Он не прави никаков каршилак. — Дедот Петко како за себе додаде: — Mope, бре брате, жеден коњ матна вода не гледа, — а дедот Ристе продолжи: — Па шо и е и на Дочка? . . . Де сега да те чујме и тебе: Ти се бендисуа ли тебе вој Илко? Сакаш ли да одиш домаќинка на неговата куќа? Шо ќе му бараш?
И застанаа сите тројца да го слушнат Достиниот одговор.
Доста ја наведна главата, пак си ја зави устата. Co шамијата, се потпре на колената и преку заби почна:
— А бре татковци, а бре дедовци. Јас шо има да кажа. Лели ме ватил такцирот, ќе ја бара чаре. Ако не вој, друг сирома ќе барам да поцрнуам некаде. Лели гледате немам нишчо. Родители не, роднини —како роднини. Дури су била за таткова и мајкина куќа — су била; сега брате секој си го сака своето. Снаа ми си е топраклиа на моата татковина. И редот си е така, не е првица од мене! Јас еднаш су излегла од дома и не ми е местото веќе тука. Токо, вој побратим, Илко не ме ни знае, ни ме познава. Ете, јас су брго дојдена од Солун. Немам ни кошулка, ни саѓиика. Co виа ѓупцките дали ќе ме сајдиса. He су рабогила побрго, кој знае дали ќе може да му а гледам куќата. Селцка куќа — работи достур. Има некои шо и знам, ама некои су и заборавила, су се одучила. И он нека поразмисли малку. Белки ќе најде некоа друга сиромашка, поарна од мене, со руба, печена на работите. Венчанина ќе се кладе. He е крпа утре да а окиниш, да а врлиш. Ако пак е дојден тој слепиот саат, шо велат, јас од него не бегам; токо, пак воа го вела овде, пред вас, како пред свои родители: шо имаме да си кажеме напред, да не речеме утре, ни он, ни јас, оти сме се излагале. Тој е од мене каршилакот. Ете го него, ете ве вас. Поучете не пак вие, стари, сте здрели луѓе, да не а оцапаме ние сега, макар да не сме и ние толку зелени.
Co ова Доста го заврши разговорот. Од него Илко разбра дека работата е готова.
— Е, речите „аирлиа”, дедо Ристе, и ти, дедо Петко. Јас кандисуам, ваква каква е Доста да а зема. Ни алишча барам, ни работа барам шо не може да работе алишча имам од Стоанка, ќе има шо да носе, а дал господ и сермиичка, сама да си потправуа по нешчо. Јас сакам домаќинка на куќата. А колку шо а гледам и шо а слушам, Доста е токму за моата кука. Јас, еве пред вас давам збор оти од стапнуањето во моата куќа она ќе си биде токмо топраклиа. — Се обрна кон Доста, го извади ќесето, го разви и фрли една лира на плочата под оган:
— Еве, Доето, нека е аирлиа саатот! Земи, земи а ваа парата, како прит ли сакаш, еден бакшиш ли сакаш. Ете, знај, од ваа вечер си капарена и свршена за Илка Сукалов од Витолишча,
Дедовците станаа, се приближи и невестата Менка и им подадоа рака на Илка и Доста, им честитаа, и армасувањето се сврши.
Сега требаше да се уговори кога Доста ќе оди кај Илка. Тој сам предложи:
— Mope, бре родители. Она не е чупа да се спрема со венци, нетопи, коцли и решмиња! Таман сме си ние овде со дедот Петка: маските, нека ни се живи, ќе не однесат. Ошче утро рано в зори, ќе си тргнеме, ќе си појдиме да не не разбира светот. Оти, ногу умишча, ногу грешки се прават. Итака Доста нема шо да зема. Нека си врзе плачкуринките во некое торбиче, и утре, невестата Менка ќе и жугне, и ајде горе Попова Ливада !. ..
— Шо велиш ти, Досто? — вели дедот Петко, кој сега доби особено расположение кога виде оти неговиот труд роди добар плод. — Арно вели внукот Илко Шо ќе чекаш, шо ќе пустиш. Времето си врви, paботи излеваат секој ден, се нови и нови, умишча разно разни, ами, коа тој шо рекол, „шо ќе биде есенва — нека биде вечерва”. Анџак сме ние обајцата тука, маските, нека му се живи на Ила, се тука, вака, ќе си вјаниме ние со тебе утре рано, ќе си и дупниме горе Мечаила. Илко по нас ќе си потрчнуа, и ошче зарана, зарана, ене не во Витолишча. Да има, братко, време кога да се приготви нешчо вечеричка, винце, ракиичка, знаеш каков е нашиот адет. Невеста се води, не е играчка.
Дедот Карабуклија просто ги повтори Петковите зборови со еден чест додаток „ете, како шо рече побратимот Петко”. И работата се сврши.
Па Доста, зати, тоа и чекаше. Што има да седи да ја гледа напорки и снаа и и внуци и сите во куќата, и да си имаат браќа и непријатности со жените заради неа. .,Та зошто ти е ваа арамолепка шо а држиш овде, та каков аир од неа, та нишчо не работи, само лежи и јаде како некое алабачка” и којзнае уште какви зборови не им нададоа снаи и на браќа и заради неа.
И затоа и нејзе и беше стемнето пред очи, та не Илко. ‘рслан човек, ами црниот Ѓуптин Марко да ја побараше, ќе одеше, само и само на свое да седне, на свое да легне, од свое да касне и се напие. Да не биде прекарана и бутурисана секој саат и секоја декика. Затоа одговори:
— Добро, добро. Лели сте нашле вие мунасип, јас неоти су поумна од вас! Утре, утре. Јас руба да товарам немам, да се миа и коцли да клавам немам. И да имам, неќу тоа да го права на стари години кога редот не ме носе. Шо имам по некоја партал од виа ѓупцките, ќе си и собера, имам едно сандаченце, и утре кога ќе ми сторите абар, тогај су готова. Токо, ви се мола, ставајте посабајле, ем да втасаме порано дома, ем да не ме гледаат овде светот како загарка по маските горе Попова Ливада.
Кога Доста рече „да втасаме порано дома” по целата снага трпки и поминаа, па си помисли во себе: „Ех, сполајмити, бре боженце, оти и за мене имало „дома” да ме прибере.”
Напатена по Солун по туѓи куќи, слугинка, и таа, и мажот и, кој не се враќал со недели и месеци да ја види, сега Доста осети дека влегува во нов живот. Та таа ќе има свој дом, таа ќе има свој маж кој секој ден ќе биде при неа, таа ќе има свое домаќинство, свои маски, волови, овци, кози, свои ниви, амбар со жито, каци со маст, сирење, сланина, та што ли не ќе има!?
— Ех! — издивна длабоко та ја забележаа дури и дедовците а Илко веќе и онака со неа разговараше во своите мисли.
И кога дедот Петко враголесто ја праша:
— Шо е невесто Досто, шо толку издивна? — таа се засрами пред нив и рече:
— Ми е тешко оти ќе напушча село и селани, родно место и роднини. Токо, било та се рекло: „кога се раѓа женцко и стреите плачат”. Господ знае каде ќе го одвеат самовилите. Ами, ајде јас да стана да си ода, а вие вечерајте си па легнувајте, за утре порано да бегаме.
Доста стана иако и се допреа да седи за вечера, си отиде, а нашите дедовци останаа со зетот задоволни Домаќинот Карабуклијата му вели на дедот Балета:
— Ами коа ти веле јас, море побратиме, во мене да гледаш! Ти шо велеше: „Којзнае дали ќе а свиткаме ваа, оти е помината низ сито и решето”. Дејди, Петко, дејди стари прчу. Еден друг, чекај — и го завртиме умот на сиромашката, а склепа’ме, лебами, ногу побрго отколку шо се надеваме.
— Неоти пак, лошо ќе и биде? Гледај го ‘рсланот овде? Момче не му е рамно, — вели дедот Петко, покажувајќи на Илка. — Ако не беше он, којзнае сами дали ќе а склепа’ме ама ка го виде него вака закастрен, и го заврте мозокот и ајде ошче утре и тоа порано, „да станеме побрго дома”. Лебами, Ристе, да не веруаш оти ноќеска ќе заспие. Незе и се закачи во умот веќе Витолишча и Илко, и сега со синџири да а врзиш ќе окине и ќе дојде. Такви ти се виа чумите наши.
— А ти пак иечепка една од наше село, — вели Карабуклијата. — Mope бреј, ако те разберат вие наште вдовичишта, кожата слама ќе ти а нап’нат и по села ќе а шетаат да та отплатат.
Илко е презадоволен од работата на дедовците, ајде ја каидисаа да го земе него, ами ја кандисаа и веднаш да тргне. Многу допор и сторија, многу умот и го наполнија дури да се уреди работата. Сака Илко на дедот Ристета да му се отплати. Отаде — одавде, уште не легнати му тапоса половина лира, на невестата бела меџудија и така сите останаа задоволни.
Та кој ти дава жена за лира — две и три во Мариово?! И тоа за вдовец? Еј, море, еј, сираку! Да не те фати бељата, та по десет и петнаесет лири се купува една вдовица, само Доста не сака да го голи човекот, та и дваесет и пет да беше рекла ќе ја тепаше главата Илко; од душа, од гуша — ќе ги отбереше Затоа тој кога киниса од дома си зеде осум лири, две франги, петшест бели меџудии и нешто ситна пара. Да не се срами човек ако дојде за пара работа.
— Жена без пари, бреј! — се чуди Илко и не може да се начуди. Си легнаа сите, се угасна борината, дедовците заспаа и почнаа да ‘рчат крај него. Илко гледа во црните греди, осветлени од остатокот на оганот, трепти со очите и мисли, мисли му излеваат од главата! „Пак со жена! Пак со домаќинка, пак послано, опрано, закрпено, месено, испечено, пак во редот на луѓето. Е, боже сполај ми ти на милоста твоа оти направи дел и за мене!’
Кога му дојде мисла оти покрај жена може да го обрадува и со некое детенце, за малку што не рипна од постелата да го зграби дедот Петка и да летне, да ја земе Доста и да се најде дома каде ќе го гледа тоа дете, ќе го хране и подига, ќе биде и тој татко како сите среќни луѓе, ќе се радува на тој негов створ и ќе умре на неговите раце. Се занесе: како тоа дете ќе се стори момче или девојче. He е важно што ќе биде машко или женско. Ќе расте ќе порасне; Илко ќе го ожени или омажи и живот со него ќе живее. Во мислите ја најде Доста, и го зеде сандачето, го обеси на маската во дворот на дедот Карабуклија, ја поведе во темницата ја качи и неа. My се виде лесна како орлово перо. Едвај чека да ја однесе дома, да ја слезе во дворот нетов, да и се пофали на снаа му Митра, да ги прегрне браќа си Трајка и Стоја, да ја венча и да чека да го израдува.
Во тоа време петелот на гредата заплеска со крилјата и запеа та му ги тргаа мислите на Илка. Повторија другите петли уште по еднаш и два пати и Илко веќе едвај се стрпе да не го шибие дедот Петка и да го разбуди да бегаат што порано. Ама пусти зет е, срамота е да брза тој. Ќе речат: не му се чека. Се понакашла иако не му се кашлаше, се заврте на другата страна, нели — се разбуди дедот Ристе, стана да види оганот дали не е угаснат, фрли еден — два страка борина на жарот, се зачури, дедот дувна, борината се запали и куќата светна. Илко се протегна и проговори:
— Шо време е, дедо Ристе, дали не ќе задоцниме?
— He знам, внучко, — вели дедот Карабуклија, — ама петлите се пеани, еднаш или двапати, не и стори дикат. Ceга ќе излеза надвор на малата врата и ќе вида.
* * *
Во тој разговор се разбуди и дедот Петко. Беше тргнал сношти повеќе од пагурчето по случај успешно свршената работа, та почна да се жали дека нешто глава го боли.
— Де, де, каков свекор ќе бидеш со болна глава,
— му потфрли дедот Карабуклија и излезе на малата врата да види што време е. Кога се врати назад кажа дека е преку полноќ. Квачката е излезена до каде ‘ржаново, а Деницата тукушто се јавила; треба да има ранко три четири саати.
— Нејсе, — вели дедот Петко. — Дури да и нараниме маските, да се обујме, да се замиеме образ, па шо се вели, дури да поручаме, и времето ќе дојде за одење. Па, право да ти кажа, бре побратиме, не се ни оди ноќе низ ваа пуста планина. Знајш оти вчера душата во забите ми дојде дури излегу на Трибор? Ами ноќе! Прст пред око не се гледа, тој пусти пат тесен, се вупречиле, клади, и оди, одибуп! — на коленици. Та, ете, затоа гледам и сега некако да излезиме од селото со мрак, ама да не е ногу рано да не можеме да го поминеме орманот. Има време, стопанкаму, ќе стигнеме дома, море и свадба ќe направиме, и ќе се напиеме. Токо, ајде Ило! Ставај, давај зоб на маските; вода патема ќе пиат колку сакаат. Ајде ти, невесто Менко, спремај се да и кажиш на Доста нека си земе плачкуринките та нека дојде овде. Нема никој ни да а испраќа ни да плаче за неа. Од денеска, имала к’смет, си става домаќинка на Ила овдеа и шо и е гајле: нека си веле и нека си мисле кој како сака. — А ти побратиме
— му се обрна на дедот Карабуклија, — не правиш лошо да направиш еден туриборави. Баш ми се пријал бркаданик со сланинка, ама така мекичок да е — како за стари луѓе: та веќе не ти ида ваа есен, не плаши се ни ти, ни твојте вдовици и ергени. — Дедот Бале си зеде слобода да бара појадок од домаќинот оти Ило му тапоса половина лира а на невестата Менка бела меџудија, та ред е сега да ги нагости и тоа тој што сака — качамак и сланина.
— Ууу, братко, — се јави невестата Менка, која што се спремаше да оди да ја вика Доста. — Ами, ти само кажи шо сакаш, шо ни куќа има се е твое. A шо велиш за бркаданик, дал господ и мумурузно и сланина. Таман и така лебот ми е коа поиспрснат, та јас мисле да заплескам нежоа царевна погача во пепелта, ама лели бркаданик по ти се бендисуа тебе …, ајде, татко, еве ти го котлето, ќе ти отса брашно, направи ти тури — борави. Сега нека ни прошчава, ако е гостин Ило, нека тура, а ти борави. За негов к’смет воа се праве. Па ако сака да му а викна невестата, ако не — јас ќе си готва, он нека оде, нека си бара невеста. — Тука невестата Менка се насмеа и даде да се разбере дека сака да се нашегува на Илкова сметка.
Илко рипна од столот, му се приближи на дедот Карабуклија; овој го зеде котлето од невестата Менка и го затсачи на верушките, а невестата Менка излезе.
Еве, ја, — нема ја, еве ја — нема ја, ги кладе во гајле луѓето. Божем со нова невеста, ама, галиба, и старата отиде. Нели пукна ѓавол еве ти ги и двете! Доста си носи едно сандаче црно со две клучиња и со рачка одозгора и една бовча со пљачки. Подбрадена со една црна шамија, едно палтенце подебелко да не и студи, место опинци обула чевли, со танки чорапи — небарем на бања ќе оди. Нејсе, нели кинисала, каква да е — таква ќе ја водат в село. Ама на Илка сонце му грее!
Бркаданикот беше одамна готов и речиси истана. Сега дедот Петко чека да макне нешто со „вртиборави”. И навистина, уште со влегувањето, невестата Менка грабна еден два страга борина, излезе и се врата назад со полна мисурка сланина и по некое ребренце. Ја симна тавата, за пол саат прочврча сланината и појадокот почна. Тука за првпат Илко и Доста седнаа на една софра.
Појадокот се сврши, маските одамна беа зобани и нашите гости, од двајца, си тргна од дедот Карабуклија со еден повеќе.
Доста се предаде на душата на Илка, а тој си ја зеде грижата да ја однесе дома и направи од неа домаќинка „каква в село не се наоѓа”.
По проценка на дедовците, времето кога си тргнаа гостите беше било како што сакаа тие. Таман во муграта излегоа од село и открачија колку да не ги втасаат дрварите нагоре и веќе забеле зората.
Дедот Петко си ја јавна вчерашната машчичка, Доста се качи на другата, а Илко си плукна на опинчоките и, де бре, а бре, уште каде ручек време стасаа в село.
Сите што ги пречекуваа патема, долу Недан, се се чудеа:
„Мајката, кај а води вој Илко ваа жена, ваа Ѓупка?” Е, — море веку, море! Се скрасиа веќе нашите жени, тики и Ѓупки веќе почнаа да зимаат марјовците, — си велеа едни. Други по задеваа дедот Петка:
— А бреј, стари вапиру, каде токо и влечкаш виа пуста жени, бре? Колку си излагал и ошче колку ли ќе земиш на душа? Каде ќе ти оди душата кога ќе ти се соберат на тој век да те судат?”
— Mope, немој да ме репниш со ластегарката на вој век, та на тој ако сакаш борина цети ми на меот, — одговараше дедот Петко.
И така со „добро утро” со „живот со здравје”, со „аирлија, амин”, си дојдоа каде „Волча жила”. Овде невестата се засрами и му вели на дедот Петка:
— Дедо Петко’, ми се здрвиа нозете од јавање, нека а запре Илко маската да слеза.
— Mope вјавај си, невесто, зошчо да слеваш, — ја кандисува дедот Петко, ама сето тоа не помага, та Илко ја запре маската и Доста скочи од неа како младо момче. При скокањето и се закачи фустанот за чекулците, ама бргу се откачи. Илко без да сака погледна во неа кога слегуваше, и ги виде облите коленици и малку над колениците.
— Токму Ѓупка, — си вели Илко кога ги виде гаќите. — Вустанки, шалварки и гаќи. Mope ќе а направа невеста за мерак, само да а втерам дома! Какви вустанки, какви шалварки, какви гаќи ќе ми носи! My е гајле на нашите жени дека не носат гаќи. Ќе а промена во Стојанини алишча ошче вечер, незавртена околу Бурилото, да не а гледам во виа ѓупцките.
Co тие мисли Илко си ја фати маската за огламник и си ја поведе долу „Локовот Брег”, а невестата Доста си тргна по него како „даше”. Дедот Петко слезе дури на портата од Илка. Слегувајќи, затропа со ластегарката и од дома дотрча невестата Митра. И штом го виде дедот Петка оти иде кај нив, веднаш се сети дека работата е готова. Сигурно водат јатрва. Инаку Илко немаше да си иде со празни маски. Братко, преку планина ќе помине та гревота е празен и вјаник да си дојде дома.
— Ајде, невесто Митро, отварај двете поли на пopтата, ти вода госје! — извика дедот Петко и застана дури да отвори Митра.
Митра ја раствори портата, го виде Илка со другата маска и таа празна, само со едно сандаче и една врзалка како торбичка. Ја виде и жената по маската, подврзана во некаква црна вреќа, со црна шамија подбрадена, па си вели со умот: „Види а, вретенарката една, шо к’смет имала: од Стоанка да и кине злати алишча. Е, е, е, ете тоа се вели „роди ме мајко со к’смет — врли ме на патот”. И ваа песја ќерка и магарица, каде не кршила глава, каде не ѓопала, и а донесе тој едноногиот во нашата куќа. Којзнае колку е лоша, кој ќе се расправа со неа секој ден, в реката да појде”. — Та си мисли и га кани:
— Повелете, повелете, добремидошле. Ете, така ве чекам, а! Двајца кинисате, троицата се вратите. Тоа се веле: мажје Поречани. He како не:кои: двајца појди, еден врати се.
И веќе Илко и дедот Петко беа во дворот, а Доста влезе на портата. Митра и притрча и ја дочека:
— Бре, добре дојде, невесто Досто.
— Бре, добре најду, сестрице Митро. И се избакнаа тука среде двор.
— Mope ми те прелага ли вој старјот вапир, госпо да си го придаде на сув камен? — и вели Митра и покажа на дедот Петка.
— Mope, ме прелага младиот ѓавол, сестрице Митро, та ако беше угу старјот вапир, имаше години да поминат и пак не се видуаме со тебе, — и одговори Доста.
— Аха, ха, ха! — се насмеа Митра и ја поведе Доста дома.
— Јас му веле на браче Илка: море в’кот сам ако не си а брка работата не бидуа дебел во вратот, а тој: „дедот Петко ќе стори шо ќе стори”. Најстина и без такви шила не бидуа, ама каде твоата рака шо ќе те почеша, туѓата не може. Затоа и го оп’зна јас, он да дојде и да си сврши работа. И, ете, нека е аирлиа саатот, се сврши и таа работа.
Co овој разговор дојдоа до пред врата.
— Гледај, — вели Митра на Доста. — Гледај со коа нога ќе влезиш во куќата.
— Ајде, ајде, сестрице Митро. Мене не ми е севте? Јас по вторпат су невеста и си и знам сите адети. Па адетите си се адети и кај вас, и кај нас. Лели со десната нога треба да го пречекора прагот? Ете вака. Опааа! — Пречекори Доста и се прекрсти, та влез во Сукаловата куќа да се стори вечер домаќинка на еден од браќата Сукалови.
Дома дедот Петко веќе курдисал на билото, каде што Митра беше фрлила едно покровче и клала една шарена перница. Илко ги врза маските на јаслите и носи сега сам зоб, слама и брза да види кога ќе може да го викне поп Трајка.
Митра и даде столче на новата јатрва, децата се собраа. околу неа да ја гледаат и да се чудат. Најмалиот Илко, крстен на стрика си, писна и побегна кога сакаше да го погали и да му даде некое оревче — залажачка. Вика дете, црка, куќата ја цепи.
— Неќу, мамо, олеи од ваа дупкаааа! He може да рече „Ѓупка”. Побегна дури надвор на чардакот да го чека татка си да се врати и да му каже оти чичко Илко довел „дупка”. Доста ги залага другите деца, а Митра им се пофали.
— А гледате стрина ви Доста? Она ќе ви дава ореи, ама ако не а ризате, шо носи една шарена прачка во сандачето, леле, лелееее! Само ако не слуша некое од вас: сама прачката ќе го наплеска.
Децата ја разбраа работата и — „сус”. Се прибраа околу огнот да се греат и да ја гледаат стрина им.
Илко се прибра горни крај и му направи „добре дојде” на дедот Петка, па некако срамежливо, небарем сега е ергенче од седумнаесет години, и рече и ма Доста:
— Е, добре дојде Досто и ти Сега си гостинка, a одутре ќе бидеш домаќинка.
Митра веќе виде оти се стори оваа работа. Иако сега не и беше толку ќефот, ќе се прави бубаќарка. Веднаш го закачи Илка:
— Ами, кога ти веле јас, бре браче, оти треба трчање, та шо велеше, а? Та кој знае, та шо знам, ами дали ќе дојде”. Mope со едно мануање не се сече дрво бре, будала еден. Сака да а слечиш гуната и да се испотиш арно, та да насечеш дрва, а не само: клукни еднаш и дојди си празен дома. Глеаш сега како се сврши работата?
— Mope таа се сврши, невесто, токо сега шо велиш, шо сака да се работи? Ајде, сега земи си го ти гајлето, a јас моето . .. Бацко каде вати, не е ли дојден ошче? Требе да се види ваа работа кога а дотераме доовде. Ајде, ти дај му го пагурчето на дедот Петка, нека се напие и гледај да не избега ваа чанта. — При последните зборови ја погледна Доста,се поднасмевна и и намиша.
— Mope, лели а втераме внатре, здравје да има за бегање, токо, ајде побрго да а завртиме, та да и а дада „неделата” и ја да се порајтисам и да вида по некоа женцка работа. Знајш оти не су ватила никаква работа? В’ната не ми е попарена ошче, та за влачење, предење, ткаење, којзнае кога! Токо ајде, ти нацепи некое дрво, јас ќе запеча троа месце да поручаме, па да заплескам некоа и друга погача, да го вата црниот петел. Е, е, е! Сега душата мирно ќе ми излезе кога ќе му се најада од дробовите. Ем ќе и испеча, да знајте сете, за инат, пипот ќе го вате. Дедот Петко нека го најде дедот поп Трајка, нека му жугне да биде азар кога ќе го викнеме вечер да ве позаврте малку и да си а земе секој работата и гајлето.
Дедот Петко тргна од пагурчето, Митра напече месо, извади и сирење, море и некоја колбаса пресече во тукот. Јатрва дочекува, не е шега работа!
Кога дојде софрата за ставање, Доста стана, го зеде ѓумот и леанот од под ковчег, и, ни пет ни шест, по сиот домаќински ред и адет им тури вода на рацете на машките, ја зеде софрата; а да не поткрева веднаш во ноќвите, и вели на Митра, која тукушто ја извади тавата од оганот:
— Дај ми а, сестрице Митро, тавата, отвори го ковчегот и клади леб на синиата’
Митра отвори, зеде еден сомун чист леб, го кладе на софрата и Доста си ја крена и си ја занесе пред машките. Co клавањето му вели „добре дојде, дедо Петко”, а и на Илка да му го врати намигнувањето му вели: „е добре дојде и ти Илко”, — и му чкрапна со левото око.
Илко се шири од радост, па си вели за себе:
— Mope, мајката, ќе биде нешчо од ваа Гупката. Ошче не каснала ни еден залак леб, и веќе дочекуа госје. „Добре дојде, дедо Петко”, синиата а клава, вода тура. Ами кога ќе вате корен во куќата, кога ќе се стори најстина моа жена и кога ќе се вов’чи шо велаат нашите мариовци, леле, леле домаќинка ќе биде!
Седна Митра, седна и Доста на софрата, и тоа до Илка. Цврцна уште еднаш дедот Петко од пагурчето и му го даде на Илка. Шмркнаа и жените колку за адет, покаснаа на брзина и ручекот се сврши. Доста ја крена пак софрата, Митра ги омете ронките. Доста им тура вода на рацете на Илка и дедот Петко и им ја притопли тавата на децата.
„Ајде, јас туѓите да и пригледам, бели и мене госпо д ќе ме замеша со некое”, си рече во себе и го понамести малиот Илка поблизу до тавата за да може да си макне од тукот. Навијстина се плашеа од неа, ама кога почна да ги гали, попрестрашија и изгледа добри пријатели ќе бидат.
Дедот Петко стана, си киниса за да го најде поп Трајка, Илко се разврте, нацепи дрва, Митра извади брашно и почна да сее во ноќвите. Доста се позадржа со децата. Ја крена тавата, ги смете и нивните ронки, и кога Илко ги истури дрвата под огништето, му рече:
— Ајде сега да одиш да го ватиш црниот петел шо сака сестрица Митра да го коле. Јас сакам нешчо да подработа во ваа куќа. Ако нишчо друго не можа, баре петелот ќе го зготва за вечер.
Илко се сета дека дедот Карабуклија му рече на дедот Петка, оти тоа џереме не знае друго да работа, ама за готвење (да има мавца, мевце, шеќерец и јајца), рамна во Мариово не ќе и биде ни една домаќинка. И сега, еве ја, сака да си го покаже занаетот. Леле, мајче ти мила! „Ами ако почне секој ден по еден петел да коле, што ал прави црни Илко, сака сите селски петли да ги исколе и пак не стигаат. Но сега нема каде. Ќе го фаќа црниот петел, бидејќи треба да се отсрами со нешто. Вечер ќе има луѓе, пак и да ја види „толку, велиш, мајстор е за готвење?”
Го најде како го најде, го фати како го фати, го донесе дома со голем џумбус. Се раскрекал по улица, стопанкин петел, та едвај се одбрани од пците. Ќе го удавеа за големо чудо!
Доста го развали оганот и дури Илко беше да го лови петелот, котлето со вода зовре. Илко го закла и и го остави да го кубат и варат со Митра, а тој го зеде пагурчето со ракија и еднодве јаболка и отиде в село да го покани нункото и еден девер. За попот си ја зеде грижата дедот Петко, а вечер ќе се приберат Стојо и Трајко, угате по некој поблизок роднина и — тие ќе бидат, нема да собира „Чочово бачило!” Ова е вдовец и вдовица! Ако сака господ да им даде челад и да дочекаат — тогаш ќе прават свадба десетпати поголема од двете негови што беа.
Митра замеси цел кутол брашно и заплеска од него четарипет погачи, како воденички камења, и ги остави во ноќвите да киснат. Доста го искуба петелот и почнаа двете да го сечат. Митра држи, Доста сече, и тоа касапски го сече! Таман го досекол, Митра, како мало дете, рипна од столчето и и вели на Доста: — „најстина ќе го печа дробот од петелот. Пус и шчур да остане, колкупата ноќе су одила да го барам и су се зак’нала оти ќе му го јада дробот. И акибет се стори к’смет — („ама не сама”, си вели со умот).
Го испекоа нашите домаќинки дробот од петелот, а месото го кладоа во едно грне да се вари.
Сега настана прашање со што ќе го готват.
— Ами со шо, мила невесто, се готви кокошка? Ја со бонгур во грнето, ја со бел ориз на тепциата! Јас инак не су готвела нити знам ка се готве, — се исчудуваше Митра.
Доста пак, сака да си го покаже граѓанштилакот. Во сандачето (тоа беше куферче) бенге зела од кај браќа си дветри кила компири, и кога и кажа на Митра дека таа ќе го зготви петелот, ни со бонгур ни со ориз, ами со компири, оваа зина од чудо и за малку што не извикна: „Да е видел господ, кокошка со компири ќе ми готви ваа орјатка! Шо ни се чуло, ни се видело! Кој ќе чуе утре, ка ќе рече: „На Митра Сукалова и го испила чавка умот, та зготвила кокошка со компири!” Токо, пак, ајде да а вида шо домаќинка ќе биде, кој знае ошче какви ли новини не ќе внесе во ваа куќа?” Па како да се поутеши и си вели: „Шо сака нека носе, најпосле. Мојто си е мое, нејното — нејно. Дури ми чини — ќе седа со неа. А ми се настрани самарот — мажот со мене, децата за рака ќе си се дела, ако сака прескакулица нека игра со нејното”. И се согласи Доста да готви петел со компири.
Доста сакаше да ги лупи тие компири што ги донесе во куферчето, но Митра сакаше да се покаже салам домаќинка, та истрча и од ќералот донесе полн леан компири:
— Ти само барај, невесто Досто, јас ќе носа. Се дал господ, за нишчо не сме астретни, само ете така, коа позавалани ни се виа мажјето, та и јас од пуста измет :во куќата не можа глава да крена, тики дури и манџичка не ми паѓа асолно да си направа. Сега ти ќе го готвиш петелот, јас ќе и испеча погачите, ама пак право да ти кажа, мене не ми се праве ќевот угу со петелот, ми е стра, ќе се посрамотиме без тепциа со месо. Братко, кој ќе чуе ка ќе рече: „Илко Сукалов се жени, па не и навечерал нункото и попот”. Ами, јас ќе зема од гуцето троа коски, тро удина, троа кожинчиња, нека се обаре, та да направиме и некоа тепција. Нема чаре, од страот се бега, од страмот не се бега. Па кога дал господ, оти да се стегам пред луѓето? Никој нема да рече оти од немање, завал, не изнесоа тепциа на синиата, токо ќе речат: „море таа болката Стојова ќе а волеса ни за в телци ни за в говеда, та не направила”.
И така се погодија јатрвите: Доста да го зготви петелот со компири, а Митра — тепција со свинско месо, малку оризец и бонгурец, бидејќи и крмнакот веќе беше заклан.
* * *
Дедот Петко, пак, откако се наруча кај Илка и се напи некои и друго винце, си ја зеде ластегарката и торбичката и стана, си киниса. „Седете ми со здравје, деца” — „ај ми со здравје, дедо”, си отиде дома, се понавали на рогузинчето крај оган и предрема некоја декика или саат, не знаеше ни сам колку. Се разбуди едно време, го наполни лулето и стана, излезе. Кај да оди? Веќе денот прекрши, ужина време дојде; почнаа луѓето да се прибираат кој од орање, кој од дрва, од овци. А тој пак си отаде на крчмата од сина му Трајка. Уште не се свршени главните работи. Ниту Илко е венчан, ниту пак тој лапна нешто од него за „заметот”. Вечер треба да се видат овие две важни работи.
„Дедот Карабуклија во Рожден лапна половина лира, снаа му — бела меџудија, та белки и мене ќе ми тапосаат некое петле?” Така си помисли дедот Петко и праша во крчмата дали не бил тука поп Трајко? И уште не ни доби одговор од сина му, овој се појави на вратата.
— Шо ме бараш, бре Петко? — му проговори попот. — Пак за аирлиа нешчо? Ајде, ајде. Печали ти за мене, јас за тебе. Ете, нека ти е жив ‘рсланот, брго ќе ме викаш да венчам. Ем да знаеш — грош не ти сакам за венчање. Владичкото ќе си го плаќаш и готово: само барај некое чупале, оти вој пезевенк ве остави та бабата веќе не може да а гледа куќата.
— Mope кој ни дава нам чупе, сиромаси луѓе сме ние, попче, токо ете, вака, нека се живи пријатели, село и селани, и свадба ќе направиме, и госје ќе тераме. Токо, коа страчка без пашка, та и ние без чупа ? .. . Ами, ајде да тргнеме по едно дваестипет. Јас ќе дада. Вечер ќе те викам да венчаш.
Поп Трајко божем се тргна па му вели:
— Mope, ами најстина ли бре, у Сукала наш пак невеста, нека му е жива? Сега ме пречека овдеа ѕгора со пагурчето и ми рече да бида азар за вечер, ќе ме викал да венчам. Пак ли ти бре, стари вапиру, а преметна ваки ? . . . Ајде, Петко, ајде. Ќе те спомнуам на секое проскомидиа кога ќе служа литургиа. Тој себап ти шо го правиш, којзнае друг дали би го правил!
Дедот Петко му рече на сина му да ги бележи обете ракии и излегоа со попот нагоре кон Чкуловиот ан. Патем се разговараа:
— Ногу ли му зе, бре орјатката, та шо а кандисате така одеднаш?
— Mope, остави, попе. Како вој лесно и евтино шо помина, ни еден наш вдовец не поминал. А, бре, ич, бре ич не му посака! „Јас, — вели, не су кобила да се продавам за пари”. И така ти е тоа: кој шо има — па да има. Да тргне некој сирома — кожата од грбот ќе му а одерат. Токо, гледај сега, ти да го позабрчиме ние Ила подаб’чко. Тамо не плати нитчо, нека плати овде. Ама женче набастисаааа ! ! ! ! Сила нешчо. Голко е, босо е, нема рубичка, токо ќе се заоблече, има рубичка Ило од Стоанка, бог да а просте!
— Е, колку велиш ти, Петко? Колку да му земеме, а? Од владичкото половина лира и моето половина; шо ќе земеме повеќе — ќе го делиме. Ама да направиш ти работа, да даде некако човекот сам, а не да му земаме со сила. Знајш како ти е. Селани сме, ми се нашле ногупати и су му се нашол, та да не стане некоа омраза меѓу нас.
Кога слушна дедот Петко дека од една лира нагоре што ќе земат ќе ги делат, го зајаде левата рака,
и си помисли:
„Аха! Ќе ве сошиа јас вечер обата, и тебе и Ила”, и влегоа во Младеновата крчма. Тука нарача попот по едно дваесетипетдрамче. Тој имаше обичај да почне одоздола со ред, од Балевото анче и до крај до Петка Спасев да тргне по едно дваесетипет, та до дома ќе му се стореше таман сто драма и доста му беше како на стар човек. Арно ама, оваа вечер ќе има работа, та само два се напи; едно тај Балето и едно кај Младена и си тргна право дома да го чека калезмото за на свадба.
Пола до пола, лаф муабет, го испрати дедот Петко поп Трајка до неговата порта и се разбраа дека на Илка ќе му земат за венчање три лири !…
— Лесна работа, пак евтино ќе помине. Ами да дадеш десетпетнаесет, како ногу сиромаси што даваат!? Ич нема лав да проговори за три. Па колку му зе, попче, со првната кога го венча?
— Една.
— Е, така: една венчаниа — една лира, две венчании — две лири. Една за владиката, таман три. — Ја направи дедот Петко сметката.
— Ама владичкото е половина лира! — простенка полот.
— А ти не мешај ми се во мојот есап! Половина е за прва венчаниа. Бидејќи они обата се вдовци, тогај за обата ќе платат по половина, и еве ти а цела. И така: ти ќе земиш една и пол, јас една, и половина владичкото, ете ти и три. Се стори. Само немој да ми измрдаш од зборот и да ме оставиш бричен не целиван.
— He џанум! Неота од сега се познаваме. И не ни е вој севте? Како досега така и отсега: бесата бес, што викаат Арнаутите! — потврди попот.
И така се разделија. Попот си отиде дома, а Петко влезе од малата врата кај Сукаловци.
Времето веќе позамина. Мракот падна и Сукаловци беа се прибрале сите дома. Оганот, распален, плапоти; борина — куп под огништето; светелникот веќе го исправиле и куќата ласнала. Па и прометено добро. Посуредено, почистено, се гледа дека не е обичен ден.
Невестата Митра ја кренала последната подница од погачите, но пепелта уште не е ометена, оти тепциите треба да стојат под вршник да не се оладат. Грнето со петелот крчка, тепциите чмаат, погачите се ладат, винце, ракиичка — готово.
На машкиот кат каде што лежи Стојо со Митра и со децата оваа вечер е празнично послано. He е старата рогузина и старото постилаче, ни старите перници. Се ново изнесла Митра. Сака да се покаже пред јатрва си дека многу ја милува и за нејзина чест изнесла се најубаво и најново. Mope нова рогузина од конец, (може да има сто јажички), оваа есеи плетена; море, нов шарен постилач токму со рогузината, море тричетири перници, сега наполнета со пресна слама, па дури и по билото нафрлала нови покровчиња. Co еден збор — послано како за мили гости.
Старата постелка е фрлена на женскиот кат. Таму ќe се згрнат децата, та иако заспие некое — нема штета, послано му е, ќе го завијат со некое куне и ќе си помине како секоја ноќ.
Дедот Петко си влезе на малата врата и си отиде горе, се курдиса на тланик. Се поздрави со Стоја и со Трајка, им ја честита новата снаа и, по обичајот, си го зеде пагурчето од камарчето над оганот. (Да му се најде нешто в раце: Невела е да седи човека празен на радост или жалост, „господ да чува!”)
Браќата се разговараат со дедот Петка, паѓаат пожелби за здравје и долг живот на новите сопружиици; „Ајде, Трајко, и на твоа глава побрго!” — вели дедот Петко, ама гледа да ја наврати водата на неговата воденица. Сака што побргу да разбере и да види ќе падне ли некоја меџудија направо од домаќинот, та веќе оти ќе лапне преку попот цела лиричка, тоа се знае. Но си вели: „Колку повеќе — толку поарно за мене. И има место. He да речеш оти човекот е претоварен, па ајде, да не го товариме да не може да го понесе товарот?” И му ја прави сметката: На Доста и фрли една лира. На дедот Ристета му даде половина, се сторија една и пол. На снаа му — бела меџудија. Стана лира и три череци. Нека арчи черек лира по бакшиши, здравој живо, пијачка по крчмата; се сторија две лири. И три ќе му земе веле попот, тоа се се на се пет лири. Ами свадба ли е со пет лири трошок? Кој ќе чуе како ќе рече: „Тиии! Ами толку ли чурук била таа пуста жена, сиот трошок по неа фатил само пет лири!”. He џанум. Таа не а бидува. Па, ни за човекот, ни за жената чини тој резил. Домаќини и домаќинки се преженуваат, се премажуваат, ама, брате, десет лири ќе земе жената. Значи — чини толку пари. Ќе земе попот пет — тие се петнаесет; ќе земе сводникот дветри — еве ти седумнаесетосумнаесет лири; еднадве мастрав без месо и леб .. . Таман дваесет — дваесет и една вдовска свадба, ако не фати, шо свадба е таа, што домаќин е тој што ја прави?,
Се растрчаа Илко и Трајко по луѓе. Дедот Петко го прати Илка кај попот и му понаговори колку пари ќе треба да понесе за да не се расправаат по таа работа. Трајко отаде по нункото, а девер ќе биде братучед му Јован.
Еден поеден почнаа по мракот да се збираат у Сукаловци. Mope, нункото, море деверот, море другари, браќа братучеди и по некој пријател. Го почестија и кочобашијата. Овој од своја страна го почести мудурот. Мудурот си го зеде и ќатипот, мулазимот и еден онбашија, и така, околу два саатот по турски, куќата Сукалова се наполни со гости.
Илко се позадржа кај попот.
— Mope, Ило, — му вели попот — лели ти сам дојде да ме поканиш, ајде да си ги видиме есапите овде, што да му главоболиме тамо на сете, да вадиш ќесе, да ти призра секој во него. Ја плати ми ти мене венчавката и владичкото, та тамо да си свршиме работа, да ве провенчам, нека е аирлиа, да се напиеме, да си повечераме шо дал господ, а да не не гледа векот како на пазар да се пазариме и да се плаќаме.
— Ами колку ќе чини, дедо попе, ваа венчаниа? Дали имам, јас маж толку пари со мене! Сака да се бара чаре. Токо, гледај со помалку да поминеме, оти коа и се поизарчиме, толку ни е кудретот.
Попот го почеша грбот од ѕидот и се стега да проговори, божем не му се проговара. А си мисли во себе: „Ако не зема и за Петка, тој ќе си мисли оти зе, та сака од моите да му давам. Ѓавол да го земе, ќе се страма јас за него, па и без него не бива. Види, ваа есен шесседум свадби се сториа, на петте он беше клинкач. My иде од рака на човекот, си го испекол занаетот; и ако и е за мажење на жената и ако не и е, тој ќе а маѓепца и, еве ти, попе Трајко, свадба, еве ти лиричка, врангичка, а негде, лебами, и по дветри. Е, па сега ќе се потиш, попче, десетинадваесет минути. Тоа ти е работа, зар ќе го скршиш ралото или ќе му го продадиш јунецот на сиромаот! Токо, запни му се „Дај три лири!” Ама ете, со нашол адет, закон, поп да брчи над жив, над умрен. He бидуало без поп! Лели сакаат, најпосле, па нека плаќаат? Co сила не му и сакам? Ако сакаат ќе му ода, ќе му крста, ќе му венчам. А, лебами, јас од тоа живеа, нека ми платит. Mope, кога ќе си помисла оти на владиката во Битола му и брои педееет ж’ти на една рака за да ме стори поп цревата ми се буричкаат! Та да не зема! Mope, ќе зема без да му се миела, токо дали ќе даде! „Ами ако не даде? Ако не даде, нека си оди со здравје. He су го викал, ни па му ода бадиала.” И пак си направи сметка во умот: „А бре, будала none. Одовде до Секуловци десет чекори место е и за едно „свети боже”, свети крпки, венчаетсја раб божи Илко со рабина божја Доста, сегда и нинје и приено и во вјеки вјеков амин”, и .. . клоп ! … три лири во џепот, бадијала ли е ? . . . Па, ако сака нека не ме вика, бре! Го јаде грбот и сака да му го почешам. Е, ќе плате, лебами, како лесица со кожата!”
И се исправи до ѕидот, па му вели на Илка:
— Како на сете сиромаси, Ило, и тебе. Мене сете сте ми едно. Ќе си го платиш владичкото, две венчании по половина лира, тоа е една и мене ќе ми платиш две венчании по една, тиа се две. Или сосема — три лирички дај ми, ако ти се згодило со тебе, или оди барај ми се чаре, донеси ми и, па правете се азар, ќе свршиме работа.
Илко позамуцка малку:
— Та да не се ногу; та не се собираат пустињите? Но виде дека дедот поп рече домаќински и право е да му даде три лири кога веќе така евтино помина кај Доста. Го извади ќесето и му ги фрли трите лири, та станаа обајцата и си дојдоа у Сукалови.
Попот се поздрави со мудурот и другите Турци, му направија место на чело на софрата, на која веќе беше поставена и една погача ненакршена, саани со есенско сирење, а дедот Петко си го држеше пагурчето готов да го благослови идниот брак
* *
Доста го зготви петелот и пред да се заврват гостите, отиде во земникот да не ја видат така како Ѓупка. Илко и рече на Митра да и го отвори ковчегот од Стојанка и да ја промени од убаво поубаво.
— Велигденцко, што се вели, велигденцко. Слушаш, невесто Митро?
Митра ја разбра работата. Сака Илко уште првата вечер да ја види дали е поубава од Стојанка. Вака на лице многу ја бендиса, но сака да види дали ја фаќа мариовската носија.
Ја одведе Митра во земникот, и го отвори ковчегот, најдоа секакви Стојанкини алишта. Извади прво ново кошулче од конец, мора „копитата” кошула, саѓија со срмени кистови, појас, алова фута, чорапи, калци и гуна со чоа. Од шамии најдоа десетина гушалчиња, тулбени, ќилими . .. Се промени Доста, се наконти. Врза бел тулбен место нејзината црна шамија. Алови кистови, алови прегачи, алови чорапи.. . Оваа ли е преѓешната Ѓупка! Тргнала коси на страна, измила лице, удрила скопци — решмиња, павти — сивџири, а на нозете ластикини чевли. А мрдни се малку налево, нанадесно: ѕрн, ѕрн, ѕрн! — ѕвечат синџирите, окопците, павтите. Се огледа на малечкото огледалце и за големо чудо — не можеше да се познае дека е таа. Да ја види човек, пак да ја види. Око да не одврати од неа од убавина!
— Е, е, е. чека, браче Илко, ама дочека, — и вели Мигра на Доста. — Имал к’смет двапати да јаде јаребичко мевце, — и си излезе да види горе што стана со гостите.
Доста остана сама во земникот. Тука ќе дојдат: попот, нункото, деверот, зетот Илко и брат му Стојо. Ќе ги провенчаат и сите ќе излезат гope сосе невеста. Така е адет: невенчана невеста да не се појавува на трпезата пред гостите.
Колку се рече дека се е готово за венчање. Илко распали борина и встрча напред да не влезат луѓето в темница. И кога влезе во земникот, дамла ќе го удреше: која ли е оваа самовила од гора зелена?! Гледа Илко и на очите не им верува. Сиот се стопи и како восок се слеа. Од радост и топла милина не можеше збор од уста да испушти.
Се издиши длабоко, ја поздрави, ги поведе попот, кумот, деверот и брат му Стоја. Митра донесе венци, вино и поскура. Стојо го истркала бурилцето на сред земник; ги кладоа на него овие работи. Илко и Доста застанаа едно до друго; зад нив нункото со свеќите на нивните рамена, одлево деверот, оддесно старисватот.
И поп Трајко си ја рече старата песничка: истата онаа што му ја пееше на Илка пред десетина-петнаесет години кога го вртеше околу ова бурилце со Стојанка.
— Благословен бог наш, всегда, нинје и присно и во вјеки, амин. Свјати боже, свјати крепки, свјати бесмортни помилуј нас…” и дојде до: „Господи боже наш, славоју и честију вјенчаја. Венчаетсја раб Божи Илко со рабина божја Доста во имја отца амин, амин, амин”, ги измени венците и ги запои зарани младенците, продолжувајќи си ги познатите молитви: „Причешчаетсја и прикасаетсја раб божи Илко и рабина божја Доста, во имја отца, амин, и сина, амин и свјатаго духа, амин, амин, амин. Ајде аирлиа, нека се живи, вековити, да се ќердосаат, некој к’смет господ да му даде”, и си продолжи да си ги брбори другите молитви, па дојде и до: „Исаије ликуј, Свјати мученици и Слава тебе Христе боже апостолом похвала”. Пред да ги почне овие песнички ги фати зетот и невестата за малите прстиња, за нив се фатија деверот и старисватот и заедно со него почнаа да се вртат околу бурилото. Се завртоа три пати околу бурилого и дедот поп го прочете отпустот, им дрпна пак неколку благослови, си ги собра „алатите” во торбичката, а Илко и Доста им бакнаа рака на сите.
По свршената работа излегоа сите од земникот, сега последни Илко и Доста. Ја гледа, не може да и се нагледа. Откако ги фати попот за прсти при венчавката — не ја пушта човек! Излегуваат и се водат за рака како младенци од седумнаесет години! И Доста се ослободи.
Гостите наседнаа по своите стари места. Стојо седна како што му е редот. Домаќин ќе биде. Најмладиот брат, Трајко, ќе послужува; Илко, веќе, зетовската работа ќе ја брка. Борината ќе ја вали ракија, вино ќе тура, манџа ќе подава и се друго што ќе побараат гостите.
— Ајде зетот рака да бакне! — викна дедот Петко од тланикот. Нему, сиромав, не му се чека. Работата се сврши, невеста доведе, венчањето падна, а тој уште на вересија работи. Треба да види, ќе му даде ли нешто Илко или ќе остане само со она попот што го измајстори. Ами ако не му даде ни попот ништо? „Дејди Петко, дејди мачна душо!”, си вели сам со умот. „Ти се поти горе по ридот тричетирипати, друг да се радува со млада невеста, а попот со три лири пари. Нејсе, ако се толку магариња, и попот, и Илко да не дадат нишчо, алав нека им е табиетот. Јас не ќе се обогата со една две лири, токо требе трудот да ми се плати за да имам мерак и некој друг сирома да прожена. Вака. може да ми го кршат киселиот, па да не ми текне веќе од дома да излеза, а да трчам како пашит коњ за други да се радуајат со невести и со пари”.
И навистина, дури дедот Петко вака си мислеше, ете го, Илко почна прво од брата му Стоја. My бакна рака. Овој го дарува бела меџудија, мудурот му тапоса два черека бели, ќатипот, мулазимот по черек, нункото — грош, попот — чакмак; деверот исто, дури дојде до дедот Петка. Овој почна да борави во ќесенцето, но Илко го задржа:
— Чекај, вели, — чекај, дедо Петко. Јас тебе су ти ногу борч и сакам ваа вечер малку да ти се одборча, — и посегна во пазамарката, та извади една пара.
Никој не ја виде што пара беше. Се наведе, му бакна рака и му ја кладе парата во неговата рака, говорејќи му:
— Земи, дедо Петко, алав и од мене и од господ. По стопати алав. И ако не ти е доплатено, прошчавај, толку ми стига рака за сега. Нека даде господ здравје и нека е добра мисла, пак не сме заборавени.
Дедот Петко во земањето ја позна парата без да ја види. „Петле”, си рече сам за себе и ја пушти во џебот од ќурдијата.
— Сполај ти, Ило, сполај ти. Mope, што се арчиш, внучко. Јас не ода за пари, токо да се најдиме човек со човека. Сполај ти ногу и да сте живи, вековити, да се ќердосате, господ некој к’смет да ви даде, и од ваше срце да си исчекате и кршчење, и свадби да направите! И којзнае уште колку благослови не нададе на куќа, на стока, на деца …
Илко тури и ракија со чаша, пагурчето помина по неколкупати од гостин до гостин и најпосле и вечерата се постави. На мудурот и другите Турци им турија од кокошката, но бидејќи тепцијата промириса на „домус”, и како што рекоа они оти се вечерани, и дека дошле само на муабет „да поминит, зарем, времето”, се напија уште по една ракија, ако по вечера, и станаа та си отидоа. И нункото, и попот, и дедот Петко, и Стојо, сите ги молија да останат на вечера, но тие си зедоа „седите со здравје — ајте ми со здравје” и кршија глава.
Невестата Доста како се позакриваше крај ковчег, оти имала расправии по Солун со Турци — пезевенци, та не излезе да бакне рака дури тие беа тука. Па и Илко си вели во себе: „Ќе му a . . . верата нивна кога ќе а гледаат они! Ошче јас не су ја видел арно, та они да ми се ѕверат во неа!”
— Ајде, камо а новата домаќинка да тури по една ракија пред вечера? — извикна дедот Петко.
Доста дојде. Кога ја виде додот Петко, изненаден заблеа:
— Mope ми, ваа ли е, или а смени со некоа, бре Ило? Бре машала, машала! Ами ние невеста сме довеле, не шака ? . .. Ама око имаш, пезевенку еден !…
Те сети ја ошче кога дојде Доста у Ристета, како со стрела те пронижа. Co едно видување ти го заврте умот, џанум. Ама и ти не си за карање, де! Ете така, и она — како мачка на сланина. Штом те виде почна да се оближуа. Ај, нека сте живи и здрави!
И пак почна да благошава дури Доста му бакнуваше рака.
Доста им бакна рака на сите редум: деверите во обрас, со Митра се избакнаа една со друга и вечерата почна. Поп Трајко направи едно, „Благослови јастие и питие, Христе, боже наш, во дому сему: Стојо, Илко, Трајко, Митра, Доста”. — Ги изреди децата и сите гости и почна прв од манџата.
— Mope, ами што ќе биде воа, бре луѓе? — праша попот кога најде компири во ваганката.
— Лелееее! Јас сирота! Зини земјо да ме г’тниш! — почна Митра да се стиска и прсти да крши. „Кој ќе чуе та ќе рече: „Сукалови сношчи со компири и дочекале госјето”.
Но Доста си достоја на зборот и му одговори на попот:
— Дедо попе, таа манџа е од новата домаќинка готвена. Чини — не чини, и страмот е мој, и ќарот е мој. Кај конзулот руски во Солун ваква манџа правеа, па јас реку на ваа вечер да ве почеста вас добри госје и родители. Ако не ве бендисуа, нека ни остане. Ете, сестрица Митра носи тепции, повелете, вечерајте си, неоти ќе ве прегостиме, шо дал господ леб и сол.
— Mope, како не не бендисуа, невесто, — вели попот, — носи вамо, јас ич неќу ни тепции, ни јании. Та, знаеле векот шо се јаде, та јале. Видите луѓе, за чудо големо! — вади компир од ваганката и им го покажува. — Та воа, ни е било, ни ќе биде нешчо послатко и поубаво . . .
** *
— Браче Илко, дека сакаш да ви постела со невестата Доста? На амбарот или во земникот? — го праша Митра Илка и сама се поправи. — Ајде, море, во земникот, прави ошче една прва вечер! — и отаде да внесе рогузина во земникот, а покровите и така беа таму на одерот. Ја посла рогузината, но не ги посла старите Илкови покрови што лежа првата вечер со Стојанка. — He чини, — си рече со умот Митра. — Да биле тиа аирлии, немаше и она да умре. Така, ќе му постела нови „куќни” па потамо ќе гледаме, може на нив ќе му паднат кога ќе се делиме? — и ги фрли на рогузината новите покрови.
Илко остана сам со Доста во земникот каде што борината веќе догоруваше, бидејќи Митра ја зеде половината со неа, за да си отиде кај Стоја и децата.
Почнаа да се гледаат двајцата во полумракот. Илко ја гледа неа, таа него, но од возбуда и среќа не можат збор да испуштат од уста. Најпосле Доста прва ја прекина тишината:
— Ајде, Илко, да си легниме, — прошепна таа. Илко ја поусекна борината која догоруваше, кладе уште еден страк до неа на ќерамитката на која гореше. Борината се запали и го осветли темниот земник. Тој застана до Доста, ја фати за раменици и ја заврте кон светлоста.
— Чекај, Досто, да те вида, чекај, јагне, да ти се нагледам! — рече замајано и како за себе почна да си зборува, кревајќи ја главата кон таванот на земникот: — Е, е, е, сполај ми ти бре, боженце, кога и јас челад су ти бил, кога и за мене дел си одделил! — и ја гледа право во лицето и ја држи за раменици. He може да ја држи, не може да ја пушти. И почна да ја гали како мало дете по косата, по образите, по вратот.
— Е, доста де, доста, — се тргна Доста и му ги турна рацете од неа. — Ајде, доста, собувај се и јас да се соблеча, та да си легниме! Ете, си имал к’смет, не те заборавил господ ни тебе, ама не ме заборавил ни мене. Ете, и ти со невеста, и јас со момче, па што! Ајде, собувај се и легнувај!
Кога слушна Илко оти Доста рече „да се соблеча за легнување”, срцето му се разигра.
— Шо? Да се соблечиш. Само тоа ваа вечер нема да биде! Сакам така променета, нагиздена да ми легниш до мене. Зар пак да те вида во таа ѓупцките? Ни вечер, ни утре, ни в година, ни дури су жив. Еве ти го ковчегот со алишчата. Носи, пери, што знаиш прави, само тиа твојте далеку, далеку да и исфрлиш, да не ме потсетуат на твоата голотиа. Ајде сега, одврзи окопците, павтите, решмето и синџирот! Сопаши го прегачот! Така. Сега можиш да си легниш.
— Ами вој палежен поас, бре! Илко, шо ал се прави, не су научена со него, ме глочка! — се пожали Доста на дебелиот појас од седум оки стари.
— А за поасот, можиш да го сопашиш ваа вечер, па одутре тамо ,ќе му се учиш.
Дури Доста го сопаша појасот, го одврза гушалчето, ги разлабави врвците на чорапите и на калците, борината догоре и едвај бледи зраци ја параа црната темница во земникот на Сукалови. Доста го кладе над глава бардакот со вода, го праша Илка откаде изгрева сонцето, се прекрсти и легна на постелата крај стопанот.
8
Утрото порано Митра веќе беше го обесила месарникот со вода на верушките за да ги измие ваганките, лажиците, тепциите и грнето во кое се вареше петелот. Токму кога се ружаше да оди по вода за расип од бунарот на Стрико Маловите, Доста стана.
— Добро утро, сестрице Митро! — Ја поздрави Доста Митра, на која и се стори овој поздрав необичен, оти нашите селани и селанки ретко се поздравуваат меѓу себе дома.
— Дајбогдобро, невесто Досто.
— Станате ли?, — праша Доста.
— Станаме, станаме. Вие ка си поминате со браче Илка?
— Убаво, убаво, како господ шо рекол. Каде се ружаш ти со котолот?
— Ќе ода по вода од бунарот, да ни се најде за расип, оти ете — сака да се замиат мисурките, тепциите, та ќе требе и некое и друго буленце да замесиме. Ќe дојдат некој дечиња, сака да се заложат со нешчо.
Доста ги зеде ѓумовите, Митра котолот и двете отидоа на бунарот од Маљови.
Си ги наполнија ѓумовите и котолот и се вратија дома.
Дури Митра се стрелушеше дали оваа орјатка ќе сака нешто да работи, Доста сама се понуди:
— Ајде сега, сестрице Митра, да и расподелиме работите. Јас, еве ќе смета, мисурките ќе и измиа, ќе суреда дома, а ти, оти јас не сум месила побрго, та, ем, да не го греша, ем, сега дојду и да се расчекора на вашиот ковчег не го права кабул.
Си се преврза Дочка со тулбенот, ја омолкна метлата, ги измете сите мутли до каде што можеше да стаса, фрли шутки, паници, опурчаци и други непотребни работи што стоеја таму со години. Мети, растребувај, фрлај што не е требно, требното сместувај го каде што му е местото, — направи на средкуќи еден куп ѓубре. Го зеде тезгерето, еднаш, двапати со мала Ѓурѓа, го исфрлија на буништето на малата врата и се врати, та ги изми сношните ваганки, паници, лажици и тепции и ги нареди во вратките и полицата.
Во тоа време стаса и Митра со месењето. Илко се врати од село каде што беше отишол да го однесе паличникот да чека ред кај мајсторот.
Јатрвите се измија уште еднаш, Митра од брашното, Доста од правот и саѓите, и се приготвија за појадок.
Илко викна уште од вратата:
— Mope, жени, ќе давате ли нешчо донеска да се касне или не?
Невестата Митра веднаш го пречека: — Mope, лели си имаш млада невеста не ти требе јадење, токо донеси некое дрво, оти огнот загаснал.
— Mope, невестата си е за невеста, токо, ај стоплите нешчо, оти цревата почнаа да ми кркорат како жаба моклишка! — вели Илко.
— Ете ти а, невестата, нека ти готви бре машко! — пак Митра го сакалдисува Илка и го праша потсмешливо: Како, како? Поарно ли е женет или вдовец, браче Илко? Кога ти велеше ваа онаа ти, море опечали се, брату, опечали се, та ако чекаш на друг никогаш нема аир да видиш! И гледаш сега! Арно било, а? Сполајти боже! Ете така. Држ да го кандисаме и браче Трајка да довлече некоа. Види како од саабјле двете наеднаш и свршиме сете работи. Јас меси, она смете, почисти, изми и сета ќе си седнеме да си се накркаме. Токо, анџак сме сами сега, и прв ден е по венчањето, кажете што сакате да ви зготва. Благи питулици, веќе тоа е адет, токо ошче нешчо кажете! Браче Илко мошне си е мераклиа на кубаски. Ете, и кубаски ќе му испржа. Ајде, биро, брееее! Кога дава господ, не праша. Mope — нова млада невеста; море
— питулици со мед; море, — кубаси со сланина; море
— топли булиња! Шо сакаш, бре, браче, ошче, а?
— Нишчо, невесто, нишчо. Здравјето и умот господ да ни го крепе на сете во куќата. Сега, од бога здравје.
Се засука Митра пак. Ја зеде тавата и маст, и даде на Доста брашно и една ваганка да размати тесто за питулици и напржија еден два саана. Митра извади еден саан цеден мед: налепи една питулица, залепи ја со друга, такатака сите со ред. Потоа ја запече малку сланината, ги нафрла во тукот колбасите и, да се покаже пред новата јатрва салам домаќинка, стана, извади од вратките на ноќвите едно грне полно со јајца и удри да крши врз колбасите. Наготви, наготви што можеше ,и умееше најслатко и најблаго и си вели со умот:
„Од питулици со мед, од сланина и кубаси со јајца има ли нешто послатко? И тоа со булиња и погачи на малото сито. Најстина, да има нешчо сукнатко и тоа не е лошо, токо, срчка ќе а јаде, нека си готве одутре сама, нека треска! Јас толку знам, толку права!”
И веќе стасаа сите манџи.
— Ајде, сега, да се поруча! — им вели на Доста и Илка, кои беа се стиснале до ќошот и нешто си шепотеа.
Седнаа да поручаат, ама нели беше многу мрсно јадењето, а питулиците и слатки од медот, та не им даде да јадат многу. Но затоа пак Доста виде каде попаднала. Маст, сирење, сланина, колбаси, јајца, мед, па кога по појадокот Митра извади и јаболка, круши и ореи, — изненадата немаше крај.
„Ќе може да се живее овде”, — си рече Доста за себе. :
Навистина дедот Петко имал право кога и велеше во Рожден оти му дал господ од се по малку. Ете, сега Доста се убеди оти се имало, но колку е, уште не знае.
„Ќе разбера”, — си вели со умот. — „Ќе разбера, и тоа ошче утре. Ќе и барам на етрва ми да ми покаже кој шеј каде стои и ќе разбера се што има!”
Си ручаа тројцата, им дадоа по некоја питуличка и по некоја колбаска и на децата. Доста ја крена софрата, Митра ги смете ронките и ја побара фурката, запна нешто да „врцне” денеска — дури да стасаат булињата за печење.
Доста остана без работа, а Илко излезе до подтремот да буцка околу едно рало, да го наплази.
— Ете, така, невесто Доста, — вели Митра, — ногу раце благословени, ама ногу усти к’нати. Ние денеска веднаш си а свршиме работата и јас ќе можа да си поработа нешчо за Стоја и за децата. Токо . . . ти знаеш ли нешчо од вие нашите буцканици, или и заборави сосема?
Доста се понамршти малку, и беше незгодно да рече „не знам”; да рече „знам”, — дали ќe ја услагоди некоја работа ако и даде Митра, та почна да ги собира рамената.
— Ами, нешчо знам, сестрице Митро, ами речи си повеќе су и заборавила. Кој ти мислел ота пак ќе се врата овде, на виа козинавците наши. Па .. . од кај да а нашол човек и пустата в’на во Солун, пуста да остане?! Тој, прикрепникот мој, едвај вадеше по некој грош леб да донесе, та за в’на и козина ниет не стори да купи Токо . ,. дај ми ношчо Илково ако миа за потплетување: некој калци, некој чорапи или некоа аба. Ќе се обидуам, нема вајда, маж ми е над главата, — рече Доста и задоволно се насмевна, оти денеока ќe работи за својот човек.
Илкови калци и чорапи имаше за потплетување десетинадваесет рала. Та Илко носеше само ново откако умре Стојанка, и штом едни ќе се прокинеа, Митра ги оставаше настрана и вадеше од ковчегот други нови, што га беше донесла Стојанка, та одвај чекаше да се прибере некоја сиромашка и да и го даде мажот и сета беља со него. Рипна како попарена и отиде право во земникот. Во еден ќош на одерот беа наврзата десетинапетнаесет рала прокинати чорапи; зеде две рала од нив и едно клопче предено од една Стојанкина перница, три игли чорапи (нашите селанки не плетат со пет, ами со три игли) и ги донесе горе на Доста.
— Еве, невесто Досто, обиди се, потплети и виа, па ако можеш, има ошче; да не му и крпиме на браче Илка да го глочкаат во пинците.
Доста не само што не беше заборавила, ами во Солун беше го усовршила плетачкиот занает, плетејќи фанели на луѓе што и плаќаа. И сега, штом ги виде чорапите изгужвени, ‘ побара на Митра ножици и распара еден од чорапите до каде што беше искинат. Ги навре сите котелци на двете игли и почна да плете.
Во тоа време Митра ја гледаше што прави, и кога почна да плете поарно од неа, си рече во себе:
„Море, орјатката една, ваа пофарк ќе излезе од сете нашинцки невести!”, — но ништо нејзе не и рече, само ја охрабри.
— A Taкa, невешче, а така! Мила, златна ! ! … „Така, ќе си го земе гајлето барем за Илка, та за
Трајка — ако ми го остави мене! Ама ќе ми остане и сермиичката негова, та за Илковата — да се обришиш, Мишо!” — си велеше Митра за себе и почна да ја распрашува Доста: кога отишла од Рожден, зошто отишла, кога умрел мажот и, како живеела во Солун, кај кого седела, што работела.
Булињата стасаа. Митра кладе подница да се гори, а Доста го зеде кошот да го наполни слама, но Илко не и го даде — да не си го начичка кистот плева, аљти сам зеде и го наполни.
— Ти, — и вели тој, — сега засега, дури си пресна, баре за еднадве недели, слама нема да вадиш. На вода — од вода, борина нацепи, ако можеш, јас кога не суам тука, синиата клај, нешчо ако сака невестата, Митра да и поможиш, да зготвиш, подмеси, ако умеиш, и така — тие ситните домашни работи, а за другите — Митра, јас Трајко, тука сме. He можеме, братко, веднаш да те запрегниме на недела. Греота е од господ, вчера дојде и денеска, ајде, „неделата” да та а дајме; ошче ни куќата салам не а познаваш. — Нема ли, невесто Митро, да а престрамиш етрва ти на чешмата? Ајде, време е, ќе најдите навале, та ќе залевате до стари вечери. А мене, лебами, не ми се остава ошче прва вечер да ми замркне женичката.
Митра и сама сакаше да оди на вода, но се решаваше дали да ја води Доста. Може ли пак да не ја води? Та, ако на чешмата не ја заведе, тогаш каде на друго место! Таму секоја гостинка, макар на еден или два дена дошла, ќе оди и ќе се запознае со другачки и еснавки од Витолишча.
И нашата нова невеста Доста ред е да се запознае со идните свои другачки и еснавки. И тоа каде на друго место ако не на чешмата! Па и која друга ќе ја заведе ако не јатрва и Митра? И затоа Митра се „поткршна”; си обу нови калци, нови чорапи, опаша нова фута, си го врза кадифеното гушалче; ресениот ќилим го префрли преку глава, ги растресе цулувците, ги поначешла кркмите и отпред дојде променета, макар кошулата да не ја смени. И го зеде букарот на рамо и едно бардаче в раце.
Доста пак, како млада невеста, се дотера — скопци, павто, решмиња, синџири, прегачи и така натака. Само пусти кркми и цулувци нема, ами завратени косите и начешлана со јажиња по грбот, а челото „златна сестричко, како теле кога а лизнало”, — велеа подоцна витолишките. Ѓумовите в раце, невестата Митра пред неа, та дури на чешмата!
Бидејќи чешмата тече по малку, а само една е во селото, затоа се собираат на неа уште од ручек да залеат за вечер, а од полноќ да залеат за ручек. А повеќе одат да се видат друтачки и еснавки отколку за вода. Си зеле фурките. ракавите, калците, чорапите, си седат, си предат, си везат или плетат, чекаат ред и разговараат. Тука се сите чупи, невести, па и баби. И кога, кога Митра Сукалова се зададе одгоре со новата јатрва, на чешмата стана џагор. Како секој деч тука беа: Бојана Жиовката, Доста и Дунава Макреви, Мита и Тода Тушеви, Неда Сивевска, Јова и Петра Батанџиови и кој знае уште колку кое моми, кое невести.
Пред да се појават Митра и Доста овие беа поддшале разговор за Рожденката.
Бојана прва почна:
— Mope, сте чуле ли, жени? Илко Сукала довел невеста, мори! Млад, па не му се седи без женичка, сирома.
— Ха, ха, ха, a, a, a — иииихи, — се разнесе смев од еите.
— Ами, каква е, мори Бојано? Велат, била од „нашите” со шалварки! — вели Доста Макрева и пак се разнесе едно, ахаха, ииихихи!”
— Mope, какватаква, нета му го топли грпчето, лели нашол, алав да му е мајчиното млекце! — се јави раскикотена Неда Сивевока и пак нададоа „ахаха — хихи.”
И сега, кога ја видоа Митра одгоре и со неа една „ас” невеста со скопци, со решмчња, синџири и други ѕрнѕурки, со прегачи и кистови, во „копитата” променета, сите си ги поткаснаа долните муцки.
— Морииии, слепела! — и вели Дунава Макрева на сеетра и Доета, ама така сите да слушнат, — види шо женетана била, мори! Гледај, гледај ка оди, како стриковата маска преку пазаришчето кога е товарена шчици. Ене не, слепелнице, гушничето од Стоанка шо убаво и стои на гушата! Ами види, песјачката, шо гуша има. Ене? Та таа помлада од нас кажуа, мори?
— Охохо! Вакватаква, ама Ила ќе си го топли на зимо, та не ќе му требе оган да вали! — вели Јова Батанџиова.
— Е, е, е, сестро, не бил лаган Илко! Ѓупка полупка, лошка, сето тоа било лага, — брави Бојана Жиовката и сите пак нададоа друго „ахаха ихихи”. И Митра дојде веќе со Доста на чешмата. Си го симна букарот, го остави на ред, а Доста ги остави ѓумовите и застана крај Митра, срамежливо, како што и прилега на млада невеста и тоа јабанџика.
Митра, како постара жена, почна да ги задева девојчињата и невестите што извикаа:
— А, мори моми, извикнете ошче еднаш да ве чујме и ние старите? Ииии, шо ми се изпевнува и мене, токо су стара, та не ми прилега.
Доста Макрева и Бојана одамна беа мажени, та беа веќе и послободни, затоа и се замешаа на Митра во разговорот:
— Ами как да не, престарена! Ете, гостинката и ти извикнете, она е млада. Токо .. . најстина, стрино Митро, од каде ти е ваа гостинка? — праша Бојана.
— Мори, каква гостинка, роспии едни, етрва ми Доста е, вчера шо а венчаме за браче Илка. Санким вие не разбрате тики „од каде ти е таа гостинка”.
— Уууу, ами ваа ли е таа Рожденка шо дошла за Илка ваш, мори стрино Митро? — праша Бојана, божем зачудена: — Ами, ногу млада мори? Ете те, Ило! Роди ме мајко со к’смет — врли ме на патот. И нему. Види, шо јаребица му паднала на соколот в раце!
Доста не зеде учество во вечерашниот разговор, но остана задоволна оти толку ја подигнаа и и поласкаа овдешните девојки и невести уште од прва средба и се окуражи за понатаму, кога ќе се запознае со нив, ќе има со кого разговор да води, а не да не плаши оти нешто ќе згреши. Оти, во Солун уста не можеше да отвори од конзулицата. Како секоја господска слугинка
„Ти, Досто”, и велеше таа, — нема ќе се правиш. И што знаеш и што не знаеш — ќе викаш дека не знаеш. Виде — не видов, чу — не чув”. Co еден збор Доста беше слуганка, да го чува детето, да го капи и да го пере, да измие пијатата, тенџерињата, душемето на одајата да го истрие, прашина да избрише и нешто да помогне на готвачката. Таа работа — готвењето — многу ја интересираше и при крајот, пред да умре мажот и, стана вистинска готвачка на конзулот. Само, се разбира, кога имаше специјални гости земаше готвач од хотел. Виде уште како овие девојки и невести и ласкаат на чешмата: „гостичката е млада”, па си вели со умот:
„Море, чекајте, орјатки, ќе а видите вие Рожденката по некој месец или година кога ќе се вов’чи, дале е стара или ќе се подмлади, пушка ќе ве вркне!
Така разговарајќи, чекајќи и мислејќи, редот им дојде. Залеаја Бојана, Доста и Дунава, Тода и Мита ил Неда Сивевска си тргнаа џумле горе Сребринстсата улица со: „ахаха ихихи”, а Митра и Доста си го наполнија букарот, бардачето и ѓумовите, и како што е ред;
— Митра напред, Доста по неа, — си тргнаа.
Кога поминаа пред конакот, ја видоа мудурот, мулазимот и некои чауши, па си велат меѓу себе: „Бак, бак, ѓузел ѓелин”, и му остана на стариот мудур Рождонката во умот.
Дури си отидоа дома, веќе приквечер се стори: Домашните работи ги привршија и Доста пак се понуди вечера да зготви. Се прибраа и машките откај сретсело и како обично, се вечера и отиде на спиење Доста и Илко до трите вечери ќе спијат во земникот, па после на чардакот ли, дома ли, каде милуваат. Трајко, се знае: со сакмата во племната. He сакаше тој ни постела, ни перница, ни оган. Откако му умре Велика беше се забаталил. Небричен, нестрижен, немиен, ни променет, мисли човек светот пропадна.
* * *
Поминаа недела, две, месец па и половина година. Митра гледа: некако Доста непара е ќевлија. На јадење — последна седнува, прва станува. Се што и се буричка, и иде на повраќање, како болна изгледа, а од ништо не се жали. Ваму многу е весела. Оди, седи, лежи, само си потпева некакви грчки, руски, турски песни и со Илка се нешто потскришум си шепотат.
— Mope, ата ќе те најде, — си вели Митра еден ден. — Од двете, едното ти е: или си болна, или … те изел в’кот. Ама ќе разбера јас, па мајка Јана да ти е,
— и почна да внимава што прави Доста, како оди, како работи, што јаде, што пие. И кога почна Доста полека да оди, полесно да крева, да не се уморува, кога пак почна кисели сливи да и бара, Митра беше веќе начисто, дека оваа „орјатка” ќе окучи некое кучило на свет и почна да се жала:
— Тих! аир да не сторат во очите! Јас си веле, стари се, срчка да и вате, нема да раѓаат, та, ем ќе си има работница во куќата, ем малчокот и сега сермичка ќете да остане на виа, мојте дечуманци. Вака сака се да прежалаш, од игла до конец. He вајда, брат е, од една мајка, од еден татко се.
Кога го тераше Митра Илка да се жени, таа ја предвидуваше оваа беља, ама еднаш си велеше: „ќе му даде господ деца”, а деведесетидеветпати се тешеше, оти е веќе попрекршен од годините, та белким не ќе кукне некој помлад. А, ете, нема ни година откако дојде Доста, и ене ја, го напрчи појасот.
„Добро, добро, Дочко! Само лели ми те разбра Миша, ќе ми те сошие откај шо не си за шиење!” си рече Митра со умот и почна да мисли и крои.
Таа така си кроеше: тројца браќа се: Стојо, Илко и Трајко; три куќи; три таками за куќите. Mope — волови; море — овци; море — товарни добици, пашита, море — нивје за тројцата браќа, три пералника, три месариика, три ѓума, три тави, шест тепсии. Ама се, се имаше стокмено за сите тројца браќа, та дури и три поскурника и три толчника беа настаменети. Секому по толку. И таман Митра си имаше три машки деца и две девојчиња. Девојчињата ќе си ги омажи, машките ќе си ги изжени. По едно ќе им посини на девери и, оти итака ним им паѓа малот. Таа ќе си остане со Стоја со едното дете во нивната куќа, ич гајле да не бере, ни за куќа, ни за покуќнина. Ама ако разврзе оваа Рожденката да раѓа? Остави што ќе треба од куќата да се хранат тие деца, како нејзините што се хранеа толку години, туку што е најглавно, ќе и се слизне од рацете толку сермија. Кој ќе прави по староси куќи, кој ќе спрема посатка, алмал! Која душа ќе запиња невести да им бара? Па, не е чудо и да не може да ожени некое од децата, ќе остане за резил во векот — ерген дедо. А, ја! Нема да биде тоа!
„Доста е веќе трудна”, си рече со сигурност Митра. „Тоа се гледа од нејзиното одење, јадење, седење, лежење. Co Илка си шушкаат, од милина не можат да се разделат. „Значи, и тој веќе знае и, ете, нишчо тешко не и дава да крене, нигде не а тера, ни по вода ни одвода, ни на река, ни одрека. Си а гледа човекот женичката како говедарот стелната крава: да му се отели за да срка кутмач”. — Ами, јас сега што да права? Треба да се бара чаре! — и почна да си реди во умот: „Жена пометнуа од тешко кревање; пометнуа ако јадиш нешчо да не и дадиш — од стрвоо, шо се вели; пометнуа, да се уплаши од нешчо, пометнуа да а повреди нешчо по меот; пометнуа, пометнуа, пометнуа од . .. маѓиа !.. . Ете сега ќе и го пеа маслото! Нема никој да ме разбере, и пак ќе и го стора! Бабата Бисера Манџикова ќе ми а сврши ваа работа. Да знам кошулата од грбот да и а дада ама нема да дозвола туѓи кучила да се башаарат крај моето огогаште !. . . Ако поживее година две, ќе се научат со дете, па после не ќе можат без деца, та ќе си го земат Илка мој. Итака името му го носи на браче Илка.”
И, кога Доста веќе поотежна, и не излеваше од дома, Митра ги зеде ѓумовите божем по вода да оди, излезе и, еве ја — нема ја, си дојде дури кај ужина.
На пат за чешмата е куќата на бабата Бисера. Миша сврти кај неа, божем да бара некој лек за децата од заушки. Лав, муабет, си го кажа алот!
Бабата Бисера беше стара вештица. И таа како дедот Петка: намириса дека Митра е запалена за оваа работа и почна да тврди пазар: — „Та. .. којзнае, невесто Митро, дали ќе ми најдеш тоа шо треба; та . . . ногу време сака да помине; ја… требало порано да дојдеш; којзнае дали ќе можиш да платиш”, — и триста други маани си наоѓаше. И за неа „ништо не сака”. Навистина, живот треба да се зема, но живот што не го огреало сонце не е живот и нема голем грев.
Митра слуша, слуша и наеднаш пламна:
— Mope, кажи, бабо Бисеро, кажи што требе и шо ќе ми сакаш! Та греот, и срамот, и арчот јас ќе си го тргам. Само себап да се стори, да не ми страдаат дечињата, кај а намери ѓаволот, в реката да појде и она и он. — А во себе си помисли: „Ама и јас су си стара магаричка! Држи, кандисуј, едниот, кандисуј другиот да се жени. Е! Арно е да имаш етрва, Митро, да а делиш неделата со неа, ама — ете, ка ќе ми те задрндоре она! Ќе ми ти наврцка еден булук, сете како пилци, а ти ајде со твојте, оди, работи, рани и. Mope, срце ќе и јаде, кога јас ‘ќе и рана! Рани ќе ранат по мршата! Толку ќе бидат, токо, сака пак да а делиш „Оспротива”, „Гошово”, „Лачгаикот”, „Опстраница”, градината, лозјето, овчичките и друго шо има. Ами вака, вака: греј не греј! Иако е страмота, коа тој шо рекол, арна работа. Да и а стуткам јас ваа со бабата Бисера, па нека се чеша она до чешање. Ич нема ни ;на памет да и падне оти од мене е. Јас ќе си бида со ниј арна, од арна поарна, ќе си а гледам како и доеега, и браче Илка, а шо му мисла, тоа јас си знам.”
Откако се тргаа од овие мисли и се запна пак на бабата Бисера:
— Кажи, де, кажи шо треба да најда за воа шо ти вела?
— Е, море, ка си сторила кабул да не му даваш на луѓето да видат радост од нивиото срце, тогај греот нека биде на тебе. Ќе ми донесиш нишан од обата. Од Доста од котата, од Илка од некое алишче, некое парталче. Ќе ми донесиш еден кравај восок, темјан, в’чки жили, од црна мачка ж’чката, конски муи тричетири, заечки лој, а нешчо јас ќе принајда. За заметот, ако сакаш, некоа ока сланиика, троа масца, сиренце, некој тагар брашно, гледај нема со шо да и прерана виа мојте глувци. И … ќе ми дадиш една лира пари,
„Лесна работа”, си вели Митра. „Ќешким тоа нека биде, та греот — на ореот. Греј! Каков е тој греј? Mope, гледај да не те репне некој со некоа ластегарка, та од греот нема да те болат ребрата. Нека ми остане ,на дечињата малчокот, та десет греови ќе зема јас”
Од овој момент Митра сама почна да ја чува Доста, да и забранува да крева тешко, да трча, да се качува по столовите да симнува нешто. Најпосле и Доста и се откри оти има нешто под појасот.
— Ахахаааа!, — се насмеаја и двете, а Митра вели: — Зар мислиш толку су будала и слепа да не гледам? Ами ошче кога ми побара кисели сливи, јас разбра оти те изел в’кот. Токо … не плаши се. Таа е машка болест. Ќе дојде, и ќе помине . . . пак ќе дојде.
А од ка ќе помине матилешот, колку да сакаш не ќе можиш да се разболиш.
И така Доста и се довери на Митра и и се предаде повеќе од на сестра.
— Та шо сме, — вели Доста, — ако не сестри? Во една куќа живејме, тука ќе умреме, една друга требе да закопаме. Од толку поблиски, каде?
И Митра и се довери на Доста. Се и изнакажа, каде и што има, што се работи, што се мисли. Се, се само што прават со бабата Бисера, се разбира, не и кажа.
А бабата Бисера: од сите овие работа што ги донесе Митра направи една смеса, од косата и другите конци исука еден конец, и бидејќи смесата содржеше повеќе восок, направи една свеќа и и ја даде на Митра за една ока сланина, една мисурка маст, толку сиренце и една лира пари, па и вели: „Колку повеќе што се плаќа — толку повеќе се ваќа магиата”. Таа свеќа Митра ќе треба да ја пали секоја вечер по една декика кога Илко и Доста ќе си легнат, и тоа цели шест недели. Колку свеќата намалува — толку дните на детето се кусат. Кога ќе скипне свеќата да догори, тогај и детето ќе скипне, ќе угасне. Било во утробата на мајката, било и да е родено.
Митра си отиде сета среќна што ја сврши оваа работа, а бабата Бисера си остана уште посреќна и задоволна, што за ништо си зеде сланинка, сиренце, мавца па и цела лира готови парички. И си вели со умот: — ,,Кога има будала народ и расипан, оти пак да ,не му зема? А виде ли ти Миша Сукалова, сестричко? Ти се чини на мравка не згазуа, светица ти се праве секаде, а кога а жегна оти малот ќе го преполоват Илковите деца, „и кошулата од грбот да знам ќе a дада, ‘и не и оставам да ми се башарат туѓи деца на мојто огниште.” Mope, та не се туѓи песјачко, и они се од тоа симсиле. И на Илка Стојан Сукала му беше гатко, не само на Стоја твој: Па вели: „и греот јас ќе го носа.” Mope, ќе ти а носат пците главата по долишчата лели такво срце имаш! Ти ќе страдаш со тој ум, та на Доста ќе и плуниме под пенџерете, и ти, и јас. Ако и е за раѓање ќе си роди и две, ако и дошло, не само едно; токо, лели си тргнала по ѓаволот — нека те трати. Дај ти нешчо јас да си и нарана дечињата, та ти тепај си а главата како знаиш. Па да видиш и добро е воа што дојде Митра кај мене. Ако не а послуша јас да и а направа „маѓијата” можеше најстина да и напакости на сиромашката. Или некој билки ќе и даваше да пие, па ќеше да а отруе, или пак со нешчо може да а напакости неа или детенцето. А вака сега, ќе а пале свеќата по една декика на вечер. Таа е голема, ќе трае не шес недели, ами и шес месеци може да трае. Доста ќе си го изгледа; Митра ќе си остане со палењето на свеќата и така ќе се сврши таа работа без греј, ни нејзе, ни мене.”
Митра почна редовно да ја пали свеќата откако ќе си лепнеа Илко и Доста. Стојо го забележа тоа, ама таа го маслоса некако: дека и се јавила мајка и и и рекла „ногу ми е темно на вечер, Барем по некоа дедика да им светнуаш колку да си повечерам”. Стојо поверува и уште еднаш не праша.
** *
Дните си врвеа, помина недела, две, три. Заврте месец. Митра е околу Доста поблизу од мајка и од сестра. Дојде време Доста да стигне. Митра е покрај неа и во најтешките минути.
Во болот и маките родилката не гледаше ништо, само жива да остане. Дали машко, дали женско, дали куче или маче, што сака нека биде, живо, мртво, само од болки и маки да се опаси. И кога дојде саатот новиот човек свет да прогледа, Доста веќе беше изгубила свест. И тогаш Митра го прифати новиот створ, му го претолчи папчето со две камчиња што ги спреми однапред за таа работа, скина од Достините плетенки едно конче и му го врза, го издигна за главче, го погледа и пред очите и излезе нејзината Ѓурѓа кога се оддели од неа, и кога бабата Маса исто така ја однесе на горни крај во пепелта.
Ѓаволот се даде на работа. „Де, Митро, сега или никога. Еве ти го душманот в раце! Ни пари да даваш, ни маѓии да правиш, ни да го чекаш со месеци, а може и години. Ете сега, потстисни го за гркланчето и готово е како ‘рскавец. Никој нема да те види. Ќе кажиш: така се роди — и ај м;и со здравје.” Но во својот бес таа се сети дека веќе го зеде еднаш гревот кај бабата Бисера. Двапата да умираш еден таст човек, — тоа поќе не може да се прости. Се почуди, се помисли, го тратна малото во пепелта и солта што ги спрема порано, го извалка и го завитка во една пелена приготвена од Доста.
— Белки не ќе вресне? Белки е најстина мртво родено? Белки маѓијата од бабата Бисера сврши работа? — си помисли Митра и и се поолесни на душата. Се истрча надвор, зеде една рогузина од чардакот и едно најиокинато покровче, ги внесе дома, ја посла рогузината на женскиот кат, го зеде коритцето што ги капеше нејзините деца, го кладе зглавје надолу со главата (така лежат леунките по Мариово) и истрча долни крај кај јаслите да види што направи Доста.
На Доста и попуштија болките на крстот, се поолади малку, се поиздиши длабоко и свеста и се поврати. Испушти едно длабоко: „Ооф! Кај си, мори, сестрице Митро, загина, да е видел господ!” — и ги собра сите сили за да се прибере.
Збива некоја и друга минута, испружена крај јаслите во сламата, и кога веќе падна и уложјето од неа, сети дека опасноста наполовина е помината. Се позатаи малку да види дали угате ќе ја штрека половината и крстот и бидејќи сети леснина, се обрна кон Митра со наивен детински поглед и полна доверба како кон своја мајка или сестра:
— Да е видел господ, слепела, сестрице Митро, ошче за влакно ќеше да скрша глава. Boa ти било проклетија од господ на жените, сестричко. Зошто и на сто години луѓето викале „леле мајко, зошто ме роди”. Ами, сестро, ако вакви маки тргаат сите жени шо раѓаат, тогај јака му душа на тиа што имаат родени по петшест па и десет деца. Леле, мајко ми ти мила! Да не даде господ ошче еднаш. Ми се чини оти јас ошче еднаш нема жива да остана.
И пак ги затвори очите да собере уште малку сили за да може да проговори или и да се дигне од местото.
Митра слуша што зборува Доста, слуша и горни крај дали ќе вресне тоа кучило што го завитка во пелената.
— „Ајде, ајде, невешче. Та ќешки таа клетва нека биде. Се ќе помине со здравје. Токо, ајде, стани да ми те сместа гope како што требе, оти ошче ногу работи требе довечера да свртшиме, а еве и времето наближуа, кокошките веќе кај си легнуат.”
Доста се поиздиши уште подлабоко: Митра ја фати за раменици, по кроце, полека ја исправи првин да седне, па потоа полека, лека, ја исправи простум и држејќи ја за мишките ја поведе кон горни крај.
Таман на среткуќа кај долното било, за голема радоет на Доста, од пелената се слушна нешто како маче кога мјаука.
„Мјау, вјау, a јаа,а,а,” — се распозна детски глас. Доста веднаш ги заборави сите болки и страданија, ја подигна главата кон Митра, ја погледна в очи, ја развлече исушената уста и проговори:
„ — Mope — ми, живо било воа мечето, орлите да го мачат, колку ме измачи, да не остане, да даде господ!” — На лицето и се оцрта задоволство, дамарите и се разработија и доби сила и кураж што побргу да стигне до постелата, да легне и да го погледне тоа стаорче што сакаше да ја отера в гроб.
— Сполај ми ти, боже, оти не ме улиши и мечне од оветот! Маките веќе и истрга шо и истрга, баре дај ми здравје и живот и мене и нему, да поживеа и јас како сете сестри — сиромашки и да се нарадуам како неј.
Двете жени дојдоа до постелата. Доста полека полека се спушти на неа, го прибра коритцето под глава, се понамести и ги фрли очите под огниште, од каде што идеше слабиот глас од новиот човек.
Митра ја остави да гледа кон рожбата. Излезе пак надвор, донесе едно уште поискинато козинавче и и го префрли на Доста до гради, па сакаше нејќеше, се заеука да ја доврши работата што ја започна. Го зеде коритцето од под глава на Доста, го прибра и ѓумот со ладна вода, направи за прво капење. Поразбуричка со рака да види да ли водата не е многу жешка. Саканејќе, се нафатила, ќе го бабуа ова кучило, кое утре ќе ги дели нејзините деца.” Зелена како мувлија од јад, ама се прави пред Доста небарем нејзина среќа и дошла. Куќата и е те’мна и мрачна; се што гледа наоколу и е црно; во нејзината глава се створија меѓи на нивјето; половината овци, говеда, двата вола, едната маска, една куќа, па дури и бакарот, и вршниците пи виде разделени. Нејзините деца посиромашни од ова маче !. .. И и дојде бесот сега да го стегне и да го задави како мачка пиле.
„Ама, доцна е, Мишо, доцна” — си вели со умот. „Коа не го стори тоа кога му беше цаката, кога падна од мајка му, кога она не беше му го чула гласот, сега е доцна! Работи сега и надевај се, белки бабата Бисера со свеќата ќе помогне од некоа страна”. Но оваа надеж сега и изгледаше јалова и пишман се стори оти не си ја сврши сама оваа работа, туку тргна по маѓии и басни.
— Ех, да знае оти вака сама ќе мм остане на моите раце, али оти да барам друго чаре кога сама ќе си а сврше работата! Ама деде! без речениа нишчо не бидуа. — Така си мисли и го капи малиот створ. Co спуштањето во корицето тоа нададе посилна пискотница. Доста очите не ги свртува на друга страна. Покрај тоа што ја интересираше во првиот момент по олеснувањето од болките — дали е живо, сега оди понатаму. Сака да разбере какво е ова нејзино злато — ерген или мома. Сега куќа нејзе и светна, гредите, од црни, саѓосани, се претворија во бели, нови, небарем вчера Илко ги наделал. Огнот се вивнал и пушта златни пламени и искри и на Доста и се претвораат во безброј ѕвезди што ја осветлуваат куќата за подобро да може да ја види нејзината искра, од која има да пламне силен оган во нејзината згасната душа.
И со една блажена насмевка процеди преку заби:
— Mope ми, какво е тоа кучило волку шо ме шмачи, сестрице Митро, дете или чупе — чумата да го вркне?! — И со запрен здив почна да очекува одговор. Во тој момент нејзе и беше се едно: чупе дете за неа беше нејзина рожба, нејзина среќа и надеж во животот.
И кога Митра со претворена насмевка и одговори „мори чупе е, чупе, невесто Досто; токо, нека ти е живо, ако е чуле!”
Доста пак ја развлече устата и повтори:
— Мори, чума да не чукме, сестрице Митро, и без нас, чупињата, не може вој свет да се држи. Кој ќе и трга маките, како ние со тебе? Токо гледај суреди го! Направи му и сете адети шо требе да не ни и к’не коските утре! Ти си изгледала петшест, нека ти се живи, не ти е севте сега. Гледај да не го опакостиме во нога, во рака, та да ни се смеат светот. Да не го оставиме недосолено, шо се вели, па да ни а к’не душата, оти сега, колку мој греот, стопати повеќе е твој: си а зе бељата и ти. Ти веле да викниш некоа баба да ти помогне, ти сама се навати, та сега ќе груваш.
Митра го иекапа чупето, го остави пак на пелената, влезе во кералчето, донесе набрзина други пеленки приготвени од Доста за таа работа, и надвенатри го запови. Ја зеде крошната од нејзините деца, иако Илко беше спрамил нова, тури слама и го кладе покрај оган крај мајка му.
Доста се поуспокои. Кое болките и поминаа.. кое го виде оти е живо, разбра што е. и сега треба да се мисли за понатаму. Ами тоа кучило туку вреска! „Вјау” се дере, папакот ќе му извресне.
— „Шо ал се прави, оестрице Митро, воа кучило сака да цица” — вели Доста.
— „Море не бери му го гајлето ти сега. Лели се куртулиса од маките, се ќе се нареди. Токо најстина, шо велиш ти? Коа сакаш да а викаме задојница?
Доста е јабанџика. Нема сестри, нема брачеди, ни внуци на чие млеко да го задои нејзиното првенче Уште како тешка таа си редеше и си миелеше: која баба, која задојница, која нарачница. И ете, сега дојде и тоа саат.
За задојница таа ја бендиса Бојана Жиовката, која пред година и пол роди машко дете. Co неа се спријатели на чешмата, почнаа да си одат — да си идат. Заедно на вода, на река; по орото заедно си седеа и многу си ги бендисаа табиетите. И сега никој друга нема да биде задојница, ами Бојана. Па и не се далеку со куќите: ете каде е Ристе Жиовецот. Еден плет ги дели од Сукаловци.
* * *
Едно големо гајле и се симна од грбот. Девојчето е сега задоено и Доста нека си слуша и нека си го умирува ако и плач’е. Митра ќе си ја гледа редовната работа за овие дватри дена дури Доста да стане, па потоа пак ќе си продолжат на недела.
Кога Митра излезе да ја испрати Бојана, Илко си влезе со заграб борина. Тој можеше и понапред да ја внесе борината, ама не е адет машко да присуствува на задовање дете. Што знаеш што бидува! Адет е адет. Така рекле старите, така ќе прават и малите.
Во тоа време си дојде и Стојо од орање и се прибраа сите за вечера. Co „доброто вечер”, Стојо посака живот и здравје за внука си „дуда” и на брата си му пожела и дури кожув да искине од зетот.
Илко се позасрамува, но одговара и гледа дека навистина брат му од срце му честита. А за кожув му вели: — Брату, ти си постар и ти ќе и носиш кожувите од сете.
— Mope, нека бидат живи ќерките, брату, та лесно е за кожувите, — одговори Стојо и и честита и на Доста, го одви девојчето, го поткрена дури до греда, го остави во крошнето и извади еден бел черек, кој го носеше од пред три месеци за овој ден и го дарува првото внуче од брата си.
Навистина, на Стоја му беше мило ова малечко детенце како негова Ѓурѓа кога му се роди. Тој се насладуваше со задоволството и радоста на брата си.
Од девет месеци наваму Илко стана божја бубалица. Та тој итака беше мирен и кроток, но откако му остана невестата Доста тешка, почна за петмина да работи. Каде ќе му речеше брат му Стојо, тој на нога не застануваше. Се чувствуваше некако задолжен да работа, оти ќе треба за тројца леб да вади.
Ha вториот ден се бери сповојница. Ама сповојница се бери на прво дете и тоа ако е машко. На женските не им се дава толку толку внимание.
Арно ама, ова е „на староси — два радоси”, што вели народната поговорка. Остави ли Доста рожденката да се собере сповојница?
— Ти-и-и-и, ослепаго. Дали немаше еден тагар брашно да замесат пет шест буленца? — ќе речат еснавките. „Миша Сукалова можеше тричетири сповојници да бере секоа година, та за Илковица да не може” He, џанам. Тоа кабул Митра не го прави. И не само што ќе речат еснавките, ами таа се плаши да не се сетат Доста и Илко оти го нејќе таа малото и оти го чека да умре. И затоа, кога Доста проговори, санким „царска ќерка се родила”, Митра веднаш се фати за пиштоли:
— Уууу, невесто Досто! Кој ќе чуе ка ќе рече! „Ете, те, слепачко, Митра Сукалова на етрва и не и собра сповојница”. Јас тоа не може да го пог’тна. Сповојница ќе се збира утре … па шо сака нека биде! Мажјето нека си а гледаат нивната работа, ние ќе си а гледаме нашата! — беа последните зборови на Митра околу ова „важно” прашање.
Најпосле се собра и сповојница. Истребија жените еден котел царевка, уште еден грав; ги сварија во големите латвици, и кога дојдоа сповојничарките, секоја со пo дветтри деца, ја исркаа царевката, го макнаа грашокот со топлите булиња и погачи, го поткренаа сите „новиот човек”. По некоја баба, а лебами, и по некоја невеста, си отидоа малку цврцнати. Елем, да се направи адетот и да прикажуваат децата кога ќе пораснат дека „филан и филан јас го знам и на сповојницата сум му бил”.
Митра ги исчести сповојничарките како и ,на нејзините сповојници, оти тие истите беа и сега; им тури подебел грав на внучиња и од сестра и Петкана, им даде и поголеми лажици и церемонијата се сврши. Си ги зедоа торбите со по некое залавче од погачите и си отидоа. Дојде на собранието и селската испустеница бабата Тода, а кога Митра ја виде се понамршти и за себе си рече: „Ата да а најде, ошче она беше кусо. Ќе оставе некоа живина, не ќе можа децата да си и исчиста.” Но, нели е собранија, што ќе рече пред овие мили гостинки и одбор селанки? He ќе ја напади, па да и се смеат! Затоа и бабата Тода си седна каде што и е редот — на долниот крај на трпезата и убаво си се накрка од дебелиот грашок и топлите погачи, та за царевка непара се стегаше оти беше без заби.
На сповојницата се изредија сите можни и неможни благослови и на сите Митра викаше „амин”, иако во себе си повторуваше на благословот „да не е жив новиот човек” — „до дните — од дните на пците”,на благословот „к’смет господ да му даде” — „краста и орлови нокти да се чеше”; „голем да порасне” — „една педа од земјата”; „мома убава да стане”; „плашило на векот да биде”; „за изгора во село да биде” — „папакот да и гори, и нејзе и на таа шо а роди”; ,ергените по неа да лудуат”, Миша додаваше: „да даде господ она да полуди, та и татко, и мајка од неа да бегаат”; „да му се живи родители” — „довечера, дај боже” и така натака.
И Доста за цело време ги слушаше благословите и одговараше: „амин, амин, мили мајчички, мили сестрички, чул ве господ”. Таа не присуствува на трпезата и со неа не сторија гостинките ни „здраво живо”. да не и ceкне млекото и да не ја фатат „навите” како леунка.
Но сповојницата не е смотра само за домаќинките каде што се прави таа, ами и за самите сповојничарки. И тие носат погачи, булиња, ракии и разни мезиња, та и тука, како во црквата, треба да се види која е пофарк во домаќинлакот Билјарките и овде излегоа пофарк. Нивните погачи излегоа побели. Навистина, брашното мириса на запалено, но тие навикнале и не јадат од годинашно. Нивните амбари се полни со ланско и поланско брашно. Кога го тураат — со кросно го набиваат, а кога го вадат — со мотиче го копаат. Тоа се вели домаќинлак.
Митра остана да ја суреди куќата. Да ги измие мисурките, лажиците, а новите бардаци пак ги однесе во земникот со една клетва по децата и бабите што се нашија од нив и ги излигавија.
„Што ќе правиш, златна Митро”, си велеше со умот кога одеше во земникот. „Ти и ватил камен нозите, нема чаре, ќе тргаш. Ах море! Кога си будала —будала остани си! He го потстисна ноа кучило ошче кога падна од кучката, токо, на ти сега сповојница, вечер наречници, по недела — кршчење, до година свадби, И .. . оп, ајде, Мишо, кревај си парталите од старата куќа, разметуј во новата, дели и воловите, овците, коњите!” При овие мисли на Митра и идеше сега да се врати назад, да го стисне девојчето за врат и да го удави, а на Доста да и ја расцепи главата со бардакот. „Не, не”, — си велеше веднаш потоа: „Јас су си сигурна. Маѓиата од бабата Бисера ќе си сврши работа. Ако не довечер, утре. другиден, по годинадве, ама нема да процвети воа кучило.”
Co таа утеха таа се врати од земникот, порастреби уште што имаше за растребување, и даде и на Доста да поужина, сакајќи секојпат да биде спрема неа љубезна, за да не забележи што и мисли.
* * *
На третата вечер ќе идат наречниците да и одредат на „дуда” пат по кој ќе врви во својот живот.
Пак стрина Маловица дојде. Мајката, таткото, и Митра на глуво доба, пред петли време, се собраа, повечераа од денешниот грашок и ја зедоа дуда во крошнето под оган. Оганот го оставија да згасне, само на жар, борината угасна и стрина Маловица се јави со тропање на брашнарскиот ковчег од среткуќи.
Мајката, затресена над чедото, праша со треперлив глас:
— Кој троста во ова ноќно време?
— Ние сме, наречниците. Разбраме оти сте имале нов човек во куќата и дојдоме да му го одредиме животот.
Мајката ги моли:
— Мили сестрички, мили мајчички, мили бабички! Наредите: прво, да ми биде жива, да ми биде здрава, да ми биде убава, умна, разумна како мене.
Стрина Маловица од темницата наречува:
— Да биде жива и здрава, убава, умна, разумна како мајка и.
Таткото моли:
— И работна како мене.
— И работна како татко и Се јавува и Митра:
— Некој к’смет господ да и даде. Момче убаво да и навее; свекор и свекрва умни, разумни и живот со неј да си помине. Татко и мајка да слуша.
Доста упаѓа:
— И стрико, и стрина и сете роднини. Стрина Маловица повторува.
А Митра туку колне во себе и си вели во умот: „Не лежи, ѓаволе! Наречниците разбираат и шо мисли човек, не само шо зборуа, та една од виа мојте да го вати, не му треба повеќе. Па од толку една белки ќе запишат ако не сете?”
Стрина Маловица го завршува наречувањето:
— Слушајте, слушајте, татко и мајка и сете роднини. Пред господ ваа вечер е п’на трпеза, се одбор госје си има: од свети Петре и свети Илија до свети Панделија. Јадат и пиат госпоцки манџи, госпоцки пијачки. И на кое дете ваа вечер се наречува наредено е така господарцки да живее. Таа е судбата на новиот човек: Ќе расте и ќе порасте. Убава мома ќе стане. Умна, разумна ќе биде. Мајка и татко ќе слуша. На добро место ќе појде, попова онаа ќе стане, на младо ѓаче невеста. Од срце ќе се радуа со печес чеда шарени. Премрежје во живот ќе има на дваесет и осум години. Ако ми живо остане, доб’ка старост ќе вати од седумдесет години, — заврши бабата Маловица со наречувањето. а додека таа наречуваше другите само викаа „амин, амин, амин, боженце златен, така да биде”. Доста ги бришеше солзите и веруваше дека од устата на стрина Маловица господ зборува и сето си го претстави во нејзината бујна фантазија. Ја виде дуда, голема девојка станала, та дури и млада невеста, попова снаа.
Петлите на гредите долни крај запеаја, борината Илко ја запали и куќата светаа со двојна светлина за Доста. Таа го стисна девојчето на градите и така преседоа сите четворица до зора.
Се свршија и овие два адети. Сповојницата и наречниците поминаа, но откако ќе падне мракот, па се додека пропеат петлите, во огаништето уште гори опурчак од свинска кожа и страшно мириса.
— Така „вела”, кај шо има некрстена душа иде тој „натемаго” и носи секакви болеси, како за детето, така и за мајката, — велеше Митра кога Доста се пожали оти и смрди опурчакот. И тој е еден од адетите, та не може да се изостави ако се сака напредок. Затоа, некрстено дете не може да се држи од еднадве недели повеќе.
На неделата, или и пред недела, крштаваат сиромасите што не одат на пазар нарочно за крштевање ќe купат по некое бришалче од анот в село, ќе го внесат детето в црква и од црква — дома; бабата и нункото колку за адет ќе каснат и ќе си одат без голем калабалак и мастрав.
А Сукаловци? Како, ќе одат на пазар? Може ли така да помине Илко Сукала и тоа на староси прва рожба? Та, кој ќе чуе, како ќе рече? Стојо прави пет крштења и за сите беше на пазар, та сега за Илковото без пазар? Пази боже! И Стојо, стрикото, се нагрби да оди во Прилеп, пазар за крштење да прави.
Доста, по три дена од породувањето, стана, се поистресе од ѓубрето, се позачисти и почна по куќи да си работи. Куќата и светна. Таа му меси погача на Стоја, му напржи месо од крмнакот, му ја наполни залупката со месо и сирење, пагурчето со ракија, зоб за маските.
А колку за нарачувања, таа ништо не нарача. И, кога тој праша: „кажувајте жени, сега шо да донеса”, таа остави на Митра и на неговата чест. Рече само: „Да гледаш, да не арчиш ногу пари да не се пусти сермиа за едно маче”. Но ова го рече така, од скромност, колку нешто да рече, а понатаму продолжи: „Шо знам пак јас? Неоти вчера су кршчавала? Ете a сестрица Митра, ете те тебе, шо ќе ти вати умот, тоа земи. Вам баре, душко, ви е добро познато шо требе, што не требе. Сте поминале ногупати по тој ред. Да земиш некое бришалче за попот, та за нункото ќе бараме дар во Стоанкиниот ковчег. Бог да ми а прости, да и се миросани коски, оставила сиромашката и за стари, и за млади да се отстрамиме.
Митра виде оти и оваа грижа Доста и ја префрли нејзе и почна со нарачувањето:
— Ами, шо ќе земиш? — почна на високо да му вика на Стоја. — Санким сега ти е севте. Шо зимаше за нашите, ќе земиш и за воа, и воа е наше. Ќе земиш тричетири оки риби, сол, газер, шиќер, кродмид, ориз. Нешчо залажачки. Суо грозје, смокви земи некоа низалка. Гледај дарчињата да бидат поасолни, да не се страмиме. Да не земиш некој пачаври да не можа да се опула во луѓето.
И Стојо сета порачка си ја запиша во умот, оти писмо не знаеше. И се што му нарачаа донесе.
Koгa Митра направи забелешка дека Стојо не донесол поарни дарови, (а се знае: за да и угоди на мајката), Доста застана на негова страна:
— Арни се, арни сестрице Митро! Шо му е, ослепаго. На златни дарови маана му наоѓаш. Сега де! Требаше ќилими да донесе, куќата да а постиламе дека било кршчење! Убави се, убави, браче Стојо. Нека е жив човекот, та даровите — поарни здравје. He слушај а ти невестата Митра!
Митра го извади и другото заирје од торбите и виде оти Стојо ништо не заборавил, та дури донесол неколку лимуни и портокали.
— Знам оти невестата Доста е мајстор за готвење, та ако и требат ете, и тоа купи, — рече Стојо, правдајќи се за лимуните и портокалите.
Илко гледа и слуша што се зборува и најпосле и тој проговори:
— Се арно, брату, се добро. Да сме живи и здрави ние и дечињата. Нека е добра мисла и нека се живи пријатели. Грешено погодено, ќе ни прошчаваат. Толку ни стига чергата — толку ќе си и пушчиме нозите. Нека е аирлија саатот, се е убаво. Токо, ајде, ајде, жени, соберете торбите и дајте му на бацка Стоја нека си покасне, та нека си легне, оти — слушате? — петлите веќе зачестиа.
Стојо си покасна и си легла. Си легна и Илко, но Митра и Доста го развалија оганот и се дадоа на работа за крштењето.
Та утре е недела. Тие денеска намесија погачи. Го поканија нункото и попот, а Илко го закла и прасето и сега сето тоа требаше да се спреми. Да се истреби пченица и ориз и да се кладе месото да се вари.
* * *
Booking.com