Крушевица се наоѓа на северозападната страна на територијата на Општината Витолиште, во прилепскиот дел на Мариово. Селото е ридско, на надморска височина од 759 метри.
Од градот Прилеп населбата е оддалечена 26 км. Атарот е релативно голем и зафаќа простор од 27,6 км2. На него пасиштата заземаат површина од 1.316 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 1.190 ха, a на шумите само 28 ха. Селото има полјоделско – сточарска функција. Во него работи основно училиште до IV одделение, а има и земјоделска задруга. Поради емиграција на населението, Крушевица преминала од средна, во мала населба.
Број на жители по години:
Вкупно | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Останати | |
Крушевица 104) (-) 1948 | 555 | .. | .. | .. | .. | .. | .. | .. | .. |
Крушевица (Дуње) 1953 | 599 | 597 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | .. | 1 |
Крушевица (Мариово) 1961 | 637 | 633 | 0 | 0 | 0 | 0 | 4 | 0 | 0 |
Крушевица (Прилеп) 1971 | 595 | 593 | 0 | 0 | 0 | .. | 1 | .. | 1 |
Крушевица (Прилеп) 1981 | 284 | 283 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | .. | 1 |
Крушевица (Прилеп) 1991 | 146 | 146 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
Крушевица (Прилеп) 1994 | 117 | 117 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
Крушевица (Витолиште) 2002 | 87 | 87 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
Фуснота: Извор: Државен завод за статистика |
Литература:
1. „ЕНЦИКЛОПЕДИЈА НА СЕЛАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ ГЕОГРАФСКИ, ДЕМОГРАФСКИ, И АГРАРНИ ОБЕЛЕЖЈА
АВТОР: МИТКО ПАНОВ, Скопје, 1998
Фото галерија
Booking.com