Откријте го Мариово

Лаѓаре море бродаре,
од како петли пееја
колку ѓемии минаа,
дали не мина мој Стојан?

-Петкано бела вардарко,
од како петли пееја
триста ѓемии минаа,
во прва Стојан седеше,
на шарен кавал свиреше
ем во кавало зборваше:
-Петкано бела Петкано,
Петкано бела вардарко,
мажи се мори Петкано
јаска ќе одам туѓина,
туѓина пуста јабана;
пилиња одат па с’идат
јаска ќе одам не идам!
 .
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Ристе Ристевски, роден 1903 година во с. Старавина. Беше оженет и живееше во с. Груниште; тогаш (1953) имаше 50 години.
Вид на песна: печалбарска

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu