Легнала Милка заспала,
под ладна сенка маслинка,
задувал ветер од море
отчешнал гранка маслинка,
ја удрил Милка в сред гради.
Милка го луто колнеше:
– Ај дунал ветер не тинал,
зошто ме отсон разбуди!?
На сон си гледав три луди,
три луди млади палави;
прво ми даде јаболко,
второ ми даде прстенот,
трето ме на сон целива.
Тој што ми даде јаболко
зелен да биде довека,
тој што ми даде прстенот
низ него да се провира,
тој што ме насон целива
дај ми го боже на јавен,
со него да се ќердосам.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач: БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Неда Здравевска, родена 1910 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1953 година имаше 43 години.
Вид на песна: љубовна