Откријте го Мариово

Легнало е моме
на крај на ливада,
на зелена трева,
на момче колена.

Момче мома кара,
кара и и вели:
– Стани ми девојче,
овде не се лежи,
роса ќе зароси,
порој ќе дотече
нам ќе не однесе
во Солуна града.
Таму, сите велат,
голем џумбус има:
мама сина жени,
ем го преженува,
 со првата љубов,
со прва брачеда.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: љубовна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu