Легнало лудо заспало,
на сон му дојде девојче,
на гради му је легнало;
колку му куршум тежеше,
колку му жарче жежеше;
тргна се лудо разбуди,
ништо ми нема крај него:
– Ух леле боже до бога,
дај ми го боже на јаве!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач: БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: љубовна