Откријте го Мариово

Имаше једен човек једна ќерка и једен син. Коа се роди тоа дете машко, таа сестра му беше веќе голема. Таја сестра му чула, коа му нарекле наречници стреќа, касмет.

На тоа дете му нарекле: „Кога ќe се жени, да излези змија, да го клукни!” Кога нарасна детето, татко ји вели на ќерка си: „Ај, да те мажам, ќерко, а тога ќe го женим и брата ти”. Тија наречници виделе таја сестра му оти чула наречување, и си рекле нези: „Ако кажиш, ќe ослепејеш, а леко ти је од кај Сонце вода”. Татко ји викал: „Ќе те мажам”, a она неќела. И ја стегнал некоје време: „Оти не се мажиш? Да ми кажиш!” — „Ќе ти кажам”, рече, „татко, ама ќe ослепам”. — „А, ќe ослепиш!” ји рече татко ји. Му кажа и ослепе. — „И леко ми је, татко, од кај Сонце вода”.
Како ослепе чупава, а брат ќe ји оди кај Сонце по лек. Он одил три години. Кога одеше по пато, најде две змији заварени, јобете вака једна за друга залепени. „Кај ќe ојиш,  бре брате?” му викаја змијите. — „Кај Сонце по лек”. — „Прашај и за нас”, му рекоа. — „Ќе прашам”, рече и тргна. Кога одеше потаќи, најде једна река матна. „Кај ќe ојиш, бре брате?” го праша реката. — „Кај Сонце по лек”. — „Прашај и за мене, угу матна сум, до сеа не сум се избистрила”. — „Ќе го прашам”, рече и тргна па да оди.  Уште  потаќи најде једна круша. „Кај ќe ојиш, бре брате?” го праша круша. — „Кај Сонце по лек”. — „Прашај и за мене, угу цут цутам, род не раѓам!” — „Ќе прашам” рече и тргна.
Одил, одил, и напокон отиде кај Сонце. Се скри зад вратата кај мајка му на Сонце, оти да не ји изеди кога ќe си дојди гладно од работа. Си дојда Сонце и седна да јади, а пред него многу јадејне: три казани чорба и девет вурни леб! Што си седна Сонце и стана да јади, излезе мајка му, а Сонце ји рече: „Ами, мајко, ми мириса човечка мрша!” — „Нема, синко! Вечерај! Ако нешто има, после ќе ти кажам”. Кога се навечера Сонце, излезе оној човек и го праша за лековита вода. И му кажало Сонце, кај има лековита вода, и му дало за лек. „Идејиќум по пато, најдо две змији заварени; ами за ни лек?” го праша човеко. — „За ни лек? Откога ќе ји заминиш, ќe му ји кажиш: „Толку мина сте клукнале, уште једен да клукните, и ќe се одварите””, му рече Сонце. — „Идејиќум потаќи, најдо једна река матна; и она ме праша за лек, за да се избистри”, рекол човеко. — „За неја лек? Откога ќe ја прејдиш, да ји кажиш: „Толку мина си удавила, уште једен да удавиш, и ќe се избистриш””  му рече Сонце. — „Идејиќум уште потаќи, најдо једна круша, цут цути, род не раѓа; ами за неја лек?” го праша па човеко. — „За неја лек? Кога ќe појдиш кај крушата, да се качиш на неја; таја је дупена, во неја има једен тагарчик пари, да си ји земиш — отоа не раѓа таја”, му рече Сонце. — „Е, ќe си одам”, му вели човеко. — „Слушај, синко, кога ќe појодиш, ќe видиш, на једен рид ќe се вијат орли. А ти да појдиш, да видиш: што се вијат? И тамо ќe најдиш једни ајдути, се избиле сами, не можеле да си погодат парите. Ќе си земиш  пари  колку сакаш, и ќe си ојиш дома”.
Тоа му рече Сонце и му даде од лековита вода.
И тој човек си тргна надзад од кај Сонце да си иди. Кога наближил кај крушата, се качил на неја, извадил од дупка тагарчик пари и си продолжава по пат. Дојда кај матна  река. „Праша  за  мене, бре брате?” — „Чекај, да прејдам, ќe ти кажам”. Прејде матна река и ји кажа: „Толку мина си удавила, уште једен да удавиш, и ќe се избистриш”. — „Ах, како не беше поблиску!” се налути реката. И човеко си продолжава. Заминал кај змијите заварени. „Ами за нас лек?” — „Чекајте, да заминам, ќe ви кажам”. Ји замина и ји рече: „Толку мина сте клукнале, уште једен да клукните, и ќe се одварите”. — „Ах, како не беше поблиску!” писнале змијите. И он поодил. Видел једни орли кај што се вијат. Ошол тамо на ридо и видел некоји ајдути, се избиле сами, не можеле да си погодат парите. И човеко колку сакал талку пари зел.
И си дојде дома тој човек, и си донесе лековита вода од кај Сонце за сестра му од очи, и си донесе многу пари. Таја сестра му се измила со вода од кај Сонце, и ји се провидело. Тогај татко ји ја омажи ќерка си и го ожени сина си.

 

Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu