Лепката е повеќегодишна зељеста билка, кој има четириаглесто стебло.
Лисјата и се обратно лацентни, поставени во пршлени, од чии пазуви излегуваат цветовите во бела боја.
Лепката расте на влажни места, покрај ѕидови, огради, меѓи, патишта, напуштени места.
УПОТРЕБА:
За лек се користи исушен надземен дел, кој има горчлив вкус. во народната медицина се употребува како диуретик, за исфрлање на камен и песок од бубрезите и уринарните органи, при невритис, циститис, болести на цревата и желудникот, го зголемува апетитот и искористувањето на храната.
Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски
Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com