Леската е грмушка или дрво, високо до 5 метри.
Лисјата и се крупни и на врвот шилести, а на опачината влакнести. Цветовите на леската се во форма на пупки и реси. Плодот е лешник во тврда обвивка.
Леската расте на влажни места, покрај шуми и до 1700 метри надморска висина.
УПОТРЕБА:
За лек се употребуваат суви лисја, кора и плод.
Леската содржи танини, етерско масло, витамини и минерали. Чај од леска се употребува за лекување на зголемена простата, за подобра циркулација на крвта во вените, за проширени вени, хемороиди, против проливи, за рани за еритроцијаноза и друго.
Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски
Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com