Откријте го Мариово

Летна Чона, летна,
од Гарванска Стена,
од голема нива,
од бела пченица,
од Белица река,
Трајка да го бара:

– Леле Трајко, леле,
леле прво либе,
каде да те видам,
 нешто да ти кажам,
раце да ти дадам,
писана кошула,
везана саѓија,
става да прегрнам,
лице да целивам,
очи да ти зобам.

.

Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Неда Здравевска, родена 1910 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1953 година имаше 43 години.
Вид на песна: пролетна (извикана)

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu