Летнала е ѕвезда
преку Нико Поле,
преку сињо море,
за мајка си да припита:
-Варај мајко, стара мајко,
ме сакајат до две моми,
едната е сиромашка,
другата е богаташка.
Малце си го покарала,
многу си го поучила:
-Варај синко, мили синко,
убавина за година,
богатина жив живота!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач: БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Доќа Марчевска, родена 1908 година во с. Груниште, омажена во селото;а 1954 имаше 46 години.
Вид на песна: семејна