Љубила Каља мамила
арамискиот војвода,
дури го дома донесла
таткови темни земници,
мајкини меки постели.
Војвода веле говоре:
– Пулиш ли, Каљо, гледаш ли,
кај што се темни темнини,
кај што се магли правови,
тамо се мојте дружини,
дружини црни арапи,
тамо Каљо ќе те носам,
да не се Каљо уплашиш,
кога реки ќе дотечат матни,
Каљо, дур крвави!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач: БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Доќа Марчевска, родена 1908 година во с. Груниште, омажена во селото;а 1954 имаше 46 години.
Вид на песна: арамиска