Откријте го Мариово

Љубо љуба во селото
тука близу во малото,
што му давам и ми дава,
што му сакам не ми дава.

Дај кутија – сокршија,
дај чешело – загуби го,
дај шеќеро – изеди го.
Угу еднаш на чешмата,
тогај беше наврапито,
малку време постојавме,
од ка угре летно с’нце,
од ка угре дур да зајде,
подвивката бас ватила,
ај стомната ластар пушти!
 .
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Доќа Марчевска, родена 1908 година во с. Груниште, омажена во селото;а 1954 имаше 46 години.
Вид на песна: љубовна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu