ЛОВЕЦ И ОРАЧ – ЛОВЕЧКА ПРИКАЗНА — ВИСТИНСКА ВИСТИНА – лаги, смешки, хумор од Мариово

Booking.com

Тргна Дарко наш со својата Лиса на лов, и таман зад село го настигна својот комшија

 Ѓура со запрегнати волови во јаремот и магарето натоварено семе.

—           Добро утро, комшија, — го поздрави

Дарко Ѓура и му рече по обичајот — „со здравје”.

—           Добро утро, комшија, и ти со здравје,

—           му одговори Ѓуро.

„Да ти се исуши устата”, си помисли Дарко во себе и сакаше да се врати. Кај ќе одеше понатака кога Ѓуро му рече „со здравје”? Тоа е најголем баксузлак да му речеш на ловец „со здравје”. Но се предомисли. „Нека дрдори, толку го фаќа умот. Старо Maгape и уште не ги знае адетите. Затоа белким нема да се налути свети Игнатија и белким ќе оддели барем некој зајак за денеска.”

—           Каде вака со Лиса? — го праша Гуро Дарка колку да има што да проговори.

—           Како што гледаш, на лов, по касмет,

—           му одговори Дарко и си мрмна за себе „зар слеп си, не гледаш”. И да му го врати прашањето и тој го праша:

—           Ами ти каде, комши, со сивчевци?

—           На орање, како што гледаш, — му одговори и Гуро, и тој си мрмна за себе: „Зар ќор си, со спрегнати волови и товар семе, кај се оди на друго место, ако не на орање?”

—           Ех, и тоа е троа работа, — иронично потфрли Дарко и почна да размислува во себе.

„Види го будала — истеран. Собрал два вола, магаре, и тој четворица ќе запињаат денеска и ќе чекаат цела година да никне и да порасне да соберат некој кутел жито. A јас ќе си прејдам во растон, ќе ми ја истера Лиса лисичката, ќе и го навртам чифтево — бууум, и еве ми триесет банки за три товари пченица, таман колку што треба Ѓypo цела година да запиња и да се калнави во угарта сосем волови”.

Арно ама, свети Игнатија беше го чул Ѓypa оти му рече на Дарка „со здравје”, та цел ден Лиса тера и лисици, и зајаци, ама ниеден не дојде пред чифтето на Дарка ни вечера да зготви, та остави три кила жито да купи.

На враќање, како за инает, пак го настигна Ѓypa од орање со воловите и магарето. И наместо да го поздрави како одутрина, тој уште од далеку го нападна со безброј непристојни зборови, што му рече ,,со здравје”. Ѓуро се извинува дека не го знаел тој адет, ама Дарко наочи го измагариса: „Старо Maгape и не си го знаел ловџискиот адет. Тогаш што тикви знаеш?”.

Ѓypo не му остана должен на навредата, та уште невлезени в село, страшно се искараа и изгалатија. И од тој ден немаше случај да се сретнат, а да не се сќорлат или споречкаат било зошто, a особено зимно време кога паѓаше снег.

Бидејќи беа толку блиски комшии што можеа да се слушаат преку плетот, Дарко цела зима го дразнеше Ѓypa. Штом ќе паднеше голем снег, тој се развикуваше колку може и не може да го слушне Ѓуро:

—           Жено, мори! Нарани го загарот да прејдам да отепам два три пет шест зајаци да се накркаме вечер. Нека му мисли комшијата на овците, — запињаше еден глагол по адреса на Ѓуровица.

Ѓуро, којшто имаше и стотина овци покрај воловите и другиот добиток, трчаше да однесе сено, слама, зоб и леб на овчарите и вриеше од лутина на Дарковите пцости.

Најпосле си отиде зимата, а на неа и снегот, та Лиса од Дарка не можеше без снег да ги наоѓа зајаците, а лисиците почнаа да се кубат, та нивните кожи не чинеа сега ни три банки. A Ѓуро извади стотина јагниња, та почна пак тој да и вика сега на жена си, како Дарко што и викаше зимоска на неговата:

—           Жено мори, исплакни ги ведрата да намолзам млеко да се насркаме. Нека им ги јаде комшијата главите на неговите загари кога нема зајаци да тепа, — и со особен тон го нагласуваше оној исти глагол по адреса на Дарковица, како зимоска Дарко на Гуровица.

 

Преземено од: Раскази I том, СОБРАНИ ДЕЛА

Автор: СТАЛЕ ПОПОВ

Уредник: ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ

Редактор: ДИМИТАР МИТРЕВ

НИК „НАША КНИГА’ СКОПЈЕ, 1976

Booking.com