Учесници: Група на деца или младинци.
Материјал: За секој учесник по една прачка (дренова или врбова).
Опис на играта: На определена линија сите учесници клекнуваат и одлево надесно еден пo еден искуцуваат со своите прачки. Оној учесник кој најмалку ќе искуца губи и ги собира сите прачки. Својата прачка на растојание од неколку чекори ја положува, а останатите, од истата лииија од каде ги искуцуваа своите прачки, се обидуваат секој со својата прачка пo истиот ред (одлево кон десно) да искуцаат па и да ја погодат (зафатат) положената прачка. Од кога сите учесници ќе искуцаат, тогаш прачката што е положена нејзиниот сопственик ја поместува на најоддалечената точка што некој од играчите ја постигнал со својата прачка. Играчот кој прв изгубил ја положува својата прачка се додека не биде промашена неговата прачка од сите играчи. Кога тоа ќе се случи, тогаш ги зема сите прачки и искуцувајќи пo ред (кој како излегувал-промашувал) се обидува, макар само со една прачка да ја зафати својата прачка. Ако не успее ниту со една, тогаш продолжува пак тој со својата прачка да “лежи”, а ако успее, тогаш “лежи” оној играч со чија прачка последно е зафатена положената прачка.
Ако некој играч повеќе пати “лежел”, и откаже од патамошпо играње, тогаш останатите во хор извикуваат “Неотцедено цедило”.
Оваа игра има натпреварувачки карактер. Co нea се настојува да се задоволи мотивот на истакнување, но се развиваат и социјалните односи и толерантноста на фрустрации. Покрај тоа со оваа игра се подобрува координацијата помеѓу окото и раката како и перцепирањето и оценувањето на просторната оддалеченост.
Преземено од:
„ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ ИГРИ НА ДЕЦАТА ВО МАРИОВО“
Автори: Стојан Ѓуровски, Прилеп
Стојан Дарковски, Скопје
Ристо Сукаровски, Битола
„Фолклорот и етнологијата во Мариово и Меглен“ – Зборник на трудови издаден 1994г
Booking.com