Откријте го Мариово

Лудо младо низ дрењето шета,
мало моме од спротива вика:
– Лудо младо, ела близу мене,

да се двата тивко запрашаме.
Дали мислат тебе да те женат?
Ако мислат тебе да те женат,
мајка мисли мене да ме мажи,
ајде двата да се удомиме!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Неда Здравевска, родена 1910 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1953 година имаше 43 години.
Вид на песна: љубовна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu