МАГАРЕШКИ ТРН – ONOPORDON ACANTHIUM

Booking.com

Магарешкиот трн е двегодишна билка, која има разгрането стебло, обраснато со трње и е високо до 1,5 метар.

Лисјата и се долгунести и на врвот со боцки. Цветовите се во форма на црвени соцветија на врвот на гранките.
Магарешкиот трн расте како плевел во напуштени места, покрај патишта и ниви и до 2 000 метри надморска висина.

magareski-trn

УПОТРЕБА:
За лек се користи горниот дел на билката, цветовите и лисјата. во народната медицина се употребува како диуретик при болести на бубрезите и мочните патишта, цистит, уретит, потоа ја подобрува функцијата на жолчката и црниот дроб, и ги зајакнува жлездите. исто така, магарешкиот трн се употребува за болести во цревата и стомакот, за рани што тешко зараснуваат, рак на кожа, за прочистување на крвта и против маснотии во крвта.

magareski-trn-01

magareski-trn-02

 

Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски

Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com

lekoviti-rastenija-kniga

Booking.com