Магдоносот е двегодишно зељесто растение со вретенест и меснат корен и со разгрането стебло, високо до 50 см.
Лисјата се длабоко засечени и имаат темнозелена боја. Цветовите се ситни и имаат зелена боја и се наоѓаат на врвот на гранките.
Магдоносот расте како самоник или се одгледува како градинарска култура.
УПОТРЕБА:
За лек се користи коренот, листот и плодовите.
Магдоносот се употребува како диуретик при хронични заболувања на уринарните органи, за зголемено исфрлање на урината, како и при болки во стомакот и болки при менструација. Магдоносот не смее да се употребува во поголеми дози, бидејќи може да предизвика надразнување на бубрезите, крварење од внатрешните органи и абортус кај бремени жени. Магдоносот содржи витамин Ц и се користи како добар зачин.
Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски
Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com