Откријте го Мариово
МАЈЧИНА ДУШИЦА – THYMUS SERPYLLUM (ТИМИЈАН, МАТЕРКА)

Мајчината душица е повеќегодишно растение кое расте на сончеви падини, и е висока до 20 см,  и има мали ливчиња и цветови.

Цвета во љубичесто плавкаста до бела боја и има многу пријатна миризба. Мајчината душица се собира во време на цветење, по сончево и топло време.

majcina-dusica

УПОТРЕБА:
Мајчината душица може да се користи во форма на чај, сок и масло.
Маслото од мајчина душица е корисно кај мултиплаксклероза, реума, набиеници и опекотини на телото парализа и мозочен удар.
Чај или сируп се користат против бронхитис. Пневмонија, ларингит, кашлица, против цревни заболувања, дијареја, за подобрување на апетитот, за жолчка и црн дроб.
Мајчината душица има антибактериско дејство и се препорачува да се пие во зимскиот период, против инфекции на дишните патишта.
Мајчината душица се препорачува како лек против парализа, нервни болести, епилепсија, алкохолизам, слабокрвност, бледило, зајакнување на нервите, грчави во стомакот, матката, ревматизам и менструални тегоби.
Мајчината душица може да се користи како добар зачин.

 

Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски

Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com

lekoviti-rastenija-kniga

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu