Мајка Божја и Маријовци – предание

Booking.com

Во тоа време, кога је Бог по третијо пат прероден, имаше некоја скупчина во некој град. Одиле целијо народ тамо.

Одиле и дедо му на Исуса и мајка му. И таја мајка му била тешка превремено. Се стемнило, и тије отидоа в’ овчарско место, во једна пештерја. Тамо лежале и овчарите. Вечерта се родило детето Исус Ристос. Виделе овчарите, оти паднала дзвезда од небето, и си ошле да видат: што је, што има, што нема? Отиде и једнијо овчар Маријовец и, оти беше много студ, зимно време, го подарил детето ракаво од сакмата. И го благосови мајка му: „Да врни и да грми, студ да не знајиш!” Отиде и другијо овчар Маријовец. Тој му ја даде једна цуцулка од сакмата. И го благосови и него Мајка Божја: „Да врни и да грми, студ да не знајиш!”
Од тоа време, од кога се родил Исус, излегол и огно, од таја дзвезда што паѓала од небето кај пештерја овчарска. Прејди Ристос немало оган на Земја. Бог така му рекол! И тогај народ живејал; ами без оган многу се мачил. Кога паднала дзвезда, тога се запалило оган, да го има на Земја. По таја светлина од огно овчарите ја и нашле пештерја. И тоа било арно за овчарите; да не му ји студи, му дал Господ.

Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

 

Booking.com