Маково (Makovo) село во Битолско Мариово

Booking.com
Маково се наоѓа на крајниот дел на Битолското Поле, лоцирана, речиси на сртот на Селечка Планина, а во рамките на територијата на Општината Новаци.

Селото е ридско, на надморска височина од 700 метри. До него денес е изграден добар асфалтен пат, а од градот Битола селото е оддалечено 29 км. Атарот зафаќа простор од 26,5 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1.409 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 954 ха, а на шумите 185 ха. Селото има полјоделско – сточарска функција. Маково било средно по големина село, но по пат на емиграција преминало во мала населба. Храмот Собор на Св. Архангел Михаил е изграден во 1860 год.

 

Вкупно

Македонци

Албанци

Турци

Роми

Власи

Срби

Бошњаци

Останати

Маково (-) 1948

409

..

..

..

..

..

..

..

..

Маково (Маково) 1953

455

455

0

0

0

0

0

0

0

Маково (Мариово) 1961

515

515

0

0

0

0

0

0

0

Маково (Битола) 1971

390

389

0

0

0

..

0

..

1

Маково (Битола) 1981

319

316

1

0

0

0

1

..

1

Маково (Битола) 1991

114

114

0

0

0

0

0

0

0

Маково (Битола) 1994

98

98

0

0

0

0

0

0

0

Маково (Старавина) 2002

71

71

0

0

0

0

0

0

0

Фуснота: 
Извор: Државен завод за статистика

Литература:
1. „ЕНЦИКЛОПЕДИЈА НА СЕЛАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“  ГЕОГРАФСКИ, ДЕМОГРАФСКИ, И АГРАРНИ ОБЕЛЕЖЈА
АВТОР: МИТКО ПАНОВ,  Скопје, 1998
Booking.com