Откријте го Мариово

Малечок Ѓорѓи грозничав,
мајка му вели говори:
-Оди си Ѓорѓи в планина,
нека те мечка изеде!

Отиде Ѓорѓи в планина,
не ми го мечка изела;
нашол си Ѓорѓи дружина
дружина д’оде во Влашко.
Мајка му вели говори:
-He оди Ѓорги во Влашко
широки се полињата
даблки се морињата!
Ѓорѓи си мајка не слуша
отиде Ѓорѓи во Влашко.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Доќа Марчевска, родена 1908 година во с. Груниште, омажена во селото;а 1954 имаше 46 години.
Вид на песна: печалбарска

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu