Малината е трајна грмушка, која има високо стебло до 2 метри.
Стеблото и гранките се обрасната со мали трње. Листовите и се срцести и на лице се зелени, а на другата страна светло зелени и обраснати со влакненца. Цветовите имаат бела боја, а плодовите се вкусни и ароматични малинки со црвена боја.
УПОТРЕБА:
За лек се користат исушени лисја и плодовите.
Малината содржи органски материи, витамин Ц, провитамин а, танини, слузи, етерско масло и друго.
во народната медицина и во фитотерапијата се употребуваат во вид на чај против настинка, грип, го зголемува потењето и ја намалува температурата, против дијареја, цревни заболувања, бактерија во стомак, болести на бубрезите и мочниот меур, против разни болки кај бремени жени и го олеснува породувањето.
Малината е добра и при опстипација (запек) и е богат извор на витамини и минерали, а го освежува и организмот.
Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски
Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com