Откријте го Мариово

Мало моме цвеќе брало,
кај што брало запалало;
ми удрило на овчари,
на овчари беглинички.
Меѓу двајца ноќевало,
меѓу Дима меѓу Пеја.

Ко станале утро застро,
димна гора повенала,
зелен јавор се исушил.
-Mope моме, мало моме,
дали имаш нешто рода?
-Имам, имам, како немам,
имам брата дели Димо,
имам брачет челен Пејо!
-Дали имат нешто нишан?
-Имат, имат, како немат,
на нозете шесто прсто
на перчето жолт карагрош!
Како ми се прегрнале,
така и ми и умреле.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Стоја Ристевска, родена 1898 година во с. Груниште, а тука била и омажена; во 1954 година имаше 56 години.
Вид на песна: овчарска

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu