Манастирот Св. Пантелејмон е сместен на една од најубавите панорамски локации во Мариово, на врвот Панделе во близина на село Полчиште.
До манастирот се стигнува пеш или со теренско возило по стрмен кривулест пат од страна на село Полчиште.
Уште од средината на 19 век на ова место постоел храм посветен на Св. Пантелејмон, кој бил дрвена градба, па така во триесетите години на 20 век локалното население започнало со градба на нов храм, од цврст материјал со поголеми димензии.
Стариот дрвен храм со текот на времето се распаднал, но на истата локација во 1985 година е изградена помала црквичка со скромни димензии.
Слава на манастирот е празникот Св. Вмч. Пантелејмон, (9 август), кој на некој начин е продолжение на прославата на Св. Петка во истоимениот манастир во атарот на село Бешиште (8 август), од каде голем број на верници се упатуваат кон врвот Панделе.
Фото галерија (Фотографии – OFF ROAD Macedonia)
Booking.com