Се враќал Манго од питање и патот го донесол преку планина. Одејќи патем, кога гледа на сред пат се испружила една в’чина како бивол та цељот пат го запречил.
Гледа Манго леводесно, горедолу, нема каде да помине. Напна да вика:
Усусу, бусусу, а бре, де бре. He мрда ич, лежи ли, лежи.
Троа по троа, му се приближи, ама срцето му куца како на заек. Кога дојде толку близу да нема кај да се помине, виде да је в’кот умрен.
Охохо си вели Манго. Еве ми в’чка кожа, цело зимо да си ја постелам. И му дојде до него. Клоцни го ваки, клоцни го наки, потпуно се увери да је умрен. Ранет бил од некој ловачи и за к’сметот на Манго, баш на патот пцовисал.
Си го извади Манго ножот, го одра в’кот и си ја крена кожата на рамо та дури дома.
За час се прочу оти Манго донесол в’чка кожа и се собраја пријатели и роднина да го прашајат како го ватил тој в’к кога нема ни пушка ни пиштол.
Манго се раскокорил и лаже, а на тија што слушајат косата му се дига од главата.
Кога беф вели Манго на сред планина, ми се загна овој волкот и сакаше да ме изеди. Ама јас, дури трчаше кај мене, го остави тагариикот и му застана на место кај што беф. Таман се фрли на мене со отворена уста, јас му ја фукнаф раката во грлото, за грклан и едно оптегнување, му го извадиф џигерите надвор, и умре на место. Си го одраф и, како што гледате, имам кожа цело зимо да ми топлит ребрата.
Леле, леле повикаја ѓупките одоколу, а ѓупците и пријатељите на Манго почнаја да се чудат.
Алаф да му је млекото од мајкаму. Mope јунак човек, беее. Аферим, бре Манго. Блазе таја мајка што те роди и оште колку други фалби му тратија.
Арно, ама ѓупката на Манго никако не верува.
Има овде некој ѓавол вели она. Го познава оти неје толку јунак, ами пак си вели: Што знаиш, ѓаволот ни ора ни копа. He је чудно, може и да биди.
Нашијот јунак Манго го страеше да излези сам на прошетка по надвор од ка ќе падни мракот. И оваја вечер како секоја и вели на мајсторицата:
Ајде, мори жено, да излезиме по надвор.
Ајде Манго вели она. И излегоа обата.
Како беше небото јасно, месечината полна, греји дури лаји, наш Манго, од ка сврши работа, се исправи, врла шалварите и се запули во месечината. Се сети за јунакството што го налага денеска и, да се направи оште по јунак пред жената, со голем глас викна да можи да го чује она:
Еее, мори месечиноооо,што си за коњи крадење и моми грабење. Ѓупката го чу од кај што стојеше, и му викна по на ниско. Ооох, дури ти.
Манго рипна од местото као попарен и почна да трча кај мајсторицата.
Три?! Дека се три, мори жено и тој час се најде зад неја. Мајсторицата виде дека Манго се плаши од нешто и и текна оти од в’ците, па му вели:
Ене, и одозгора браќаму на овој денеска ти што си го отепал каде идајат и тебе те барајат. Крв за крв, токо, што ќе правиш, слепелнику?
Манго се врти зад жена и ја моли:
Кажи му мориии, кажи му, умрен го најдоф. Некој ловец го ранил и беше умрел на сред пат во планината. Речи му да не речиш. Боже поможи, речи му и уште малку да не и беја вржани шалварите на мајсторицата ќеше да се пикне во неј само да не го најдат браќаму на денешнијот в’к.
Мајсторицата ја разбра работата каква је и се запна да вика ојте барајте го ловџијата што го отепал брата ви.
Манго се ослободи, под рака со жената та дури под шатор одека ја исфрли кожата надвор, а мајсторицата си ја прибра и си направи кожувче да не и студи грбот преку зимо.
Ете така нашите велајат: „Валба је краста, кој што се вали не пали, на валбата нозите и се куси, a со валба човек највеќе може да се посрамоти.”
Извор: Книга – Народни Умотворби
Автор: Стале Попов
Booking.com