Мара ми е во колото,
за вода е жедна;
оздол иде млади Јован,
в уста вода носе.
– Нати, нати, руса Маро,
вода да снапиеш!
Врзете и една квачка
саноќ да ја лачка;
врзете и едно еже
саноќ да ја боцка.
Мара ми е стопен шеќер
секој ми го јаде,
Анѓа ми е сношно зеље
никој не го јаде!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач: БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Неда Здравевска, родена 1910 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1953 година имаше 43 години.
Вид на песна: хумористична