ПРИНЦЕЗАТА МАРИЈА ВО МАРИОВО – предание за настанок на името

Booking.com

Марија била некоја принцеза. Србите викаа дека била ќерка на некој српски велможа, или кнез, или не знам шо бил. Исто и Бугарите.

И тие кажуваа оти таа била ќерка на бугарски велможа или кнез, или шо било тамо. Била убавица ногу. И како убавица ja зеле, ja заробиле, ja купиле. Toгај се купуале луѓето као стоката и ja однесле во Цариград. Му се допаднала на царот, ja купил царот од татко и. Таа била ногу интелигентна убавица. Можела чисто да го совлада царот. Царот во неа онака многу, многу нешто гледал, имала интелигенција, била учена тоа време.

 

Коа дошла веќе во стари, во постари годиње, веќе поминало она младинското време побарала од царот, некако сама си замислила, премислила: „Сакам jac да се вратам, сакам jac да се вратам пак во својата религија, во својата вера.” Царот толку шо ja засакал неа и рекол:

– Шо сакаш тоа ке ти одбера!

И тaja помислила да и даде едно место каде ќе го сврши тамо животот, да биде тоа определено место един вид као свој, нејзин имот. И царот и одобрил, рекол:

– Одбери место, кaj сакаш тамо ќе ти дам.

И ja пушта тој. И дава охрана, војска шо ќе ja прати неа, послуга. Као царска жена. Иде тaja со тaja охраната во манастиро Трескавец, над Прилеп.

Иде тамо и оде кaj игумено старешината на манастирот да се исповеде, да и прости оние гревови, од тоа што станала турска жена, па сеа сака да се врати во христијанството, да ја пречиста и као рисјанка да умре. Oној старешината не бил толку да имал точно разбирање. И рекол:

– За тебе нема опроштење, не мож да те опроста.

И таја тогај, бидејќум била интелигентна, била доста онака писмена во тоа време, начитана и точно простудирала ова рисјанската религија и гледа она да има право тоа да го бара и старешината е должен да и го одобре според оние каноните, црквените канони, шо и викаа, шо постојат. И затоа таја толку се налутила шо заповедала сите, се шо има во овој манастир да се побие, да се истепа. Онаа охраната, војската шо била тамо, шо ja праќале се исклале, се потепале – ништо друго, се запустил манастирот.

И никој не се прибира до манастирот, да дое да види, шо е, како е? Некогаш грмнело го трештило манастирот. Било загрмело, ровја паднала баш стреде во црквата, покривот на црквата го пробушил. А во црквата имало многу мртви.

Heкој овчар постелено почнал да се ближи, постелено до манастиро, за да и напасе овците, ништо таму нема – пустелија. Денеска поблизу, утре поблизу, ама пците пред овците влегле тамо во манастирот, но коа излегле сите крваи во устата: „Мајката, што е ова сега?” Така денеска, така утре. Тие оделе и ги јаделе мршите.

Црквата пробушена, рушена озгора од poвja, од шо ja трештило и затоа се нарекол манастирот Трескавец.

Марија коа овде не ja признале, бара место каде што султано да и препише ферман. И она тамо – вамо, се загледала вамо на Селешка Планина го гледа Мариово. И тогај си мислела: „Во оваа пустелија, jac туа ке останам, туа ке го сврша животот, кpajoт на животот!” И праќа до царо, му кажува едно – друго, шо е, како е. Се населува во селото Витолишта. Царот ферман и дава, ете тоа место, тоа и тоа, тоа и тоа и припаѓа на Maрија. И останува Марија тука, а Мариово станува као една автономија на Марија. Марија и од Марија остана Мариово. А пак Марија го подигнува манастирот Чебрен. Така имам слушано, а црквата била подигната од порано, кузнај од кога.

Србите викаа да била таа принцеза на кнез Лазар. Бугарите викаа на некој Лекој. Ама jac ќе ти кажа онака документовано чија ќерка е таа. Марија била од Прилеп, или од Варош, или од селата туа, околу Варош. Ако би била овај принцезата на кнез Лазар, или тамо не знам на кој бугарски цар, или велможа шо бил, таа не би останала овде во Прилеп да се задржи. Таа е од Варош, или од околината на Варош, дури некои кажваа да била од Ропотово. (оној шо ми ja кажа оваа легенда рекол од Ропотово била – убавица шо ja нема никаде). Затоа туа во стари години таа се вратила тука на своето родно место.

 

 

ИНСТИТУТ ЗА ФОЛКЛОР „МАРКО ЦЕПЕНКОВ” – СКОШЕ

МАКЕДОНСКО НАРОДНО ТВОРЕШТВО

НАРОДНИ ПРЕДАНША

КНИГА 1

МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПРЕДАНијаА

Подготвил ТАНАС ВРАЖИНОВСКИ

СКОШЕ – 1986

Booking.com