Itar Pejo – МАРИОВЦИ – КРШОБОРЦИ – лаги, смешки, хумор од Мариово

Booking.com
МАРИОВЦИ – КРШОБОРЦИ
Тргнал Пејо со група свои селани в планина за борина. Арно ама, никој не понесол секира. И кога дошле во планината и ги побарале секирите да сечат, сите почнале да се жалат. Но тука бил Пејо да ја нареди работата и почнал да ги советува:
– Знаете што, браќа. Еве што ми текна мене: јас ќе се качам на боров и ќе го фатам за врв, а вие фаќајте се еден за друг за нозе, првиот за моиве, се разбира. Од нашата тежина борот ќе се искорне и ние ќе си го однесеме дома, цел и ќе си го поделиме. Лошо ли ви викам?
Се качил Пејо на борот и ги фатил за врв. За неговите нозе се фатил еден од селаните, за него друг, за овој трет и така редум до последниот. Борот го иоднаведнал врвот. но далеку бил од корнење.
Тогаш Пејо привикнал одозгора:
– Држете се. браќа, добро да си илукнам на рацете да земеме троа сила – и го пуштил врвот, та сите селани се нашле на земја еден врз друг. Пејо паднал врз селаните, кои мошне се испребиле. Некој скршил нога, друг рака, а еден – и ребрата и почнал веќе да умира, а Пејо го теши:
– Што се смееш, пријателе? И јас си го удрив коленцето – и станал та си отишол дома да им раскаже на жените како се бере борина без секири.

Тргнал Пејо со група свои селани в планина за борина. Арно ама, никој не понесол секира. И кога дошле во планината и ги побарале секирите да сечат, сите почнале да се жалат.

Но тука бил Пејо да ја нареди работата и почнал да ги советува:

– Знаете што, браќа. Еве што ми текна мене: јас ќе се качам на боров и ќе го фатам за врв, а вие фаќајте се еден за друг за нозе, првиот за моиве, се разбира.

itar-pejo-mariovo

Од нашата тежина борот ќе се искорне и ние ќе си го однесеме дома, цел и ќе си го поделиме. Лошо ли ви викам?

Се качил Пејо на борот и ги фатил за врв. За неговите нозе се фатил еден од селаните, за него друг, за овој трет и така редум до последниот.

Борот го иоднаведнал врвот. но далеку бил од корнење.

Тогаш Пејо привикнал одозгора:

– Држете се. браќа, добро да си илукнам на рацете да земеме троа сила – и го пуштил врвот, та сите селани се нашле на земја еден врз друг.

Пејо паднал врз селаните, кои мошне се испребиле.

Некој скршил нога, друг рака, а еден – и ребрата и почнал веќе да умира, а Пејо го теши:

– Што се смееш, пријателе? И јас си го удрив коленцето

– и станал та си отишол дома да им раскаже на жените како се бере борина без секири.

Booking.com