Градешница (Gradesnica) Мариово – родното село на Итар Пејо

Booking.com

Селото Градешница, родното место на Итар Пејо е лоцирано по течението на Градешка река, чија што природна убавина го разубавува погледот кон селото кога се пристапува до него.

Градешница е ридско село и лежи на надморска височина 800 метри на 52 км од Битола.

Поглед кон село Градешница, Мариово

Поглед кон Долно маало, село Градешница, Мариово

Не се знае кога точно настанало селото, но според археолошките наоди може да се утврди дека на ова место постоел континуитет на живеење дури од праисторија. Доказ за ова е керамиката декорирана со спирали вградена во црквата Св. Ѓорѓи, во горниот дел на селото.

Керамика декорирана со спирали вградена во црквата Св. Ѓорѓи, во горниот дел на село Градешница
Керамика декорирана со спирали вградена во црквата Св. Ѓорѓи, во горниот дел на село Градешница

 

Она што малку луѓе го знаат е тоа дека во ова село во 1952 г е пронајден и заб од Мастодонт, еден од деветте примероци од Мастодонт пронајдени во Македонија, кој денес се чува во Природниот музеј во Белград.

Селото го слави празникот Св. Илија – Илинден, кога во манастирот во близина на селото се собираат голем број на иселеници и жители од другите мариовски села.

Манастир Св. Илија (Брен), село Градешница
Манастир Св. Илија (Брен), село Градешница

Црква Св. Димитрија, с. Градешница

Црквата Св. Димитрија во село Градешница е една од најстарите во битолскиот регион. Потекнува од ХVI век и е градена од камен и малтер, а покривот од камени плочи.
Во внатрешноста на црквата олтарниот дел е разделен со ѕидан иконостас, што преставува вистинска реткост.
За време Првата светска војна, преку покривот во црквата паднала артилериска граната, но не експлодирала.

Црква Св. Димитрија, с. Градешница

Црква Св. Димитрија, с. Градешница

Етнолошки музеј, с. Градешница

Етно музејот во с. Градешница постои од 2 Август 2009 г и е една од локациите кои не смеат да се пропуштат при посетата на Мариово.
Музејот претставува прекрасна збирка на етно елементи од живеењето и културата на населението, како и остатоци од оружје и предмети користени во војните. Музејот е отворен во месеците од мај до ноември.

Етнолошки музеј, с. Градешница

Етнолошки музеј, с. Градешница

Музејот работи од мај до ноември и посети се можни само со претходна најава:

Контакт информации:
Katerina Mavrovska  /  + 389 70 623 268   /  kmavrovska@yahoo.com

Црква Св. Никола

Во центарот на село Градешница се наоѓа црквата Св. Никола, која е најголема од седумте цркви кои се наоѓаат во ова село.

Црква Св. Никола

Село Градешница е познато како село со богата Христијанска традиција и во деветнаесетиот век, особено во втората половина, кога се изградија и обновија многу цркви во Република Македонија, започнаа работите и за реконструкција на црквата Св. Никола.

Над влезот во црквата стои дека истата е обновена во 1863 г, но од кога истата постои и дали на тоа место постоела друга помала црква, сеуште не е познато.

За време на Првата Светска Војна, црквата ја претрпела судбината како и на сите останати куќи во селото, кога материјалот од истата, бил употребен како потпорен материјал во рововите.

Црквата Св. Никола за време на Првата светска војна
Црквата Св. Никола за време на Првата светска војна

 

Црквата била поправена во 1923 година и фреските биле обновени во 1927 година од страна на Коста Николиќ со неговите синови Јаким и Теодосија, по потекло од Лазарополе. Црквата била осветена истата година од Јосиф – Митрополит од Битола.
Неодамна, покривот и тремот на црквата се обновени од страна на месното население.

Остатоци од Стара Римска Вила – црква Св. Андонија

Постоењето на Римската тврдина Пешта, како доминантна стратешка позиција во овој регион, резултирало со изградба на резиденцијални вили во село Градешница, во близина на денешниот т.н. „Темнички Вир“.
Според Д-р Бранислав Ристевски од Институтот за Старословенска Култура во Прилеп, на местото на денешните цркви Св. Андонија, Св. Ѓорѓи и Св. Спас, постоел комплекс на римски вили во периодот од средината на II до крајот на III век. Ова било откриено во склоп на опсежните археолошки истражувања, изведени во периодот од 1990 до 1998.
Делот кој се наоѓал на местото во близина на денешната црква Св. Андонија имал резиденцијален карактер и бил наменет за уживање, делот на местото на црквата Св. Спас (над Темничкиот Вир) имал производен карактер и во вдлабените делови од карпите кои јасно се гледаат и денес се произведувало вино. На местото на црквата Св. Ѓорѓи постоеле резиденцијални и производни простории.
Покасно во IV век, вилата која се наоѓала на местото на црквата Св. Андонија, била трансформирана во ранохристијанска црква, остатоци од која можат да се забележат и денес. Постоечката црква Св. Андонија е изградена во осумдесеттите години на минатиот век.

Црква Св. Андонија

Црква Св. Андонија

 

Може да се каже дека природата била навистина дарежлива во ова мариовско село, кое со својата еколошки чиста околина надалеку е познато
по производите како што се Мариовското јагне, Биеното сирење и Мариовскиот мед.

„Биено“ сирење

Јагнешко во фурна

gradesnica-mariovo-10-furna-leb

 

Број на жители по години:

СТАТИСТИЧКИ   ПОДАТОЦИ за Мариовската нахија во Име на селото Градешница
Дефтер бр. 4 од 1476/77 Хане 100
Неженети 9
Вдовици 11
Годиш. приход 12092
Дефтер бр. 16 од 1481/82 Хане 109
Неженети  
Вдовици  
Годиш. приход  
Дефтер бр. 73 од 1519 Хане 147
Неженети 10
Вдовици 10
Годиш. приход 8414
Дефтер бр. 149 од 1528/29 Хане 141
Неженети 20
Вдовици 6
Годиш. приход 7848
Дефтер бр.232 од 1544/45 Хане 33***
Неженети! 7
Вдовици  
Годиш. приход 4070

 

  Вкупно Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Останати
Градешница (-) 1948 1 013 .. .. .. .. .. .. .. ..
Градешница (Старавина) 1953 1 085 1 085 0 0 0 0 0 0 0
Градешница (Мариово) 1961 1 019 1 016 0 0 .. .. 2 .. 1
Градешница (Битола) 1971 770 770 0 0 0 0 0 0 0
Градешница (Битола) 1981 687 679 0 0 0 0 0 .. 8
Градешница (Битола) 1991 157 157 0 0 0 0 0 0 0
Градешница (Битола) 1994 115 115 0 0 0 0 0 0 0
Градешница (Старавина) 2002 89 88 0 1 0 0 0 0 0
Фуснота:
Извор: Државен завод за статистика
Booking.com